Трендови во МК медиумите од кои ни се кења

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Секако дека е субјективно моето мислење во врска со било кое уметничко дело и тоа не ме загрижува, јас се грижам околу тоа дали е релевантно.
Како и да е, околу природата на списокот објавен на Либертас, во контекст на публиката на која е наменет, немам дилеми.
У 21 книга што требе секој тинејџер да ја прочита го има и Хари Потер.
:lolzz:
Листата е прилично скандалозна, а Хари Потер, навистина е најмалата грижа во неа.
Затоа што кога човекот забележува „грижи“ обично најпрво ја потенцира најмалата.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
Затоа што кога човекот забележува „грижи“ обично најпрво ја потенцира најмалата.
Го потенцирав затоа што од епска фантастика, чиј сум фан, баш тоа нашле да го стаат, а не на пример Толкин или Легвин, за тинејџери.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Неверојатно.

Го имав „сакам да кажам“ на фејсбук и го тргнав заради пишување на дијалекти (разни, зависно од новинарот од каде е), ама уште повеќе заради рекла-казала. Го отворив сабајлево и гледам „загубен планинар“ на некој ебиветарски сајт. Па уште линкуван овој фамозен СДК, као да е Ројтерс или Асошиејтед Прес.
Ах Жане, Жане....два од трите суви пасуси се однесуваат на станувањето од крштевката како ударна вест. Колку години имал човекот, каде престојувал, во кое време од денот е пријавено, кога тргнал, дали е искусен планинар или дете.....што е важно кога спасувачиве биле изреметени, од крштевка станати.
На оригиналниот текст одиш и ги читаш истите г***а:

https://sdk.mk/index.php/makedonija/frantsuski-turist-zaguben-na-pelister-spasuvachite-zaminaa-od-krshtevka-za-da-go-najdat/


ФРАНЦУСКИ ТУРИСТ ЗАГУБЕН НА ПЕЛИСТЕР, СПАСУВАЧИТЕ ЗАМИНАА ОД КРШТЕВКА ЗА ДА ГО НАЈДАТ

Француски турист денес се загубил на Пелистер, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК спасувачи од Дирекцијата за заштита и спасување. Четворицата спасувачи кои се вклучени во акцијата, инаку сите членови на Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ од Битола, вечерва го пребаруваат теренот околу Мало Езеро на Пелистер.

Тие
морале да ја напуштат крштевката на ќерката на еден од спасувачите за да тргнат во потрага по загубениот странец.

„Кога ја добивме веста
ја славев крштевката на мојата ќерка, а на неа присуствуваа и други од спасувачкиот тим. Штом слушнавме, веднаш скокнавме на нозе и тргнавме во потрага по Французинот. Според дојавата што ја добивме тој денес сам се искачувал на планината. Потрагата продолжува понатаму “, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК планинарот и спасувач Петар Нолев-Пепо.

Ж. ЗДРАВКОВСКА


 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
http://www.libertas.mk/video-svetski-poznatata-porno-akterk/

Туѓ срам ме изеде од видеото, мене ми дојде непријатно колку лом го направи гостинката овој „водителот“ и неговите глупи прашања.
Аууу пепел го направи драга Стоја, го сахрани, особено накај 11 минута
- Дали луѓето имаат предрасуди кон вас ради вашата професија?
Да, го гледаме тоа во ова интервју.

FATALITY
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Јас немам поим кој е кој во нашава „естрада“, па може затоа некои вести ми се така, малку...
Ете, извесен пејач Јоце Панов, популарен и надвор од Македонија, решил да стави крај на ергенскиот живот и да „рипне в тавче“ (ова како самоубиство звучи), а можеби и да застане на лудиот камен, којзнае. Избраничката Марина била запрасоина (запрасена, запросена, побарана за жена???) покрај море во Турција, што веројатно е романтичен сон на секоја идна невеста.

https://press24.mk/kje-se-zheni-makedonskiot-pejach-marina-e-negovata-izbranichka
https://zenskimagazin.mk/-kraj-na-ergenskiot-zivot-joce-panov-kje-ripne-vo-tavche
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
Јоце Панов да не го знаеш?
Се зафркаваш?

ОК, знам денешнава младеж дека нема општи познавања, ама ова е претерано.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Јоце Панов да не го знаеш?
Се зафркаваш?

ОК, знам денешнава младеж дека нема општи познавања, ама ова е претерано.
За жал, тоа е тоа. Свесен сум дека не е во ред, дека не е добро и дека не треба така. Знам дека многу пропуштам. Но во иднина ќе се информирам подобро и веќе однапред се радувам на откритијата на ова поле.
 
P

Patience

Гостин
Пф, посензационална вест им е таа подолу, дека Лила собрала 2000 лајкови на слика за неколку минути.
Како ќе го протуркавме денот без толку битна информација не знам.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Поглуп израз од она рипна во тавче мислам нема, или тоа со лудиот камен. Или пак музичарине кога ќе речат, па се крчка нешто во студиото:icon_lol:
Најактуелна и најдебилна фраза овој период е „ги (на)полни батериите“, обично се користи кога се кажува каде некоја наша „мега ѕвезда“ од естрадата оди на летување
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
А што да се каже тогаш за "најпосакуваниот ерген" као новинарска "композиција"....и читаш чланак со бетмен унутра или овој јоце абдалов...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom