Трендови во МК медиумите од кои ни се кења

Член од
28 март 2006
Мислења
17.690
Поени од реакции
12.082
Да, моја грешка. Октиси, мислев на Отишани, веднаш се до граница. Енивеј, како што ги грешат написите за Бутел и Север така и овие селава.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.532
Поени од реакции
21.402

“Но деталите го привлекуваат вниманието, како на пример истите маици на двојката. Кооординирани со стилот, носат маици со потпис на автомобилскиот гигант BMW. Овие маици се изработени од 100% памук и многу се пријатни за носење, а се дел од галантеријата на облека која ја нуди брендот. Според официјаните страници на BMW и оние кои ја продаваат облеката од бредот, поло маицата на Заев чини 41 евро, или 49 долари или 2.500 денари„

“А, таа на Зорица е нешто поевтина и чини 19 евра или 1.100 денари„



:facepalm:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
оффнет ги ругаат сите други портали ама затоа не пропуштија да објават дека Бетменот татко станал. Настрана приновата, не коментирам ама арно им имаше пишано еден поранешен Кајганџија - мислев дека ова ви е од рубриката стигнавме на дното :icon_lol:
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.470
Поени од реакции
5.473
Да, моја грешка. Октиси, мислев на Отишани, веднаш се до граница. Енивеј, како што ги грешат написите за Бутел и Север така и овие селава.
Или кога ќе кажат „Населба Јане Сандански“...
Или пак кога нема да напраат разлика од Чаир, Топанско, Топана и Скопје Север...
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129

Ставиле наслов: Арсенал му посака добредојде на Салах.

Од самиот наслов луѓето ќе помислат станува збор за Мохамед Салах еден од најдобрите фудбалери во светот и реално би била сензација тој од шампионот на Англија Ливерпул да се пресели во моментално просечниот Арсенал, а кога ќе се отвори линкот, во текстот пишува дека се работи за некој тинејџер Салах Един.

Ретко некој од медиумите кога пишува за јавни личности да пишува во насловот само за името на таа некоја личност, а во случајов на тој млад тинејџер името му е Салах а не му е презимето Салах. Се знае во наслов се пишува или само презиме или се пишува заедно и име и презиме, а вака несериозни се кога ставиле само името на тој млад играч тинејџер.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Што те буни?

Решиле да објават статија за најмладиот пациент со Ковид. Прашале и добиле одговор дека тоа било 2 неделно бебе, примено пред 1 месец. Така и пишале. Не дека имам некаква намера да го оправдам текстот и знам дека на прв поглед изгледа нелогично, ама добро е да се размисли пред да се тера сеир :)
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Што те буни?

Решиле да објават статија за најмладиот пациент со Ковид. Прашале и добиле одговор дека тоа било 2 неделно бебе, примено пред 1 месец. Така и пишале. Не дека имам некаква намера да го оправдам текстот и знам дека на прв поглед изгледа нелогично, ама добро е да се размисли пред да се тера сеир :)
Малку хумор со мемето,ама добро е и што појасни :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.528
Поени од реакции
34.678
Што те буни?
Решиле да објават статија за најмладиот пациент со Ковид. Прашале и добиле одговор дека тоа било 2 неделно бебе, примено пред 1 месец. Така и пишале. Не дека имам некаква намера да го оправдам текстот и знам дека на прв поглед изгледа нелогично, ама добро е да се размисли пред да се тера сеир :)
...кога го видов исечокот додуше „не ми се кењаше“ :)
ама си реков мора да го поставам може некој ќе прочита па ете ќе превземе мерки за „поправилно“ пишување по портали, а сеир не собирам за нешто што е трагедија за сите нас ...како општество, вакво пишување е неуспех за сите нас!:(

... кој ја објави статијата? некој од форумов? од Фб, твитер рандом некој?
Не! Тв Канал 5 , јавен медиум кој не смее вака ниту да пишува ниту да се изрази, не е проблемот што ние ќе претпоставиме колкаво е бебчето, колку на нивно неодговорно непрофесионално новинарско пишување, за ваква професија треба некој факултет, новинарство ли? или ај од улица ќе собираме било кој, па пиши брат како сакаш... не може така, треба да има одговорност за тоа што и како се пишува, не е поентата да замислуваме и да претпоставуваме!
...инаку доста ги трпам секој ден новинариве претежно тие што се јавуваат од терен со тоа нивното „а“..„а“ „а“..„а“...пред секој втор збор, и со неправилно дишење додека „зборувааат“ мислиш трчал спринт, ќе се удават во сопствен здив и плукајнца, за да биде некој новинар вака на јавен ТВ медиум, треба да научи нешто околу ораторство, да има дикција, течно рамномерно зборување, правилно дишење при искажување на секоја реченица, со смислени паузи каде нема да се слушне ништо ниту тоа стенкање од „а“, „а“ „а“...
... тој што прелетал низ новинарските студии, инаку би требало да напише:
„пред еден месец во болница примиле бебе старо само две недели како најмлад пациент позитивен на коронавирус“ (y)
Добро де, пред еден месец кога го примиле имало 2 недели :)
Makedonskiot jazik e bugarski dijalekt.Ako preveduvas na bugarin na angliski samo ce go iznerviras.
... добро де, ај како ќе го разбереме ова, читајќи го само коментарот без претпоставки „сакал да каже“, „мислел да каже“...оти ако мислел морал да цитира, наводници да применува интерпункциски знаци, било што... ете утре овој член на форумов, може да биде новинар на пример во јавен медиум, ако напише вака што би можеле ние читателите да разбереме? :(
 
Последно уредено:
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Се случува: Велешанка наместо со сопругот ја венчале со сведокот

Во насловот пишале „Се случува“ а во текстот пишува:

Една анегдота се врти низ велешката чаршија, за која немаме потврда дали навистина се случила, но секако, дури и како анегдота, е одлична за почеток на следната анализа за коронакризата, наталитетот и бројот на бракови и разводи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom