Триатлон

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
Triathlon-Training-Plans.jpg
Триатлон или тробој е спортски натпрвар во издржливот во која се застапени дисциплините пливање,велосипедизам и трчање. Триатлонот води потекло од Калифорнија од 1970 година, а во 2000 година станал составна дисциплина во рамките на Олимписките игри. Олимписките и светските шампионати во триатлон се состојат од пливање во должина од 1,5 км, возење велосипед на патеки долги 40 км и трчање на патека долга 10 км. Најпознатиот спортски настан е триатлонот Ајронмен, кој се одржува секоја година на Хаваите и се состои од пливање на 3,8км, возење велосипед на растојание од 180 км и маратонско трчање на патека со должина од 42,2 км.
https://mk.wikipedia.org/wiki/Триатлон

Текстот погоре е од збор до збор копиран од Википедија, околу дефиницијата, стандардите, категориите на овој спорт немам многу знаење затоа објавив директно копиран текст. Во кратки црти, но горе доле главните и најбитните карактеристики за спортот се објаснети во тектот од wiki, тема на разговор што ми е идеја да ја раширам и што е причина за темава е Тратлон во Македонија, околу вие формалности немам никакви информации и нека бидат прашања со кој ке пукне мразот на темава...
Имаме ли ние триатлон федерација ? Имаме ли натпревари кои редовно се одржуваат ? Колку е скапо занимавањето со вој спорт ?

Се што до сега на нет сум сретнал за триатлон е реклама за еден прозвод ми се чини додаток во исхрана, што го рекламираше еден дечко колку што се сеќавам се викаше Стојан и го претставија како првак во некоја Тратлон дисциплина. И оваа објава за ракометарите на Металург од пред 4 години што случајно ја запаметив па ја најдов http://www.telegraf.mk/zabava/sportshou/ns-newsarticle-27597-rakometarite-na-metalurg-se-natprevaruvaa-vo-trijatlon-foto.nspx

Низ призма дека веке подолго време имам некое скромно ниво на добра кондиција сакам да влезам во шема на стандардите и да се спремам за некоја од почетните категории, Има ли и други кајганџии заинтересирани да почнат со Триатлон или барем еднаш да учествуваат ?
 
Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Супер што некој се интересира. Од неодамна и јас се заинтересирав да пробам барем да настапам. Има два триатлон клуба во Скопје колку што знам, Тритонс и спорт клуб Софка. Треба да направиш преглед на спортска медицина и потоа да се зачлениш во некој од клубовите за да добиеш лиценца за натпреварување. Не сум сигурен дали има хоби класа, па да се испробаш без клуб и лиценца.
Еве ти шанса ако сакаш да се пробаш, следнава Недела е државно првенство во Триатлон во Преспа.

Јас сакав да се испробам, но немам никаков тренинг за пливање, така да ќе изгинам уште на старт. :D Па можеби во некоја наредна прилика.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Денес колку туторијали имате за пливање па и додатна опрема за тренинг, најмал проблем е :D
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
Супер што некој се интересира. Од неодамна и јас се заинтересирав да пробам барем да настапам. Има два триатлон клуба во Скопје колку што знам, Тритонс и спорт клуб Софка. Треба да направиш преглед на спортска медицина и потоа да се зачлениш во некој од клубовите за да добиеш лиценца за натпреварување. Не сум сигурен дали има хоби класа, па да се испробаш без клуб и лиценца.
Еве ти шанса ако сакаш да се пробаш, следнава Недела е државно првенство во Триатлон во Преспа.

Јас сакав да се испробам, но немам никаков тренинг за пливање, така да ќе изгинам уште на старт. :D Па можеби во некоја наредна прилика.
И мене пливање ме плаши и ме спречува иначе би се пријавил :D на фб профилот на федерација на мк видов дека минатава есен организирале и биатлон, само точак и трчање и тоа би го можел комотно ако категорииве се како на државново, како и да е ке следиме како ке се движат натпревариве и ке го билдаме пливањето (y)[DOUBLEPOST=1497993254][/DOUBLEPOST]Заборавив да ве прашам дечки... Дали велосипедот мора да е тркачки или може да се учествува и со маунт бајк ?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ако ви треба нешто помош за пливање, слободно.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
Ако ви треба нешто помош за пливање, слободно.
Илумиоус другар не ми е технички јасно спортското машко пливање, оноа правилното со глава под вода, да пливам машки знам добро, ама на вој начин не. Што е базата на ова пливање во што е финтата и како се мери тоа кога зимаш воздух кога испуштат, на колку удари ? Што работат нозете и дали ритамот на нозете се прилагодува на замавите со раката ?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Илумиоус другар не ми е технички јасно спортското машко пливање, оноа правилното со глава под вода, да пливам машки знам добро, ама на вој начин не. Што е базата на ова пливање во што е финтата и како се мери тоа кога зимаш воздух кога испуштат, на колку удари ? Што работат нозете и дали ритамот на нозете се прилагодува на замавите со раката ?
Нозете цело време треба да работат како перка од бродче, не смеат да се влечат ни за еден момент зошто така даваат дисбаланс на телото. Главата седи под вода, правиш 1, 2, 3 завеслаи, ја креваш од едната страна да земеш воздух, после пак 1, 2, 3 и ќе ти дојде главата да земе воздух од другата страна. Издишуваш во вода додека пафтаат рацете. Имам јас вежбано и со по 9 завеслаи ама тоа е веќе професионално нели. За почеток гледај после секои 100 метра испливани да земаш воздух и да издишуваш во вода едно 10-15 пати, полесно ќе ти биде да го воведеш телото во тој свет каде што се издишува во вода :)
На работа сум кога ќе дојдам дома ќе ви поставам туторијали добри за почетници.
 
Многу ти фала.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Многу ти фала.

Еве час по фристајл со Нејтан Едриен, во топ 5 пливачи на 50 и 100 метра фристајл во моментов :) Нема некоја тешкотија во слободниот стил, само дишењето да се изрегулира и да се има концентрација нозете да работат цело време, така им е полесно и на рацете да генерираат повеќе сила во завеслајот. Може ви изгледаат многу 800 метра пливање ама @Peja989 еве нека пише најсигурно, мислам дека за месец - два пливање успеа да дојде до состојба да плива километар без да застане :)
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Не можам да кажам дека без проблем си пливам по 1км оддеднаш ама ако осетам пример замор, правам 50 метри градно (женски по нашки кажано) и си сврзувам со 300 метри краул и така пак, ако осетам замор се разбира. Иначе, без форс, само лаганица и правилно вдишување/издишување.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
На автопат Велес-Штип некаде после Св. Николе, на голем билборд пишува Probistip Macedonian IronMan. Не сум го разгледал од близу само сум го забележал во движење, некоја информација повеќе ?
 
Член од
22 април 2013
Мислења
100
Поени од реакции
91
Супер што некој се интересира. Од неодамна и јас се заинтересирав да пробам барем да настапам
..
Не сум сигурен дали има хоби класа, па да се испробаш без клуб и лиценца.
Друже се проба ли во овој спорт? Ме интересира и дали може да се настапи без клуб/лиценца? Гледам на резултатите од триатлон настани во Македонија има категорија која се вика Рекреативци, можеби тоа е?
 
Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Друже се проба ли во овој спорт? Ме интересира и дали може да се настапи без клуб/лиценца? Гледам на резултатите од триатлон настани во Македонија има категорија која се вика Рекреативци, можеби тоа е?
Се пробав во дуатлон. Но може без клуб/лиценца и во триатлон, без гајле.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom