Трикови за стекнување многу лајкови на вашите слики или фан страни

outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
Сигурно сте се запрашале дали постои начин како да добиете многу лајкови на вашите слики, а притоа да не морате да ги принудувате вашите пријатели во порака преку фејсбук.


Пребарувајќи по интернет најдовме многу страници кои нудат продажба на вакви услуги. Проблемот со нив е тоа што доколку купувате вакви услуги за кратко време бројот на таквите лајкови ќе исчезне, а воедно и парите потрошени за тоа.

Причината е во тоа што фејсбук може многу едноставно и брзо да ги открие таканаречените „клик фарми“ и веднаш истите ги блокира. Па затоа ние сме овде да ви откриеме еден нов трик каде нема да морате да платите ниту денар. Пред кратко време на интернет се појави еден интересен и нов сервис под името SocialGainUP. Тој функционира на начин каде се врши размена на лајкови, шерувања, следбеници и т.н.

Принципот на работа се состои во собирање на поени кој истите потоа можете да ги користите за промовирање на вашата веб или фан страна, слика, твит, видео и слично. Да ја поедноставиме работата, процесот би бил следен... Креирате свој акаунт на www.socialgainup.com и кликнувате на содржините во ваш избор, а собраните поени потоа ги користите за ваши цели.

И што е најважно овој сервис не бара од вас да ја вметнете лозинката на вашиот фејсбук профил за да можете истиот да го користите, па затоа не плашете се за безбедноста. Пробајте го ова и оставете ги вашите пријатели да се прашуваат како вашите слики или постови се толку лајкувани од останатите. :)

Овој сервис можете да го користите и од вашите телефони но во моментот само за фејсбук лајкови. Да се надеваме дека во најкоро време ќе биде достапен и за останатите социјални мрежи.
 
Последно уредено:

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Поарно ќе платам неколку долара да ми достават 1.000 лајкови отколку да кликам тука ко јуткав и да собирам поени.
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.668
Поени од реакции
2.619
Колку беден треба да бидеш па да ги молиш луѓето за лике.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Прво заради Фејсбукот и сличните срања се уништи малскиот живот, топлината меѓу луѓето......., второ на човек што ќе му се 1000 лајка на слика, кога тоа се лајкови од лажни профили од Кина, Арабија, ваму таму........., трето мене ова ми изгледа нешто како мучка, нешто од кое или ќе си закачиш вирус на компјутерот или ќе си уништиш безбедност;):)
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Прво заради Фејсбукот и сличните срања се уништи малскиот живот, топлината меѓу луѓето......., второ на човек што ќе му се 1000 лајка на слика, кога тоа се лајкови од лажни профили од Кина, Арабија, ваму таму........., трето мене ова ми изгледа нешто како мучка, нешто од кое или ќе си закачиш вирус на компјутерот или ќе си уништиш безбедност;):)
Која глупоќа извира од тебе тоа е чудо на природата.
Глупост е ако тие лајкови ги користиш за твоја слика или за пост кој што си го напишал, бескорисни се, но има луѓе на кои што тие 1.000 лајкови многу ќе им помогнат, има луѓе кои што заработуваат од Фејсбук и секој лајк им е битен. И да, сигурно му е дојдено на некој да се замара на нет да прави вирус за ти да го закачиш...:eek:
 
G

garthok

Гостин
Чекај ова не ви делува извештачено? Боље да имаш 2 искрени лајка :) него 200 ради реда од некој си курајбери
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Која глупоќа извира од тебе тоа е чудо на природата.
Глупост е ако тие лајкови ги користиш за твоја слика или за пост кој што си го напишал, бескорисни се, но има луѓе на кои што тие 1.000 лајкови многу ќе им помогнат, има луѓе кои што заработуваат од Фејсбук и секој лајк им е битен. И да, сигурно му е дојдено на некој да се замара на нет да прави вирус за ти да го закачиш...:eek:
Која простоќа извира од тебе.
Зар не гледаш дека постојат луѓе кои се занимаваат со тоа колку лајка имаат на профилната, па за нив таман ќе биде нешто вакво..... али може и ти се еден од нив, па затоа се ти е Ок.
На крај и краишта кој што сака нека прави со профилната, тоа е негово право..., но јас само мислење си кажувам..... чоече;):)
 

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Абе нека имат и по 2 000 лајкови, ама курва си останува курва.
 
Член од
16 април 2012
Мислења
333
Поени од реакции
217
Дај бе не тресете глупости во темава, отворена е за луѓе што бркаат social media marketing или едноставно имаат свое интернет пристуство (било со продукт или сервис) и им треба помош во промоција. Употребата на вакви сервиси е превалентна во денешно време и дури и самиот фејсбук ги нуди платените лајкови директно од клик фарми од блиски исток.

Инаку ова е интересен концепт, меѓутоа не знам колку е исплатлив ако се измерат истрошеното време и заработените пари.
 
D

Dynamo

Гостин
Фејсбукот е една илузија,џабе ви се лајковите,сите ви ставаат лајк за да и вие им ставате лајк,оди да ве видам речи им здраво на пола и повеќе од тие што ти ставаат лајкови никој нема да ве поздрави.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
356
Поени од реакции
237
Поздрав до амебите.
Второ имаш страна со 1 милион ликес пуштиш пост од твој сајт на кој има реклами до кој ли да е сајтот ти е пуштен на валл на околу 10000 од тие 10000 700 го посетат сајтот 60 му стават лике(и фацебоок гледа дека ова е вирал пост го пушта на уште околу 100 000 луѓе 4000 му ставаат лике 2500 коментари 30000 посетители *1 долар од 1000 импресии х3 толку реклами смееш на сајт да имаш = пари, е затоа се курваат луѓето по ваше а не за на некој да му се допадне моето бикини или селфи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom