Треба ли децата да се вакцинираат против ковид

Член од
3 мај 2019
Мислења
17.706
Поени од реакции
9.541
Што мислите, дали треба децата да се вакцинираат против ковид-19?
Ако мислите дека треба, пишете зошто сте ЗА, а ако сте против вакцинирањето, објаснете зошто сте за НЕ.
Постојат ли некои клинички студии за ковид вакцинација на педијатриска популација.
Пребрзо се форсира да се вакцинираат и децата, родителите се ставени во ќор сокак, што да се прави.:(
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.182
Поени од реакции
21.308
Германска STIKO засега не дава препорака поради недоволни податоци. Студија со нешто над 1.000 деца не е доволна бројка. Иначе што помлади децата тоа поизедначен е ризикот последици од корона со ризикот од вакцините. И во двете случаеви екстремно мал. Тоа не значи секако дека не може во иднина да се смени. И добар доказ е дека во институциите сепак работат експерти кои не подпаѓаат на притисоци од страна на политиката.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.706
Поени од реакции
9.541
https://www.israelnationalnews.com/News/News.aspx/304124

https://www.israelnationalnews.com/News/News.aspx/304124

Зошто да се вакцинираат деца со вакцина која може да биде опасна по нивното здравје, а самиот вирус не е воопшто опасен за нив....или треба децава да ги вакцинираме поради старите, за да они не се заразат!???
Јас мои деца не давам да се вакцинираат.
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.182
Поени од реакции
21.308
https://www.israelnationalnews.com/News/News.aspx/304124

https://www.israelnationalnews.com/News/News.aspx/304124

Зошто да се вакцинираат деца со вакцина која може да биде опасна по нивното здравје, а самиот вирус не е воопшто опасен за нив....или треба децава да ги вакцинираме поради старите, за да они не се заразат!???
Јас мои деца не давам да се вакцинираат.
Вакцината не е поопасна од инфекција и обратно за децата. Опасноста е многу мала.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Зависи. Прво не смее да се тестираат вакцини на деца. Посебно не на деца под 10 години затоа што не можат да изразат никаква правно-релевантна волја. Тоа е етичка пречка, но и дилема. Дали постои можност од компликации по здравјето на детето, па дури и смрт од самата вакцина? Но ако не помине оваа последна 4та фаза, нема да има Ковид вакцина за деца во светот. Интензитетот на дилемата се налува затоа што само оние деца кои страдаат од хронични болести можат да подлегнат на Ковид. Тоа го потврдуваат статистиките од САД.

Најчесто има одредена парична награда за учество во тие експерименти и први се редат социјално најзагрозените семејства. Што за мене не е хумано да се игра со здравјето на детето и да стане заморче само за одредена парична награда.

Сега зависи од детето. Ако изрази волја или ако има родители кои паничат како @Ron Burgundy ќе пекнат по вакцина затоа што стравот ќе им биде всаден во коските. Кај нас мислам дека нема починато ниту едно лице под 18 години. Згора на сѐ, најголемиот дел од децата поминуваат асимптоматски и Ковид последиците се минимални или скоро пак никакви. Дел го поминуваат како обична настинка.

Без децата тешко до колективен. Но и со децата тешко до колективен. Има пријавено нешто под 2.000 деца кои изразиле волја за вакцина и треба да добијат термин во наредниве денови. Се вакцинираат само со Фајзер.

Мојот став е превенција на оние кои страдаат. Логиката е намалување на хоспитализациите и починати. Децата не страдаат и нема некоја сериозна потреба да се вакцинираат, иако се суперпреносители. Не треба веќе да се затвораат и треба да се социјализираат. Доволно страдавме од пандемијава. Во спротивно ќе гледаме и полнење на психијатриските одделенија како што се случува во Битола.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.598
Поени од реакции
38.747

Дамби, за да имаш колективен имунитет сите треба да бидат вакцинирани. Не можеш само старите кога младите го шират вирусот. Фајзер ја има одобрено вакцината над 12 години, а верувам дека и кинеските немаат некакви нус појави штом се од инактивиран вирус. Децата еднаш ќе мора да се вакцинираат дали со овие вакцини или со нови специфични за нивната воздраст.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.531
Поени од реакции
34.682
... све се одвива пребрзо, јас лично го предвидував ова, сега веќе се вакцинираат тинејџери од 12 до 17 години со Фајзер вакцината (07.јуни 2021) во тек е двогодишната студија за деца од 5 до 11 години повторно водена од Фајзер,

...во таа клиничка студија две деца веќе се вакцинирани како волонтери (8 годишен Макс и негова 6 годишна сестра Зои), со истата Фајзер вакцина но со помала доза т.е. за деца од 5 до 11 години им се инјектираат 10 микро грама во секоја доза, наспроти 30 микро грама за тие со 12 и повеќе години,

... некој ќе рече кој тоа родител дава свое дете како волонтер во клинички студии, но ете д-р Yvone Maldonado како главна во Stanford University School of Medicine за Фајзер клинички студии тврди дека имало многу заинтересирани семејства за учество во тие клинички студии,

... Фајзер ги очекува првичните резултати од испитувањата на деца од 5 до 11 години во септември, но пред тие резултати, д-р Nicola Klein, главен истражувач за испитувањата во Северна Калифорнија, се подготвува за следната група на деца на возраст од 2 години, проследени со деца на возраст од 6 месеци доенчиња.

10764046_060821-kgo-child-vaccine-img.jpg

... децата секој ден ќе престојувале по три часа во болницата, па ќе си иделе дома, нивните семејствата нема да знаат шест месеци дали нивните деца биле вакцинирани со вакцина Pfizer COVID-19 или плацебо со физиолошки раствор, но оние кои примиле плацебо ќе имале шанса да добијат вакцина по шестмесечниот период на таа клиничка студија,

... така да, до есен Фајзер се надева во повеќе клинички студии водени под број, изгледајте го видеото со датумите на идни завршени клинички студии и за која возраст, да не се повторувам!

...кога ќе бидат сите возрасти вакцинирани, тогаш би рекле дека пандемијата ќе заврши, ни предвидуваат значи 2023 год!
но пак ќе речам природниот колективен имунитет ќе го стори своето, ова ќе биде во група со сезонската вакцина, ама во повеќе дози дадена!
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Дамби, за да имаш колективен имунитет сите треба да бидат вакцинирани. Не можеш само старите кога младите го шират вирусот. Фајзер ја има одобрено вакцината над 12 години, а верувам дека и кинеските немаат некакви нус појави штом се од инактивиран вирус. Децата еднаш ќе мора да се вакцинираат дали со овие вакцини или со нови специфични за нивната воздраст.
Ронче, не ме интересира колективниот имунитет. Кои деца страдаат? Оние со хронични болести. Другите поминуваат асимптоматски или како обична настинка. Ете не сакаат да се вакцинираат. Друга работа е недостатокот од вакцини (поточно од оваа вакцина).

Секое дете над 12 години кое ќе изрази волја, нека се вакцинира. Џабе ширите страв и параноја. :)
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.598
Поени од реакции
38.747
Ронче, не ме интересира колективниот имунитет. Кои деца страдаат? Оние со хронични болести. Другите поминуваат асимптоматски или како обична настинка. Ете не сакаат да се вакцинираат. Друга работа е недостатокот од вакцини (поточно од оваа вакцина).

Секое дете над 12 години кое ќе изрази волја, нека се вакцинира. Џабе ширите страв и параноја. :)
не страдаат децата, они само го шират вирусот, а воздрасните групи страдаат.

Додека децата го шират вирусот ситуацијата ќе оди до недоглед. Џабе вакцинираш додека некој дома ти го носи вирусот. Прашај било кој инфектолог освен Вело Маркоски истото ќе ти го каже.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
не страдаат децата, они само го шират вирусот. А воздрасните групи страдаат.
Додека децата го шират вирусот ситуацијата ќе оди до недоглед. Џабе вакцинираш додека некој дома ти го носи вирусот.
Тоа ти го велам. Превенција на овие кои страдаат. Вирусот ќе си продолжи да мутира во природата. Тоа не може да се превенира. Може да се превенираат хоспитализациите и смртта кај постарата популација.

Затоа децата нема потреба да се вакцинираат. Но ако сакаат, оние над 12 години сега можат. :)
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.546
Поени од реакции
7.251
Лудилото корона никако да запре. Бидејќи оние кои имаат потреба од вакцина ја одбиваат - ќе ги обврзиме оние кои воопшто не им е потребна да ја примат.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.598
Поени од реакции
38.747
Тоа ти го велам. Превенција на овие кои страдаат. Вирусот ќе си продолжи да мутира во природата. Тоа не може да се превенира. Може да се превенираат хоспитализациите и смртта кај постарата популација.

Затоа децата нема потреба да се вакцинираат. Но ако сакаат, оние над 12 години сега можат. :)
мутациите се непредвидливи дамби, која од која е позаразна. Не можеш да ги двоиш граѓаните на тие што страдаат и оние што не страдаат. Не знаеме вирусот у кој смер ќе иде. Треба сите да се имунизирани. Не за џабе како деца ги примаме вакцините.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.531
Поени од реакции
34.682
не страдаат децата, они само го шират вирусот, а воздрасните групи страдаат.

Додека децата го шират вирусот ситуацијата ќе оди до недоглед. Џабе вакцинираш додека некој дома ти го носи вирусот. Прашај било кој инфектолог освен Вело Маркоски истото ќе ти го каже.
...заклучок? ти џабе си вакциниран со антиковид вакцина, оти може било кој да ти го пренесе коронавирусот од таа млада популација, примената антиковид вакцина колку ќе ти важи? сигурно нема да ти важи до 2023 година!
...нели рече антиковид вакцината те штити, што сега смени мислење? само и само природниот колективниот имунитет се додека не се извакцинираат сите, ама со нови вакцини за новите мутации!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom