Тргување со валути-FOREX

MSE

Член од
13 мај 2017
Мислења
261
Поени од реакции
332
Иако не си ме цитирал, разгледај ја оваа опција
https://www.epayments.com/
Ќе си порачаш картица од нив и оди до Бугарија или Грција да си ги извадиш.
ePayments, веќе месец дена не издаваат нови картици.
(пишува и дека ја преразгледуваат политиката на издавање на нови картици и дека ќе известат понатаму што и како)
Оние што веќе имаат картици сеуште им важат.

Проблемот е што бараат папирен извод од банка со твоите податоци (вклучувајќи и адреса) за да ја верифицираат сметката.
Можеш и со пасош и лична карта да се верифицираш, или воопшто не сакаш да оставаш лични податоци?
 
Член од
17 декември 2011
Мислења
26
Поени од реакции
18
Можеш и со пасош и лична карта да се верифицираш, или воопшто не сакаш да оставаш лични податоци?
Не зборувам за таа сметка, туку за банкарската на којашто се повлекува профитот. Нема eWallet варијанта кај овие брокери.
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Имам прашање за @burn84, ако уште воопшто е активен на темава. Неколку години тргувам со CFD (или што би рекле некои тука, се кладам со ништо), и некако се натрупаа доволно пари за да почнам да ги избегавам Кипарците и да отворам сметки кај озбилни FCA брокер-дилери коишто исплаќаат само преку трансфер во банка, без скрилови и пејпелови. Е сега, заради мутната легалност на тргување со CFD (во банхамер законот се спомнуваат и деривативи), која е најдобра опција да повлекувам пари?

1. Да ги повлечам тука и да се правам наудрен,
2. Да ги повлечам тука и да ги пријавам како профит од тргување,
3. Да ги повлечам тука и да ги пријавам како добивка од електронски игри на среќа (технички spread betting во ОК е регулирано од gambling commission),
4. Да ги повлечам тука и да ги пријавам како приход од хонорарна работа (иако во имињата на брокерите стојат ствари како "capital" и "markets"),
5. Да ги повлечам во Бугарија и да се правам наудрен (последна опција, не сум сигурен дали исплаќаат на нерезидентни сметки).

The floor is yours, @burn84.

Edit: Во банка и онака морам да кажам од каде се за да се прокнижат.
Никако не ги игнорирај државните органи, затоа што ќе ти блокираат сметки сегде и после поголем проблем ќе си имаш.
Искрено, јас идам на опција број 4 и тоа е тоа. Сепак е хонорарна работа затоа што никаде не си пријавен и не ти плаќаат придонеси. А ако сакаш скроз да избегнеш даноци, тогаш да, Бугарија или Србија, отвори банкарска сметка и таму кеш повлекувај.
 
Член од
2 септември 2018
Мислења
2
Поени од реакции
0
Ја прочитав скоро цела оваа тема и сепак не успеав да најдам конкретен одговор во врска со повлекување пари од тргување.

Да уплатиш пари е лесно, но дали е исто така лесно да ги подигниш. Јас конкретно веќе долго време тргувам на фјучерси, се разбира, со демо акаунт затоа што уште не ми е баш јасно како оди повлекувањето на пари. Користам Америчка платформа која што за повлекување на пари нуди чек, што кај нас не е изводливо, wire трансфер до банката, значи без Payoneer, PayPal и слични и broker to broker трансфер.

Многу ме интересира како сето ова е со закон регулирано, значи јас како физичко лице треба да отворам девизна сметка на која тие пари, што ќе ги заработам, ако ги заработам, ќе ми бидат испратени. Дали постои шанса таа сметка да ми биде блокирана, дали ако културно си пријавувам данок, како што сакам не е никаков проблем и не постои закон според кој што јас можам да бидам оштетен. Или одговорот е едноставно, подигни ги парите, пријави данок и решен проблемот, секако одговорните не разбираат ништо во врска со ова.

Прашав секако каде што мислев дека ќе дојдам до одговор, но се што добивам цело време се претпоставки.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.931

Илегално е да повлекуваш пари, ама во пракса за помали суми нема проблем. Отвараш девизна сметка и измислуваш некоја лага за приходот и ги земаш парите. Данок не се плаќа зошто се илегални пари. Ако те фати УЈП ти земаат 70% од парите...
Единствено е да се надеваш на втора фаза од пакт за стабилизација и асоцијација со ЕУ да помине и да има либерализација на пазарот на капитал. Но не ме фаќај за збор прашање е дали и кога ќе помине ова па дури и да помине не сум сигурен дека Форекс ќе биде опфатен во либерализацијата.
 
Член од
2 септември 2018
Мислења
2
Поени од реакции
0
Сето ова претпоставував дека е баш така, но како што гледам тука постираат луѓе кои што ова го работат со години. Не ги разбирам потполно работите ама сигурно не сите имаат бугарски пасош, странски сметки и слобода кон ЕУ за сето ова да им биди многу едноставно.

Кога има толку многу луѓе што со години немаат никаков проблем, тогаш мора да постои начин, а начинот да не е "ако те фати УЈП ќе ти земе 70% од парите", фала богу никој не го сака тоа нешто.

Либерализација на капиталот мислам дека уште долго време ќе остани енигма за нас, така да малку ми е тешко да се надевам на тоа нешто.

Да познавам било кој од мојот круг што работи со ова од нашава држава би седнал и би ги разбрал сите одговори, но таков некој моментално немам.

Затоа многу ме интересираат начините кои што активните трејдери од кај нас ги применуваат и би бил многу благодарен ако некој може да сподели нешто конкретно.
 
Реков „можеби“ ќе има либерализација на пазарот на капитал, втора фаза од ССА со ЕУ е единствена шанса за реализација на ова. До сега ниедна влада немаше воља, сега ова може да го направат во името на ЕУ а не дека сакаат самите.
Инаку незнам некој што го фатил УЈП и казнил. Така да...тоа се фактите.
Јас тргував на Форекс со долгорочна фунадаментална стратегија на разлика на каматни стапки и други праметри. Сега не би ставил пари зошто сакам повеќе да инвестирам и ризикот од УЈП не ми е прифатлив. Си тргувам легално со менувачници и депозити. Моментално сум лонг на ЦХФ и УСД т.е. ги имам на депозит а продадов МКД што ме прави шорт МКД па и ЕУР. Има многу сајтови за стратегии.
Генерално, мислам дека АУД, КАД и ГБП ќе одат надоле на сметка на УСД, ЦХФ па и ЕУР. ЈПЈ и остало не следам.
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Има ли некој тука искуство со повлекување пари од OANDA?
 
Член од
29 октомври 2018
Мислења
2
Поени од реакции
3
@burn84 прочитав поназад во темава дека имаш превземено пари преку IQ Option, а и забележеав дека имаш поголемо искуство во ова од останатите ,па сакав нешто да те прашам.

Јас пред некој период така почнав да го користам Iq Option онака колку да провам како оди.Започнав со 10$ и сега направив некоа пара па сакам да ги извадам.Претходно читав дека постои некоја илегалност во подигнување на овие пари ама не точно наведено дали важи и за оние заработени преку Iq Option.

Вршев trading со assets на опцијата Binary.Сега имам можност парите да ги извлечам преку PayPal или Мastercard (преку стопанска банка).

-Дали може да ми направат некој проблем кога ќе ги подигнувам, да ме повикаат и да ме прашат од каде сум ги добил или нешто слично ако превземам само 100$?
-Ако зема да речеме пак да извадам околу 1000$ ако ме повикаат дали да им кажам дека е заработено преку интернет трговија или да вртам од околу?
-Дали откако сумата на извадените пари е над 3000 евра ќе треба да ја пријавам во УЈП како интернет заработка пошто читав на страницата на Iq Option и беше посочено дека на овој вид заработка не треба да се плаќа данок (и беа наведени неколку држави само каде не се плаќало данок) или било колку да имаш заработено преку интернет требе да го пријавиш ( ова ми беше посочено од неколку луѓе ама не верував да е точно)?

Фала ти однапред.
 
Член од
4 јули 2014
Мислења
285
Поени од реакции
73
Dokolku nekoj ima potreba од купување или порадавање криптовалути или примање вадење пари од пејпал нек ме контактира.
 
Прво, честитки на заработка.
Баш ме интересира како со binary options си успеал константно да заработуваш и колку време си го правел ова.

Но, за прашањево што го постави.
Нема да ти направат проблем за мала сума на пари. Од друга страна јас пред некој месец дена се јавив во комисија за хартии од вредност да ги прашам конкретно за овие работи. Прашањево ми беше за девизно тргување.
Одговорот беше дека е забрането, тоест, не е регулирано. Што значи технички они не можат да ти лупнат казна ако заработуваш така, но не можат да те заштитат во случај било која фирма да одбие да ти ги исплати парите.
...што значи, не е забрането, туку е дупка, тие работи кај нас не се либерализирани.

Мој совет, повлечи си парите регуларно и пријави данок за да немаш фрка. А ако сакаш да избегнеш и тоа, отвори си банкарска сметка во Србија и во кеш подигнувај парите.

Good Luck
 
Член од
31 октомври 2018
Мислења
2
Поени од реакции
2
@ЕденТака Веќе половина месец истражувам која платформа да ја изберам од попознатите(Iq Option,Expert Option,Binatex),колку се валидни, со што да тргувам и каква стратегија да применам, па би бил благодарен ако можеш да споделиш дел од твоето искуство со тргувањето со binary options.

Поздрав.
 
Член од
29 октомври 2018
Мислења
2
Поени од реакции
3
Прво, честитки на заработка.
Баш ме интересира како со binary options си успеал константно да заработуваш и колку време си го правел ова.

Но, за прашањево што го постави.
Нема да ти направат проблем за мала сума на пари. Од друга страна јас пред некој месец дена се јавив во комисија за хартии од вредност да ги прашам конкретно за овие работи. Прашањево ми беше за девизно тргување.
Одговорот беше дека е забрането, тоест, не е регулирано. Што значи технички они не можат да ти лупнат казна ако заработуваш така, но не можат да те заштитат во случај било која фирма да одбие да ти ги исплати парите.
...што значи, не е забрането, туку е дупка, тие работи кај нас не се либерализирани.

Мој совет, повлечи си парите регуларно и пријави данок за да немаш фрка. А ако сакаш да избегнеш и тоа, отвори си банкарска сметка во Србија и во кеш подигнувај парите.

Good Luck
!!Не сакам мојата помош да се свати како 100% начин за тоа како да инвестирате бидејќи и јас сеуште сум почетник!!

@Baphomet Па како што кажав погоре започнав со Iq Option колку да видам како оди и се заработува преку него што значи немам некое си големо искуство во ова.Започнав со Iq option Binary trading пред околу два месеци со цел да видам дали е ова добрар начин на инвестирање кои е практикуван од поголем број луѓе.

Не остварував постојано константен профит.Ми се случи повеќе пати да се симнам до 1$ па дури од 30$ нa 4$.И се водев кон тоа да инвестирам со онолку пари за да ми остануваат најамалку 15 пати повеќе од внесениот влог.На пример доколку не стигнев над 15$ внесував влогови од 1$ a кога ќе стигнев до 17$ става влог од 2$ се додека не паднев повторно на 15$ или пак доколку стигнев до 30$ ставав влог од 3$ итн.

Пробав поголем број на тактики кој ги најдов на интернет но профитот од истите не беше толку загарантиран колку се прикажува.Тактиката по кој одев беше да ставам влог за дали цената ќе падне или ќе се качи во период од 2 минути( за разлика од default-ната една минута).Во chartot користев candles во интервал од 1 минута и индикатор RSI со 14 period.Секогаш кога индикаторот ја надминуваше селената линија став влог дека цената ќе падне и обратно.Притоа го наблјудував индикаторот и во рок од 1 ден со цел да видам како се движел бидејќи често ми се случуваше цената да оди поголем временски период нагоре иако според индикаторот би требала да падне и обратно.Сепак оваа тактика не ми овозможува остварување на големи профити.

@Baphomet би ти препорачал да пробаш со демо акаунтите кои што се достапни за на овие сајтови.Јас кога истражував за Iq Option дознав дека тој е европски лиценциран трговска платформа и затоа се одлучив за него (но и ми беше препорачан од одредени луѓе).За другите платформи немам истражувано баш.

-Дали можеби имаш пронајдено нешто повеќе за односот на нашите закони кон овој вид на интернет заработување?

Поздрав
p.s. @burn84 благодарам.
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Свеќи на 1/2 па и 5 и 15 минути во голем дел се market noise.
Скоро и невозможно е да предвидиш каде цената ќе оди заа таков минијатурен временски интервал.

Плус самиот фактот што risk (money) management не е на твоја страна кога тргуваш binary.
Почни со forex.
 
Член од
31 октомври 2018
Мислења
2
Поени од реакции
2
@ЕденТака Немам други информации во врска со законот за ваквиот вид на заработка, ако дознаам нешто во текот на неделава, ќе споделам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom