SANCTIMONIOUS
Мејд Ин Мацедониа
- Член од
- 21 март 2006
- Мислења
- 1.302
- Поени од реакции
- 9
Овде пишувајте за тренерите во македонските клибови..
Кој е најдобар според вас
Кој највеќе ви скока по живци
Кој е вистински лузер
Кој треба да биде заменет
Кој тренер највеќе му одговара на некој клуб
Како и шпекулации за трансфер
ЈА ОТВАРАМ ТЕМАТА СО КУКУЛЕКИДИС (СТРУМИЦА 2005)
После поразот од Фершпед Кукулекидис изјави:Ќе си одам, ама со титула!
"Не можам да сфатам како сите судии се од Скопје, тоа го нема никаде во Европа... Моја беше одлуката Богоев да шутира "тројки" во последниот период.
Во само три дена две "паѓања" за кошаркарите и стручниот штаб на Струмица 2005. По домашниот пораз од Вардар Осигурување, струмичани ја прекинаа и блескавата низа на победи на гостувањата.
Не ја издржаа последната минута од супер-дербито против Фершпед Работнички. На крајот останаа пократки за шест поени (68:74).
Но и покрај новата загуба, втора во петте кола од Супер-лигата, таа не внесе немир кај првиот стратег на "зелено-белите", Стратос Кукулекидис.
"Честитки за победата на домаќинот. За мене овој меч не решаваше ништо зашто ние целта веќе ја исполнивме со пласманот во плеј-офот. Искрено, веќе не ми е важно на кое место ќе завршиме. Распоредот во продолжението ни е лесен. В сабота играме против Фени Индустри, и тој меч го сметам за добиен. Во секој случај, како и да е, формата ја темпираме за доигрувањето"- коментира Гркот на клупата на струмичани.
И на ова дерби беше видливо дека Струмица 2005 игра со доста осцилации, особено во второто полувреме. Но и тоа не е загрижувачки за Кукулекидис и неговите играчи.
"Што се однесува до осцилациите, особено во последната четвртина на овие два последни натпревари, јас не сум загрижен. Пред с$ затоа што пробуваме некои варијанти во нападот. Дури моја беше одлуката Богоев да шутира 'тројки' во последните минути".
Она што Кукулекидис не може да го прифати е лошата "селекција" на судии, не само за овој натпревар.
"Имам замерка до судиите, како и за казната од 30.000 денари. Пред се затоа што под лупа е само моето однесување во оваа лига. Видовте и сами што правеше играчот број 10 од противничката екипа. Личеше ли тоа на цивилизациски чин од еден играч, плус репрезентативец? Не го сфаќам и тоа како може сите судии да бидат од Скопје и тука и во Струмица. Тоа го нема никаде во Европа. А згора на се, судиите дозволуваат противникот да игра одбрана со нас како да сме животни"- признава Кукулекидис." Не сакам повеќе да коментирам за да не ме казни комесарот повторно. Ама, нема врска, Струмица е богат клуб, па ќе плати. И нема да си одам. Пардон, ќе си одам дома ама откако претходно ќе освојам титула"- го заклучува дербито во "Градски парк", шефот на стручниот штаб на лидерската екипа во Супер-лигата.
извор