Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
И јас сум пријавен на десетката, се гледаме, а Крали Марко ми е желба одамна ама немам ниедна планинска трка истрчано ниту планински тренинг направено, дека мака мачам со повреди па си викам бегај уште тоа ми треба :D
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
За другиве трки не знам.
За КМТ имам пишувано лани. Супер настан е. Станици за освежување снабдени подобро и од светски трки. Пределот за трчање - фантастичен, вулкански карпи, манастири... Маркирањето на патеките - солидно (има некогаш фрки, ама тоа е затоа што локалци знаат да ги тргнат лентите - тоа поретко се случува). Има дури и организиран превоз од Скопје до Прилеп.

Е сега, треба кондиција. Јас сум стандардно активен и трчам дистанци до полумаратон.
Сум трчал на трките од 16 и 31км. Оваа година не се пријавив и ми е криво...не знам зошто.
Ако сте загреани за трчање, праите комбинирани тренинзи со Водно во текот на наредната сезона, по асфалтот нагоре или кон Пантелејмон или најдобро кон Матка (онаа патека на која и е**а мајката со гасоводот) и ќе уживате.[DOUBLEPOST=1536736060][/DOUBLEPOST]
Веројатно на 10-километарската ќе идам, сакав и на Крали Марко, ама немав време да трчам планински, здравје понатака. Ноември ќе има во Штип планинска, можеби таму :)
Да, Струмина чешма трејл...мислам дека се вика така. Таа е една трка до 20км, не е како КМТ.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Маратонот во Берлин е специфичен. Сакам еден ден полумаратонот да го истрчам. Во добар период од тркачката сезона е, кога веќе влегува во есен сезоната и е тотално рамен, без денивелација. Затоа и претходниот рекорд беше таму, а и денеска Елиуд Кипчоге од Кенија го постави новиот светски рекорд од 2:01:39 - што е фантастично време. Ако не се лажам, Најки спонзорираше еден процес во кој овој маратонец требаше да постави време под 2 часа, што многу беше критикувано од јавноста која го следи овој спорт.
Пејсот е помалку од 3 минути по километар, што е лудачки според мене.
Секоја чест!

FB_IMG_1537116580875.jpg
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.807
Поени од реакции
10.917
Маратонот во Берлин е специфичен. Сакам еден ден полумаратонот да го истрчам. Во добар период од тркачката сезона е, кога веќе влегува во есен сезоната и е тотално рамен, без денивелација. Затоа и претходниот рекорд беше таму, а и денеска Елиуд Кипчоге од Кенија го постави новиот светски рекорд од 2:01:39 - што е фантастично време. Ако не се лажам, Најки спонзорираше еден процес во кој овој маратонец требаше да постави време под 2 часа, што многу беше критикувано од јавноста која го следи овој спорт.
Пејсот е помалку од 3 минути по километар, што е лудачки според мене.
Секоја чест!

Прегледај го приврзокот 196851
Партали секоја чест! Иначе за 30 секунди не го турнаа под два часа тогаш со Најк, два часа и триесет секунди истрча, што ќе беше на секако неофицијален рекорд.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Пејсот е помалку од 3 минути по километар, што е лудачки според мене.
Најјако е што ова ми звучи лесно изводливо и си велам, „е добро де шо, треба само 2 пати побрзо да трчам од моето просечно трчање“ xD
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Најјако е што ова ми звучи лесно изводливо и си велам, „е добро де шо, треба само 2 пати побрзо да трчам од моето просечно трчање“ xD
Па ако влезеш у многу активна фаза после долги години трчање и стигнеш до некој оптимален праг, некој пејс што често го држиш и ако почнеш на тоа да работиш за да го поправиш - тогаш 5 секунди ти личат дека се невозможни. Така да, ова дупло не значи баш тоа. Се поправа со спринтови и вежби на корпус, посебно стомачни и чучњеви и нормално, намалување на килажа.
Смешно е да се споредуваме со овие. Баш во Скопје кога доаѓаат ги гледам. Во корпусот скоро да немаат никаква мускулатура, многу се слаби и прилично високи, со голем чекор.
Инаку, рекордов е подобар за 78 секунди од претходниот што и не е баш малку. Нели секогаш останува прашањето до каде може да се оди со подобрување на времето.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Чисто за споредба, истиот пејс што братов го држел на маратон т.е. на факинг 42 километри, најдобрите македонските атлетичари можат да го држат на 1км/1.5км. Веќе на 3км се има полош пејс. Што нормално не кажувам дека сме тиња атлетичари, туку само да истакнам колку пејсот на Кипчог е нереален. И тоа не само на него, уште многу бесни брзи хиени ко него има со темна боја на кожата. Луда работа.

П.с. Денес учествував на Раштак треил трката. Би сакал да го пофалам организаторот за трудот, имаше после трката лепчиња со ајвар и сиренце да земеш, води/сокови/чоколадни млека ставени во буриња со мраз, чоколадца, благи. Локацијата и патеката беа доста интересни, но огромна дамка беше тоа што на многу места немаши маркирано каде да се движи (организаторите кажаа дека локалните жители ги тргале), и се случуваа бизарни ситуации да стоиме 5 минути во место да не знаеме каде да тргнеме, па да се делиме да бара некој на една страна некој на друга, па да си викаме итн. За среќа јас и добро поминав бидејќи паметно не тргав никаде туку времето што го губев стоев во место, додека некои дечки истрчаа и по 7-8км повеќе од што ја утнале патеката. Дури имаше дечки што се жалеа дека некој локалец им кажал лево, а требало десно, и му поверувале мислејќи дека е од организација. Како и да е, бидна што бидна, за следната година предлагам да се обележи целата патека со траки (или барем деловите каде што се врти некаде) и на тие критични места каде што настанаа забунтие да пратат бар едно дете со точак да насочува. Сепак 6.7км не е толку огромна дистанца да не може да се покрие. Со среќа следна година во организација Раштак треил!
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
на многу места немаши маркирано каде да се движи (организаторите кажаа дека локалните жители ги тргале)
Оу јес, посебна стока се тоа локалците, верувај ми. Ги читам коментарине од УТМБ, кога алпите живеат за тој настан и има луѓе у 5 сабајле што навиваат низ Шамони, а овде „кандидатите за ЕУ“ се бават со такви срања, иако организаторот секогаш, секогаш си ги собира лентите и не остава ѓубре зад себе. Ова со маркациите се случуваше на Шара, Прилеп...секаде...гној од народ сме, гној...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Треба многу цврсто торзо за резултат во трчање, можам ако сакате да ги прикачам некаде вежбите што ги правев јас додека пливав активно, помагаат и во двата спорта. Поради нив мене а и на куп пливачи до ден денес главата како насадена ми изгледа, 100 пати помала ми е од телото.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Можеш уште да се пријавиш @Almeida само без подарок од организаторот
Трчаше ли?
Викендов беше невиден пекол во Прилеп. Последниве неколку години е многу топло, ама сега идеше и над 35, ужасно тешко за трчање.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.233
Поени од реакции
4.409
Трчаше ли?
Викендов беше невиден пекол во Прилеп. Последниве неколку години е многу топло, ама сега идеше и над 35, ужасно тешко за трчање.
Не
Имав уплатено за 34к, али оббрска итна излезе :D
Лани трчав 31 не баш спремен 5 саата ме фати влечкањето, а пекол беше иако беше 23-24 степени у 2 саат сомцето печеше поцрнев повеќе од на плажа кога одам.
Можам да замислам годинава како било на 33+ :D
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Не
Имав уплатено за 34к, али оббрска итна излезе :D
Лани трчав 31 не баш спремен 5 саата ме фати влечкањето, а пекол беше иако беше 23-24 степени у 2 саат сомцето печеше поцрнев повеќе од на плажа кога одам.
Можам да замислам годинава како било на 33+ :D
Не се сеќавам дека било вака топло порано. Убаво си го праеа околу 11 октомври околу празникот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom