Третирање на калцификати во организам

Член од
30 септември 2015
Мислења
318
Поени од реакции
432
Искуства со третирање на калцификати во организам, исхрана за истите, лекови, ублажување на последици етц етц...
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Витамин Д3 по 2000 ie и јаче, Магнезиум 400 мг, К2 мк7 180 микро грами...јадење храна со малку калциум. Иако мислам нема студии кои покажуваат бенефит, би се бањал у када секој ден по саат време со по две раце внатре епсом сол(од тука зимам, незнам дали има кај нас поголеми количини).
Би ги растеретил бубрезите од многу работа со соодветна исхрана и хидрација....претежно со plant based diet.
 
1. Разслика од Д и Д3?
2. К2 што преставува ознаката “мк7“
3. Препорака за стручен Нутриционист, кој ќе состави исхрана базирана контра калцификацијата?
 
D2 е ѓубре, D3 e ok. K2 MK-7 е витамин К кој го регулира транспортот на калциумот во крајните делови на телото односно коските.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Витамин Д3 по 2000 ie и јаче, Магнезиум 400 мг, К2 мк7 180 микро грами...јадење храна со малку калциум. Иако мислам нема студии кои покажуваат бенефит, би се бањал у када секој ден по саат време со по две раце внатре епсом сол(од тука зимам, незнам дали има кај нас поголеми количини).
Би ги растеретил бубрезите од многу работа со соодветна исхрана и хидрација....претежно со plant based diet.
... не може така да се каже„ јадење храна со малку калциум“ пред да се докаже самиот организам дека има висока вредност на калциум (хиперкалцемија), зарем ќе се лиши организмот од калциумот од исхрана што е важен за многу процеси во телото, па поради невнесување на калциум со исхрана, телото да се „снаоѓа“ да ја извлече резервата на калицум од коските и забите, па да се појават други болести како остеопенија, остеопороза или расипување на забите!?

Calcified-shoulder.jpg kalcifikat-u-ramenu-p.jpg

... на пример за калцификат на рамо, каде точниот механизам на создавање не е познат, но може една од причините да биде поради неснабдување на крвниот сад со крв (исхемија) сместен во рамото неподвижност на рака), калцификација внатре во тетива може да создаде акутно воспаление проследено со силна болка на рамото што ете не е последица од калциумот токму тој од исхрана нит од присутниот калциум во организмот, а од друга страна ќе се одбегнува внес на калциум без докажана концентрација во телото не е баш паметно!

images.jpgop.jpg images.jpger.jpg calcinosis2__ProtectWyJQcm90ZWN0Il0_FocusFillWzI5NCwyMjIsIngiLDFd.jpg
...калцификатот (calcinosis) создаден во организмот може да биде причина на таложење на вишокот на калциумот таму каде што не треба (хиперкалцемија), но не мора да биде секогаш случај, затоа без лабораториски анализи на калциумот кој секогаш е поврзан со Вит Д, не треба да решиме за намалениот внес на истиот со исхрана!

6.jpgert.jpg
...јас имав таков ситен калциферат „шилец“ на стопалото (последица од спортска нагла неактивност), а калциумот лабораториски секогаш ми бил низок и сега таман работа да го „избегнувам“ мислејќи дека тој калциферат на стопалото се од вишок на калциум?
..., без анализи, без РТГ снимка не се носи решение ниту да се лиши некој од нештото во исхрана, ниту пак да се додаде нештото дополнително со суплименти!
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
... не може така да се каже„ јадење храна со малку калциум“ пред да се докаже самиот организам дека има висока вредност на калциум (хиперкалцемија), зарем ќе се лиши организмот од калциумот од исхрана што е важен за многу процеси во телото, па поради невнесување на калциум со исхрана, телото да се „снаоѓа“ да ја извлече резервата на калицум од коските и забите, па да се појават други болести како остеопенија, остеопороза или расипување на забите!?

Прегледај го приврзокот 263910 Прегледај го приврзокот 263928

... на пример за калцификат на рамо, каде точниот механизам на создавање не е познат, но може една од причините да биде поради неснабдување на крвниот сад со крв (исхемија) сместен во рамото неподвижност на рака), калцификација внатре во тетива може да создаде акутно воспаление проследено со силна болка на рамото што ете не е последица од калциумот токму тој од исхрана нит од присутниот калциум во организмот, а од друга страна ќе се одбегнува внес на калциум без докажана концентрација во телото не е баш паметно!

Прегледај го приврзокот 263925 Прегледај го приврзокот 263926 Прегледај го приврзокот 263927
...калцификатот (calcinosis) создаден во организмот може да биде причина на таложење на вишокот на калциумот таму каде што не треба (хиперкалцемија), но не мора да биде секогаш случај, затоа без лабораториски анализи на калциумот кој секогаш е поврзан со Вит Д, не треба да решиме за намалениот внес на истиот со исхрана!

Прегледај го приврзокот 263929
...јас имав таков ситен калциферат „шилец“ на стопалото (последица од спортска нагла неактивност), а калциумот лабораториски секогаш ми бил низок и сега таман работа да го „избегнувам“ мислејќи дека тој калциферат на стопалото се од вишок на калциум?
..., без анализи, без РТГ снимка не се носи решение ниту да се лиши некој од нештото во исхрана, ниту пак да се додаде нештото дополнително со суплименти!
Нека направи испитувања во секој случај...суплементацијата што функционира е таа.
 
Член од
30 септември 2015
Мислења
318
Поени од реакции
432
Испитувања направени, калцификатот присутен секаде, спречен срцев удар со стент заради калцифициран дел од крвен сад кој што влегува во срце...е сеа, у ситуација и кога најголемите експерти у државава не те упатуваат кон решение, мораш сам да се снаоѓаш. Калциум од лабороторија со HIGH вредност (онаа болничка лабороторија, не овие крв што зимаат во здравен дом/поликлиники). Јас кога би донесувал одлука (пошто не е за мое здравје) би се базирал на исхрана, пошто реално некаде тој калциум треба да оди, ама не оди кај што му местото (некаков заебан метаболички процес)...
вака дечки, не сум медицинско лице, ама човек сум што брзо капира работи ...
матичен ти виели “еј абе тоа е цела биолгија како настанува калцификатот“
специјалист д-р кардиолог “дојди за 3 месеци на контрола, може ќе треба бајпас“...факинг никој не ти кажуе дека калцифицирани крвни садови се проблемот за све. Од тука, поука и логика е дека треба намален, а не исклучен внес на Калциум во организам, пошто очигледно прави проблеми... знам дека Mg e неутрализатор на истиот, па ќе советувам започнување со внес на Mg... нус појави кои се со внесот на Мг (освен дијареа) ???
Барам уште совети и искуства на темава. Артерио склероза не е заебанција, може да е присутна секаде. Фала и досега на инфорамциите.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
... дали испитале Вит Д, фосфати кои се поврзани со метаболитно нарушување на калциум? претежно вишокот во органзимот на фосфати и витамин Д(суфицит) може да дадат таква последица на хиперкалцемија и депонирање на калциум таму каде не треба на пример во меко ткиво, потоа некоја хронична бубрежна инсуфициенција која може да даде високо ниво на паратироидниот хормон и на фосфати како еден од факторите за појава на синдром на калцификација на крвните садови, тромбоза или формирање на згрутчување во крвните садови, за такви испитување ништо не спомнуваш, а се задржуваш само на магнезиум како неутрализатор, што терапија прима?
...примена на калциеви антагонисти кои ќе го спречи внесот на калциум во клетките (дилтиазем) се применува при такви состојби на „calcinosis“ ...тешко да најдеш одговор на форум, а кардиолозите некако ја лечат последица не се замараат за причината, ќе дадат терапија и толку...а од што како... некако не се спремни, барем поголемиот дел од нив!
 
Член од
30 септември 2015
Мислења
318
Поени од реакции
432
се е точно како што кажа во целост...прашање е каде да продолжам испитувања во ситуација кога матичниот ми вика “ тоа е цела биологија“ а кардиолозите само фиксираат проблем за одреден период?
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
се е точно како што кажа во целост...прашање е каде да продолжам испитувања во ситуација кога матичниот ми вика “ тоа е цела биологија“ а кардиолозите само фиксираат проблем за одреден период?
За да се направи калцификат на крвниот сад морало да има подлога од наталожени масти. Постои можност и да е проблем со бубрезите, моја препорака е да се обратите за консултација во Срце, имаат одличен тим интернисти.
 
Член од
17 ноември 2013
Мислења
29
Поени од реакции
106
Сите што ја пиеме водата од чешмата порано или покасно ќе се соочиме со проблеми од типот на калцификација. Би ти препорачала да разгледаш филтри за прочистување по принцип на реверзна осмоза. Околу 250еу се, плус додатно ќе имаш трошкови околу одржување, но се исплати кога се работи за здравје.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Водата има само некои 50мг калциум на 1L и е далеку од главен фактор.

Диета/исхрана
Дијабет
Висок притисок
Срцева болест
Недостатокот на Vit D, magnesium, K2, boron се исто така фактор.

Најчесто горните 4 поминуваат недијагностицирани се додека кондицијата не прогресира значајно, за нивна правилна дијагноза потребни се понапредни биохемиски анализи кои не се препишуваат на матичен па дури ни кај интернисти.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Третирање, само операција најчесто
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Недостатокот на Vit D, magnesium, K2, boron се исто така фактор.
... мојот долгогодишен низок калциум и покрај внесување на храна богата со калциум, суплименти со калциум, Вит Ц, никако не можев да го нормализирам се додека не внесов секојдневно ВитД3 ( што после лабораториски анализи докажав дека ми е на многу ниско ниво),
НО ?

Kalcifikacija-krvnih-sudova.jpg cholesterol2-1024x549.jpg

...внесувањето на Витамин Д како суплимент е оправдано само кога се има докажан недостаток (дефицит) и само под строга контрола додека не се дојде до оптималната вредност на Вит Д, ништо повеќе, оти се неконтролиран внес на Вит Д се оди кон друг несакан правец на „суфицит“- вишок на Витамин Д што би предизвикало акумулција на калциумот -хиперкацемија, а со тоа по извесен период појава на калцификати низ цело тело,

images.jpg ANGIOPLASTIA-CORONARIA.png unnamed.png

..калцификацијата е добра за коскеното ткиво, но лоша е за мекото ткиво насекаде во телото, а најчесто во крвните садови каде како сите други витамини и минерали и калциумот се транспортира и доколку наиде на обложени со штетни маснотии (холестерол) крвни садови истиот се таложи над нив што всушност со години овој процес доколку не се превземе мерки се претвора во болест т.н. атеросклероза, со што доведува до кардиоваскуларни болести, како што е коронарна болест на срце што спомнува членот погоре во својот коментар на ситуација на близок, со поставување на стент!

cholesterol-in-artery-health-risk-design-vector-25338070.jpg HYPERTENSION.jpg

....кај машката популација, акумулацијата на калциумот може да почне уште во младоста, посебно кај тие што фаворизираат суплименти на база на калциум, што не им се потребни ако не докажат недостаток, мислејќи дека може да придонесе за здравјето, па ги пијат на своја рака што напротив даваат обратен ефект,
...кај женската популација проблемите со калцификати т.е. акумулацијата на калциумот во млади години не е застапена, барем до менопауза некако се заштитени поради естогенот, штом падне естрогенот во женскиот организам се појавува проблеми со нарушен метаболизам на калциумот манифестирано со остеопороза и кацификати во крвните садови,
...пушењето, физичка неактивност, како и долг временски стрес се едни од ризик факторите на дисбалансот на калциумот, потребно е умореност и со алкохол и кафето, следење на функцијата на бубрезите е важен сегмент за оптимална концентрација на калциумот, затоа што организмот не сака да има недостаток на витамини и минерали, но не сака да има ниту вишок од истите!
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Вишок на вит Д кој е безмалку невозможен се регулира перфектно кога истиот се внесува со MK7 + Magnesium & boron, читај што цитираш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom