Поздрав, јас ги знам скоро сите вежби за во домашни услови бидејќи вежбам само дома.
Гради и трицепс - се знае, склекови. Со зближени раце, со раширени раце, со подигнати нозе, со една рака, на тупаници, на прсти, со отскоктување итн. Може да додадете и тежина на грбот.
Грб и бицепс - Pull ups и chin ups. Потребно е вратило, доколку немате можност да зашвајсувате некаде шипка, јас ви го препорачувам
ова. Го имам веќе некое време и одлично е. Исто така можете на нозете да врзете тег или камења
Рамо - доволно е едно тегче за сите вежби за рамо - предно, средно и задно. А доколку знаете стој на раце, тогаш тоа е најдобрата вежба, застанете на раце и правете склекови, подобра вежба за рамо нема.
Нозе - За нозе чучњеви, со две и со една нога, подигање на прсти,
ова, трчање, скокање, трчање по скали, буквално милион вежби, се разбира и овде може тежина да додавате.
Стомачни - просто, стомачни, или висете за вратилото и подигајте ги нозете, ако имате и онакво тркалце ab wheel тоа е супер.
Има и многу други вежби, но овие се основните