- Член од
- 24 мај 2014
- Мислења
- 5.295
- Поени од реакции
- 5.860
Триатлон или тробој е спортски натпрвар во издржливот во која се застапени дисциплините пливање,велосипедизам и трчање. Триатлонот води потекло од Калифорнија од 1970 година, а во 2000 година станал составна дисциплина во рамките на Олимписките игри. Олимписките и светските шампионати во триатлон се состојат од пливање во должина од 1,5 км, возење велосипед на патеки долги 40 км и трчање на патека долга 10 км. Најпознатиот спортски настан е триатлонот Ајронмен, кој се одржува секоја година на Хаваите и се состои од пливање на 3,8км, возење велосипед на растојание од 180 км и маратонско трчање на патека со должина од 42,2 км.
https://mk.wikipedia.org/wiki/Триатлон
Текстот погоре е од збор до збор копиран од Википедија, околу дефиницијата, стандардите, категориите на овој спорт немам многу знаење затоа објавив директно копиран текст. Во кратки црти, но горе доле главните и најбитните карактеристики за спортот се објаснети во тектот од wiki, тема на разговор што ми е идеја да ја раширам и што е причина за темава е Тратлон во Македонија, околу вие формалности немам никакви информации и нека бидат прашања со кој ке пукне мразот на темава...
Имаме ли ние триатлон федерација ? Имаме ли натпревари кои редовно се одржуваат ? Колку е скапо занимавањето со вој спорт ?
Се што до сега на нет сум сретнал за триатлон е реклама за еден прозвод ми се чини додаток во исхрана, што го рекламираше еден дечко колку што се сеќавам се викаше Стојан и го претставија како првак во некоја Тратлон дисциплина. И оваа објава за ракометарите на Металург од пред 4 години што случајно ја запаметив па ја најдов http://www.telegraf.mk/zabava/sportshou/ns-newsarticle-27597-rakometarite-na-metalurg-se-natprevaruvaa-vo-trijatlon-foto.nspx
Низ призма дека веке подолго време имам некое скромно ниво на добра кондиција сакам да влезам во шема на стандардите и да се спремам за некоја од почетните категории, Има ли и други кајганџии заинтересирани да почнат со Триатлон или барем еднаш да учествуваат ?