Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.171
- Поени од реакции
- 34.298
Форумџии, ми дојде една интересна идеја...
Не знам за вас, ама мене ми иде на нерви кога ќе налетам на убава песна без видео спот, додека фаци како „Гулабица“ и Драганче од Лескоец исфрлаат по 10 видео записи годишно. Дали сакате да избереме одредена (македонска или странска) песна која нема видео запис и да тренираме малку снимање видео, пост-продукција и зошто да не - актерство? Знам дека на форумов има доста Кајганџии со актерско искуство (добро, повеќето како статисти), но исто така знам дека има луѓе со долго искуство во фотографијата и филмографијата, па ако немате попаметна работа и сакате малку да се забавуваме, бујрум, пријавете се тука.
- Давајте предлози за интересни траки кои би сакале да добијат видео издание;
- Кажете со каква опрема располагате и би дале свој придонес во проектот;
- Ако сте заинтересирани за актерските улоги, фино би било да закачите фотографија за режисерот (или режисерите - кои дополнително ќе се утврдат) да знае во кој дел од проектот би можел да смета на вас;
- Имате искуство со пост-продукција? After Effects или Final Cut гуру?
- Се останато (идеи, предлози, сценарија, интересни локации за снимање и тн.);
И? Како ви се чини?