Трендови во МК медиумите од кои ни се кења

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Порталите кои ти ги спомнуваш, барем се доблесни да си признаат. Не е тоа некое витештво, туку ете, си кажуваат. Ги знаеме и јас и ти кои се такви и не ги отвараме (јас барем не ги отварам).
Од офф најчесто ми праќаат линкови пријатели и го отварам, го читам се' до оној момент кога приметувам дека суптилно се сервира ѓубре. Последниве 3-4 години не е ни суптилно, туку примитивно, апла. Суптилно беше кога му беше неговата политичка опција на власт.

Своевремено, линковите што му биле интересни, а не стигнал да ги преведе ги имаше од левата страна во еден sidebar (да го наречам), а сега у нив налетуваш и на линкови од плусинфо од типот „Тебе ќе те прашаме“, а на линкот муртинецот нешто кажуе.

Ако тоа не ви смета со анон, неам јас проблем - мене ми е „Тренд од кој ми се кења“.
Автоматски споено мислење:


Овој момент сум го заборавил, ама апсолутно ДА.
Мада тоа е веќе во друга сфера. Тука го хејтаме политичкиот активизам. Отсуството на харизма и ораторство беше евидентно, нормално за тој што може да примети.

@Anon Ќе приредам огномет кога ќе заземеш став по согледување, анализа-синтеза, отколку по лични препирки со форумски членови......и да, отприлика никогаш ќе се деси тоа.
И моментот што од под негова закрила се изнедрија онакви интелектуални гиганти од калибарот на агитаторот и потпалувач на народот и поетот во (вечно) неуспешен обид, укажуваат на неговата неспорна големина, објектнивност и менторство. Ако такви ни го обликуваат мислењето како народ, реално тешко нам.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
@Anon Ќе приредам огномет кога ќе заземеш став по согледување, анализа-синтеза, отколку по лични препирки со форумски членови......и да, отприлика никогаш ќе се деси тоа.
За разлика од тебе јас не сум експерт на сите полиња и се држам до тоа што знам и сакам да „анализо-синтезувам“.
Во бакет листот дефинитивно не ми е разработка на македонските медиуми, и нивните политички симпатии ИАКО отворив токму таква тема.
Иначе, кратко, се сложувам со напишаното на @Io Sono Interista и дополнително сметам дека 90% од хејтот што го имаш кон Трендо е затоа што те вработи СДС и чувствуваш потреба да ги браниш а овој ги плука пошо баш се за плукање. А и онака таков лик си, самобендисан и самопрогласен експерт и лесно критикуваш се и сешто. Многу ретко офф.нет ги поминува моите замислени граници за толеранција.
 
Последно уредено:
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Многу години наназад го читкам оффнет и Трендо е дефинитивно прилично интелигентен лик. Најмногу ми се свиѓаа насловите и коментарите на секојдневни глупости и некои од нив беа брилијантни (сеуште се).
Голем број на критики и поплаки кон Трендо потекнува од желбата на повеќето од нас да не олабават со нивни лични мислења и мешање на политика во секоја можна глупост.
Искрено баш ме заболе дали Трендо е оштетен со намален број на реклами и кој повеќе му плаќал (а суштината е секогаш некаде околу парите а не околу идеологијата и тука не си го мамите умот).
Има убави содржини и факт е дека треба да олабави.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
За разлика од тебе јас не сум експерт на сите полиња и се држам до тоа што знам и сакам да „анализо-синтезувам“.
Во бакет листот дефинитивно не ми е разработка на македонските медиуми, и нивните политички симпатии ИАКО отворив токму таква тема.
Иначе, кратко, се сложувам со напишаното на @Io Sono Interista и дополнително сметам дека 90% од хејтот што го имаш кон Трендо е затоа што те вработи СДС и чувствуваш потреба да ги браниш а овој ги плука пошо баш се за плукање. А и онака таков лик си, самобендисан и самопрогласен експерт и лесно критикуваш се и сешто. Многу ретко офф.нет ги поминува моите замислени граници за толеранција.
:lolzz::lolzz::lolzz::lolzz::lolzz::lolzz:
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.462
Поени од реакции
9.179
@Almeida, ти го делиш истиот grudge кон Трендо како и политичката елита, и тоа те прави во случајов не многу објективен, затоа што тука на темава зборуваме за квалитет на сајтови и за негативни трендови, а не за кој му онадел шајката на Заев суптилно. Јас никаде не ти спорам дека Трендо има проблем со сегашнава власт, и тие со него. Оф.нет е квалитетен сајт за наши услови, и тоа како е, за разлика од ред портали за политички бљувотини во кои авторите не се кадарни да напишат проширена реченица. Овде мислам за се на сајтот општо, од забавни вести до спорт, политиката е многу помал дел. За разлика од оф.нет, порталите со кои го споредуваш се примарно создадени за политичка пропаганда а останатите артикли служат колку да се рече дека е портал.
Губење на време е да дискутираш со вакви ликови. Истиов лик пред три години тврдеше дека тиранската платформа била измислена во штаб во ВМРО со цел да ги оневозможи СДС да прават влада :pos:, па кога почнаа да се случуваат срањата да го снема за сега повторно да се врати со цел да исмева "небањати" или да ни покаже дека Трендо е платен вмровец што врши пропаганда и тоа сосема случајно во година кога имаме избори. Има премногу прикриени комуњари коишто се демек објективни и пишуваат некои вакви критички постови (демек неутрални) во кои лесно може да се види на каде одат и на нив Трендо им е трн во око.

Оффнет е многу повеќе од дневните шеги кон моменталната власт. Преведуваат квалитетни текстови и колумни и тоа не го кријат, напротив остаат линк од оригиналната статија. Повеќето коишто читаат оффнет воопшто не ги интересира досетките кон моменталната власт, туку квалитетните колумни за моменталните ситуациите во светот.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Мало потсетување:

Трн во око ≠ itch in the ass.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Мало потсетување:

Трн во око ≠ itch in the ass.
Па не знам баш дали само те чешка по газот затоа што имаш едно 17 пати пишувано и тоа така подолги текстови.
За чешакње по газот ако трошиш толку време за објаснување, кај ни е крајот?
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Губење на време е да дискутираш со вакви ликови. Истиов лик пред три години тврдеше дека тиранската платформа била измислена во штаб во ВМРО со цел да ги оневозможи СДС да прават влада :pos:, па кога почнаа да се случуваат срањата да го снема за сега повторно да се врати со цел да исмева "небањати" или да ни покаже дека Трендо е платен вмровец што врши пропаганда и тоа сосема случајно во година кога имаме избори. Има премногу прикриени комуњари коишто се демек објективни и пишуваат некои вакви критички постови (демек неутрални) во кои лесно може да се види на каде одат и на нив Трендо им е трн во око.

Оффнет е многу повеќе од дневните шеги кон моменталната власт. Преведуваат квалитетни текстови и колумни и тоа не го кријат, напротив остаат линк од оригиналната статија. Повеќето коишто читаат оффнет воопшто не ги интересира досетките кон моменталната власт, туку квалитетните колумни за моменталните ситуациите во светот.
Побогу, човеку, посегна по врвот на контрааргументацијата - сите на кои не им се допаѓа медиумската појава на Трендо и нему сличните и се и најмалку критични се несомнено и неизбежно комуњари. Кога некој чита за наука и култура, најмалку што му е потребно е политикантско продавање и солење памет под маската на некаква објективност од (ај да не го ословам понавредливо) таков интелектуален медиумски деец а ла Трендо. Имаш мал милион интелигентни и информативни сајтови, од кои те дели само еден клик, твое е што ќе одбереш и кому ќе веруваш, во случајов - на не претерано интелигентен и суптилен партиски полтрон.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Па не знам баш дали само те чешка по газот затоа што имаш едно 17 пати пишувано и тоа така подолги текстови.
За чешакње по газот ако трошиш толку време за објаснување, кај ни е крајот?
Кога видов цитат од тебе, помислив си ми доаргументирал за вработувањето, ама сум те преценил пак....мислев ќе се доизнасмеам.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
Оффнет е многу повеќе од дневните шеги кон моменталната власт. Преведуваат квалитетни текстови и колумни и тоа не го кријат, напротив остаат линк од оригиналната статија. Повеќето коишто читаат оффнет воопшто не ги интересира досетките кон моменталната власт, туку квалитетните колумни за моменталните ситуациите во светот.
Точно така, многу често има линк кон оригиналниот текст кој го преведуваат. Тоа што јас или некој друг чепкаме Reddit и слично и знаеме од каде потекнува текстот е сосема небитно; повеќето читатели на порталите се ограничени само на домашни и евентуално ex-yu сајтови.

Инаку на форумов сум долго време и не се замарам со тоа кој член на која опција припаѓа, нивна работа.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.462
Поени од реакции
9.179
Точно така, многу често има линк кон оригиналниот текст кој го преведуваат. Тоа што јас или некој друг чепкаме Reddit и слично и знаеме од каде потекнува текстот е сосема небитно; повеќето читатели на порталите се ограничени само на домашни и евентуално ex-yu сајтови.

Инаку на форумов сум долго време и не се замарам со тоа кој член на која опција припаѓа, нивна работа.
Оффнет е еден од ретките сајтови кај што можат да се најдат квалитетни колумни за моменталнава ситуација во светов, особено на политичката сцена. На пример јас не видов некој сајт или медиум да пишува за претседателските избори во редовите на Демократската партија, за кандидатите, за нивните гледишта, за резултатите и слично, а на оффнет имаше многу квалитетни статии за кандидатите, за тоа што е super tuesday и слично коишто се поврзани со изборите во САД коишто можат да се најдат само на оффнет. Исто така за коронавирусот речиси секојдневно има квалитетни текстови, без разлика што се преведени или превземени битно ги има. Ова само како пример, а има многу за најразлични проблематики во светот плус анегдотски текстови, ама ќе го хејтаме затоа што се зезал со Венко Филипче.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.024
Поени од реакции
19.506
Сајтот бил срање бидејќи објавувал преведени статии. Муабет за пред коперација и штаб.

Попрво би прочитал преведена статија од некој американец или научник, отколку лично мислење од македонски "инфлуенсер", за кој, нели, поголема е веројатноста суптилно да ми изврши хибриден напад и да ми протне пропаганда.

Не секој има време и навика да листа десетици сајтови и редити, за да најде нешто интересно за читање. Голем кур ако превеле статија, и притоа оригиналната ја линкнале во или под текстот.

Проблем било што сајтот објавувал гафови на владата. И тоа во посебна категорија, заедно со уште стотици други "занимливости". Исто така муабет за пред коперација и штаб.

Во ситуација во која имаме премиер кој е подвижна брука и предмет на потсмев кај и да се појави, и каде нема ден да не помине а да нема некоја дебилна глупост на владата, би рекол дека Трендо е и премногу мек. Не може бе во ситуација во која по стоти пат во рок од 4 години добиваме датум за преговори со ЕУ, да не објавиш вакво видео.

А не дека нема глупости на Оффнет. Многу пати се случувало да имаат некој дебилен наслов на "зезалиците". Но, тоа е повеќе вкус би рекол.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
Сајтот има интересни написи и сеуште е еден од поинтересните сајтови тука. Има објави со кои комплетно се сложувам.
Сајтот има скроз идиотски написи на ниво на Мактел, Репортер и слични. Свртете на темава има еден куп примери. Понекад мене ми срам кога ги читам, чудејќи се како можел да спадне на тоа ниво.

Не гледам причина зошто да не може и двете работи да бидат точни.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
Има и еден друг тренд (од кој ми се кења) кај многу домашни портали, а тоа е трендот на мрзливост. Ова најмногу го имам забележано кога преведуваат статии на тема наука или технологија - ќе преведат 3-4 реда и човек ништо живо не може да заклучи од статијата. Ја дочитуваш со wtf израз на лицето - „добро, и сега што?“. Одиш на google да ја најдеш оригиналната статија на англиски, ја наоѓаш и испаѓа "7 minutes read", да се заборавиш од читање, а овие преведиле неколку реда и тоа со прескокнување.
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Сајтот бил срање бидејќи објавувал преведени статии. Муабет за пред коперација и штаб.

Попрво би прочитал преведена статија од некој американец или научник, отколку лично мислење од македонски "инфлуенсер", за кој, нели, поголема е веројатноста суптилно да ми изврши хибриден напад и да ми протне пропаганда.

Не секој има време и навика да листа десетици сајтови и редити, за да најде нешто интересно за читање. Голем кур ако превеле статија, и притоа оригиналната ја линкнале во или под текстот.

Проблем било што сајтот објавувал гафови на владата. И тоа во посебна категорија, заедно со уште стотици други "занимливости". Исто така муабет за пред коперација и штаб.

Во ситуација во која имаме премиер кој е подвижна брука и предмет на потсмев кај и да се појави, и каде нема ден да не помине а да нема некоја дебилна глупост на владата, би рекол дека Трендо е и премногу мек. Не може бе во ситуација во која по стоти пат во рок од 4 години добиваме датум за преговори со ЕУ, да не објавиш вакво видео.

А не дека нема глупости на Оффнет. Многу пати се случувало да имаат некој дебилен наслов на "зезалиците". Но, тоа е повеќе вкус би рекол.
Да се обидеме да го преформулираме тоа вака - дали тој истиот и неговиот сајт беа толку критични и ја пердашеа и претходната власт? Целта, колку што јас имам укапирано, поправете ме доколку можеби грешам, им е да бидат некаков информативен и непристрасен сајт, а не знаменосци и поборници на нечии партиски бои, кои притоа тоа го прават премногу транспарентно и апла, за оние кои и најмалку ќе се обидат да прочитаат меѓу редовите на содржините кои тие ги пласирааат. Но, какви консументи, такво ниво и на медиум.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom