Трева (дворска-парковска)

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
Е вака , планирам дворот да го засејам со трева едно 300 квадрати, и сега ме интересира вашето искуство.. Знам дека почвата треба да биде добро обработена, да е наѓубрена, да нема камења,трева и друго.. Ме интересира која сорта на трева е најубава и како после тоа да се oдржува тревата во добра форма,kолку вода ќе сака ,за да секогаш да биде зелена и пријатна :)
Нешто вака :

 
Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23
Пријателе еве ако можам малку да ти помогнам. Вака скоро секоја трева е иста у принцип со таа разлика што има малку понежни и поотпорни треви. За понежна трева се смета англиската без разлика колку и да ја форсираат продавачите, обично во земјоделските аптеки. Би ти препорачал да земеш било каква друга само не англиска. Еве ти некои сорти на треви....се надевам дека разбираш англиски.
http://www.greenfield.de/en/varieties.html
Во секој случај многу побитно е како ќе ја спремиш самата почва за сеење зошто од тоа многу ќе зависи изгледот. Значи треба добро да се обработи почвата (да биде иситнета, ровка, рамна површина), тревата кога ќе ја сееш измешај ја со ситен песок навлажнет со вода (за да се залепи тревата)...така ќе имаш порамномерно сеење. Втора многу битна работа е дезинфекцијата на почвата пред сеење зошто без неа може да останеш без семето што си го фрлил (ќе го однесат мравки и слични гадинки). Би ти препорачал да си купиш Galation за дезинфекција да и фрлиш на почвата (и да не жалиш пари). Знам дека скапо ќе ти изгледа сета таа постапка ама мораш да ја спроведеш. Откако ќе ја посееш тревата во количина 1кг семе/10 м квадратни (немој да те лажат дека ке поминеш поефтино)....на опаковката пишува дека е за 25 квадрати ама тоа е лага....ќе треба површината да ја извалаш со ваљак (сигурно ваљак немаш ама затоа буре метално можеш да најдеш кое ќе заврши работа) за семето да залепи за почвата. Кога сето тоа ќе го направиш испрскај ја нежно површината со вода (многу нежно за да не направиш дупки во земјата...:)))) ).
Тоа би било се. СРЕЌНО ...и пиши што си направил.
Поздрав.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
@stefan_tm

Е ова ти се вика вистински познавач. Мени ми се деси во двор тук-таму да ми израсне, односно да не фати сегде, и после личеше на лошо стрижена овца. :( Немав појма до што е и прво ми текна да не е до земјата, ама ни на крај памет дека токму на овој начин (како што велиш) треба да ја засадиш за да ти никне правилно.

И уште една работа, ептен ми се допаѓаат бонсаи дрвата, ама скапички се како што разбрав, така да меракот и за нив... негде понатаму можеби ќе се оствари.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
Пријателе еве ако можам малку да ти помогнам. Вака скоро секоја трева е иста у принцип со таа разлика што има малку понежни и поотпорни треви. За понежна трева се смета англиската без разлика колку и да ја форсираат продавачите, обично во земјоделските аптеки. Би ти препорачал да земеш било каква друга само не англиска. Еве ти некои сорти на треви....се надевам дека разбираш англиски.
http://www.greenfield.de/en/varieties.html
Во секој случај многу побитно е како ќе ја спремиш самата почва за сеење зошто од тоа многу ќе зависи изгледот. Значи треба добро да се обработи почвата (да биде иситнета, ровка, рамна површина), тревата кога ќе ја сееш измешај ја со ситен песок навлажнет со вода (за да се залепи тревата)...така ќе имаш порамномерно сеење. Втора многу битна работа е дезинфекцијата на почвата пред сеење зошто без неа може да останеш без семето што си го фрлил (ќе го однесат мравки и слични гадинки). Би ти препорачал да си купиш Galation за дезинфекција да и фрлиш на почвата (и да не жалиш пари). Знам дека скапо ќе ти изгледа сета таа постапка ама мораш да ја спроведеш. Откако ќе ја посееш тревата во количина 1кг семе/10 м квадратни (немој да те лажат дека ке поминеш поефтино)....на опаковката пишува дека е за 25 квадрати ама тоа е лага....ќе треба површината да ја извалаш со ваљак (сигурно ваљак немаш ама затоа буре метално можеш да најдеш кое ќе заврши работа) за семето да залепи за почвата. Кога сето тоа ќе го направиш испрскај ја нежно површината со вода (многу нежно за да не направиш дупки во земјата...:)))) ).
Тоа би било се. СРЕЌНО ...и пиши што си направил.
Поздрав.
Фала ..добар пост :) Иначе ме интересира околу поливањето со вода,одкога ќе изникне тревата.. Еве сега пример во лето,колку треба да се полива со вода,дали секој ден, дали е добро што повеќе вода да и се дава или не..
 
Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23
Повеќе вода во лето секако но со усул што вика нашиот народ. Не да ја удавиш! Во лето спрема нашето поднебје зависно дали е млада или стара тревата минимум на секој втор ден (добро поелавање). Што значи како температурите ќе опаѓаат така и полеваѓето ќе биде поретко. Просто како пасуљ како на човек што во лето му треба повеќе вода така и на растението. Ич не му се секирај толку. Прво тревата нека никне.....првиот месец е критичен, потоа се си доаѓа на свое. Секое отстапување од ритамот ќе го приметуваш на самата трева.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
....ќе треба површината да ја извалаш со ваљак (сигурно ваљак немаш ама затоа буре метално можеш да најдеш кое ќе заврши работа) за семето да залепи за почвата. Кога сето тоа ќе го направиш испрскај ја нежно површината со вода (многу нежно за да не направиш дупки во земјата...:)))) ).
Тоа би било се. СРЕЌНО ...и пиши што си направил.
Поздрав.
Бидејќи сакам убаво средени тревници (а јас немам :() од постов т.е од овој дел можам да заклучам дека си мераклија на убав тревник :) да се фрлиме на другиот интересен и многу битен дел од постот...

Втора многу битна работа е дезинфекцијата на почвата пред сеење зошто без неа може да останеш без семето што си го фрлил (ќе го однесат мравки и слични гадинки). Би ти препорачал да си купиш Galation за дезинфекција да и фрлиш на почвата (и да не жалиш пари). Знам дека скапо ќе ти изгледа сета таа постапка ама мораш да ја спроведеш.
Ова со дезинсекцијата мораш да го направиш ако сакаш да имаш добар и фин тревник инаку ќе ти биде чудно кога потоа околу мравјалниците ќе има купишта густа трева, или истата ќе заврши чудно распоредена по патеките по кои семето/тревата се транспортирала до мравјалниците :). За земјата да ти биде ровка, најдобро е после рамнењето да ја оставиш да се исуши и потоа површински со гребло убаво да ја изрониш (малку мачно ќе биде) и притоа да пазиш да остане рамна :) веднаш потоа засејувај.

Фала ..добар пост :) Иначе ме интересира околу поливањето со вода,одкога ќе изникне тревата.. Еве сега пример во лето,колку треба да се полива со вода,дали секој ден, дали е добро што повеќе вода да и се дава или не..
Полевај, навечер, или рано наутро, во спротивност нема да направиш никакво добро ако полеваш во најголемата горештина. Полевај ја тревата додека не омекне земјата околу коренот на тревата... тоа треба да биде доволно
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
Порано во дворот имав исто тревник..но уште еден проблем..неможев да се "решам" никако од дивата трева..паралелно си растеше и она, чисти,чисти и никако да се ослободам од неа..
Дали е добро пред да се сее тревата да се направи прскање на земјата со некое средство против диви треви и корови ?
 

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Јас имам англиска трева ја викаат онаа ниската ко тепих што е.Интересно за тревава е тоа што треба да ја газиш за побрзо да расте.
 
Член од
10 август 2010
Мислења
183
Поени од реакции
7
За видови на трева не се разбирам и неможам да ти помогнам. Инаку во дворот добар дел ми е прекриен со трева, мали борови (некоја си сорта што не расте многу), палми, жива ограда и трендафили што не растат високо (околу 30см се) и како целина изгледа супер. Нема да погрешиш ако си го средиш дворот со трева:icon_bigg:icon_bigg:icon_bigg Бара многу внимание, треба постојано да се наводнува (особено сега), да се коси и на есен доста да се средува од лисјата што ветерот ги носи, а живата ограда треба да се поткаструва. После некое време ќе почнат да растат и други видови на трева, но кога ќе се искоси нема да се познава:icon_bigg. И незнам на колку години треба да се сади нова на истото место (дека постепено на некои места ќе се оретчува, па да немаш дупки). Инаку да си прашаш таму од кај што ќе ја купиш кое време е најдобро да се засади, дека има многу сорти и дека секоја сорта си имала одредено време за садење (подобро се зафаќала), барем јас така знам.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
Тука би сакал да се дискутира и за жива ограда покрај трева би сакал и дворот да го обиколам со жива ограда :) и многу сум напален.. Ваши искуства со живите огради..кога се садат,на кој начин се садат коренчињата и колку чини едно,кај да се набави ? Merci :)
 

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Да да може и за жива ограда,борчиња и некои декоративни дрвца и детаљи за во двор.
Незнам што ми е и јас се напалив во последно време.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.140
Поени од реакции
15.885
Тука би сакал да се дискутира и за жива ограда покрај трева би сакал и дворот да го обиколам со жива ограда :) и многу сум напален.. Ваши искуства со живите огради..кога се садат,на кој начин се садат коренчињата и колку чини едно,кај да се набави ? Merci :)
Сега скоро, насадив и јас жива ограда, ја зедов од едно градинарско претпријатие. Е сега, живата ограда што ја зедов имаше пуштено корчиња и цената беше 300 ден за 100 корчиња/стапчиња жива ограда.
Сеењето е нормално (или бар јас така ги посадив), копаш дупка го ставаш корчето и закопуваш :) јас вака направив и сите до едно се фатија.
Инаку јас ги посеав пролетоска, имам чуено дека пролетно и есенско време се сее и највеќе имало шанса да се фатат.
Претходно се обидов да посеам жива ограда ама онака, исечени стапчиња од веќе порасната жива ограда (без корчиња) ама не ми успеа.
И да, откоа ги посадив им ставив мал слој арско ѓубриво и да не ги заречам сега за сега супер си тераат иако малце бавно растат.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
Да да може и за жива ограда,борчиња и некои декоративни дрвца и детаљи за во двор.
Незнам што ми е и јас се напалив во последно време.
Нема ништо поубаво да пиеш утринско кафе (по можност со цура) а околу тебе зеленило :)

--- надополнето ---

Сега скоро, насадив и јас жива ограда, ја зедов од едно градинарско претпријатие. Е сега, живата ограда што ја зедов имаше пуштено корчиња и цената беше 300 ден за 100 корчиња/стапчиња жива ограда.
Сеењето е нормално (или бар јас така ги посадив), копаш дупка го ставаш корчето и закопуваш :) јас вака направив и сите до едно се фатија.
Инаку јас ги посеав пролетоска, имам чуено дека пролетно и есенско време се сее и највеќе имало шанса да се фатат.
Претходно се обидов да посеам жива ограда ама онака, исечени стапчиња од веќе порасната жива ограда (без корчиња) ама не ми успеа.
И да, откоа ги посадив им ставив мал слој арско ѓубриво и да не ги заречам сега за сега супер си тераат иако малце бавно растат.
Колку што знам има повеќе типови на жива ограда.. Некоја со покрупни листови (таа не ми се допаѓа) и со мали ливчиња..таа изгледа многу поубаво..ај кажи ми до како се вика претпријатието од кај си ги земал коренчињата и кај се наоѓа ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom