Тромбоцитопениа

Член од
10 мај 2021
Мислења
1
Поени од реакции
9
Здраво на сите. Нов сум од причина зошто имав проблеми со ќерка ми 2,5 годишна возраст , пред да ја прими последната ревакцина од (редовните вакцини за деца за да ги завршиме за упис во градинка) во систина направивме крвна слика и откривме ниски тромбоцити околу 50 и бе, со тоа што веднаш по неколку дена повторно направивме крвна слика и бевме и ние и докторите шокирани што и паднаа на 16 со што ја премина границата под 20 и веднаш ни препорачаа хитна хоспитализација... остана жена ми со малата ги згрижија 5 дена со кортико терапија, во меѓувреме имаа испитувања ( коскена срж, корона тест, и некои други) со тоа што бевме помалку загрижени дека ни рекоа дека е : некоја вироза која ја фатила и направила последица со губење на тромбоцитите и кое траеше неколку месеци постепено покачување и тоа : првите неколку недели на 40,па 50 и по првит месец до 120 да веднаш после тоа фаќа стомачен вирус и повторно паѓаат околу 40-50 ,повторно загрижени но бидејќи скоро 2 месеци прима кортико докторката хематолог др.Чоневска која не превзема во оваа приказна , реши да прекинеме со кортикото и се префрливме на витаминска терапија : C,D3 , B12 ,B6 i folna kiselina и промена на исхраната : кељ ,прокељ, зеленкасти свежи производи, риба и т.н
Се одеше пополека за после месец дена стигаме до бројка 74 и чекаме на времето да помине да се враќаат постепено , ВО МЕЃУВРЕМЕ неколку ноќи "копам" по форумите од регионот се изначитав разни лекови и искуства и нај чести оскуства беа планина или море на повеќе денови посета со што гледав да избегам со ќерка ми барем на неколку дена да превземам нешто , и покрај тоа што и со пандемијва и од телесни повреди( модрици гребаници и др.)беше тешко изводливо затоа што ни препорачаа да биде во изолација детето зошто лесно ке може да фати било каков вирус поради голем недостаток на тромбоцити.
Мај месец велигденски 4 дневен одмор со огроман иницијатива решив да одиме на планина но да биде повисока од 900метри надморска висина, се сместивме во Крушево на 3 дена на надморска височина од 1250метри се вративме со настинка сите тројца поради промената на климата зошто не бевме "мрднале"од дома година ипол , после 10 дена :3 дена температура на малата и 7 дена антибиотик Almacin, отидовме на контрола со страв дека повторно и паднале тромбоцитите , и бевме шокирани кога на крвната слика видовме бројка од неверојатни 336!
Моја препорака за сите со ваков проблеме планината од повисока надморска височина . Не ги оспорувам докторските мислења и делувања но сепак вреди да се проба све за своето дете.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.518
Поени од реакции
62.367
Мило ми е што сте си го решиле проблмеот. Чист планиски воздух премногу помага во многу проблеми со ниски тромбоцити, дури и во малигни болести кои ги таргетираат баш тромбоцитите.
 
Член од
13 октомври 2023
Мислења
15
Поени од реакции
4
Zdravo batko isto i jas moeto dete koga pravev krvna slika za prv pat zabalezav trombociti 189 . Potoa posle 15 dena pak krvna slika opadnale za 10 . 179 . Inaku deteto imase temperatura potoa curenje nos i kaslica . Maticen doktor kaze da bilo vo red so krvnata slika dali e posledica virusto me zagrizuvaat trombocitite fala vi
 

Kajgana Shop

На врв Bottom