Трговците со деца од ЦСР!

ДАЛИ СМЕТАТЕ ДЕКА ВО ЦЕНТРИТЕ ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА СЕ РАБОТИ ЗАКОНСКИ И СТРУЧНО?

  • ДА

    Гласови: 1 3,0%
  • НЕ

    Гласови: 24 72,7%
  • НЕ ЗНАМ

    Гласови: 8 24,2%

  • Вкупно гласачи
    33
Член од
11 декември 2023
Мислења
28
Поени од реакции
100
Објави и ич нека не те обесхрабруваат партиските ботови, платеници и слични кодоши кои верувам дека и се причината за која си банирана од фемина. Тука нема да бидеш банирани, но спрдаци и изроди од луѓе, кои ја паразитираат државава и кои единствена работна обврска им е да лајкуваат, шеруваат фејсбук партиски постови и да субвертираат искрена дискусија по форуми, и те како ќе пробаат да те обесхрабрат.

И се надевам дека грешам, но не верувам дека било која телевизија, освен некоја помала можеби, ќе се заинтересира за нешто волку големо. Свесни се они за вакви работи, но длабоко им е подмачкан џебот да си ќутат. Понуди ја твојата приказна на јутуб подкасти и разни здруженија. Дваесет гостувања по подкасти и слично, колку младината да се освести, стариве што се залепени пред телевизор, им нема спас.
НЕ ме обесхрабруваат, ми се закануваат
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.482
Јас ќе ти кажам како ќе почне се и како ќе заврши.

Прво, ептен изреволтирана амбициозно ќе им влезеш со докази, со писма, со искуства и ќе бараш правда по медиуми, по народни правобранители, по невладини правни здруженија, по адвокати, по министерства, по министри, на фб, по судови, ќе пишуваш писма, ќе испраќаш докази по меил, по пошта, по гулаби, ќе кажуваш, ќе кажуваш, ќе пишуваш и објаснуваш..

Некои нема ни на такво да те стават, некои ќе ти речат едноставно дека тоа не е нивни домен, јавноста само ќе ти рече браво донеси ја правдата ние сме со тебе. Со тебе се само на тастатура и за 3 дена ќе те заборават зошто се породила Парис Хилтон и бебето имало огромна глава и од кај сега па да се замараат со твоите глупости, глеј колкава глава има.

А ти правдата нема кај да ја бараш зошто никој не е кадарен и баш не е нивни домен тоа. Ќе ти кажуваат ако не ваму оди таму оди и ќе помине време, на адвокатот мед и млеко ќе му тече од уста, ќе ветува, ќе те бодри, ќе се бори и еден ден едноставно ќе исчезне.

Ти само ќе се разочараш не само во таа институција, него во потполно во се, ама баш се од маалска продавница до влада и ако си човек што не може да трпи неправди само си ризикуваш психички да се оболиш. И ќе банкротираш и цел живот ќе плаќаш, ќе се тегнеш со извршители. Друго апсолутно ништо нема да постигнеш.

Правда нема никаде во нашата земја и батали не ризикувај тужби на многу основи и не го навлекувај гневот кон тебе. Со надевам дека ќе ме послушаш.
 
J

joli1

Гостин

te molam spodeli go tvoeto slicno iskustvo.
 
заканите веќе почнаа.
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.482
заканите веќе почнаа.
Јас вака како што те гледам по постовите и искуството што го имам ќе ти кажам без да ми се налутиш, па не дај боже да извадиш некој прљав веш и за мене ако се враќаш наназад низ форумов, зошто и јас имам минато на корупција и бев во матните води на форумов пред да се вратам на правиот пат :)

Шала на страна а и да не е, не си опасен противник (ова е со добра намера) зошто НИКОГАШ нема да ми ги вратиш мене постовите наназад и да го оформиш профилот за мене како личност спрема моите ставови и да ми дојдеш онака одназад и да ме нападнеш ама ти пиле сега едно збориш пред 5 месеци друго еве ти тап тап на лице место што си пишала каде јас станувам невалиден фактор да се расправам понатаму со тебе за тоа, а и воопшто и невалиден соговорник секому тука зошто сум преварант, лажам, не сум озбилна и тн, него ќе ми пишеш "ЗНАМ ЗА ТЕБЕ СЕ ЗНАМ КОЈА СИ ЌЕ ГО ЈАДЕШ ДА ЗНАЕШ НЕ ЗНАЕШ СО КОГО СИ ИМАШ РАБОТА... или така нешто.

Да читаш меѓу редови и да споредиш, немој да ги потценуваш луѓето кои сакаш да ги "закопаш" а да се преценуваш себеси, зошто во толпата нестручни има и многу опасни ѕверки, опасни манипулатори и психопати.

Ние како народ вечсности знаеме за тие институции, како работат, што се работи таму, зошто се работи и што се случува. Дел биле таму виделе, дел се бореле со тоа зло, дел сеуште се борат, а секој еден од нас има најмалку две блиски особи што биле осакатени од овие институции. Кога ќе го земеш тој процент, статистички испаѓа дека една третина од државава имала проблеми со нив. И мислиш дека во тие луѓе никој не се обидел да обелодени нешто, да сподели, дознал нешто или за своја неправда се борел на секој начин и од тие вечности до сега што се случило?

Колку пати центрите одговарале за нешто?
0 пати.
Колку пати центрите исплатиле оштета на некоја странка?
0 пати.
Колку пати центрите барем јавно се извиниле на некој?
0 пати.

А што знаеме ние од три реда пишано до сега за тебе? Мада навистина не требаше толку да навлегувам не ми беше тоа намерата.
Ти ни влезе тука онака со дерење "ЈАС ДАДОВ ОТКАЗ ТИЕ ТРГУВААТ СО ДЕЦА ИМАМ ДОКАЗИ СЕ ЌЕ КАЖАМ ЌЕ ГИ УНИШТАМ" и секој нормален човек, секој изгорен човек знае дека никогаш никој нема да ја уништи таа институција, па најмалку ти со вакви изјави каде во најмала рака ќе поминеш само како несериозно сфатена, па со тек досадна па и до некаде и разбирам и зошто и банирана.

Категорично ти тврдам дека апсолутно ништо нема да постигнеш, никој нема сериозно да те сфати, никаде нема да најдеш поддршка, батали овие тука борци што те бодрат бори се па да изгинеш, ни треба некој со муда.. Не ни треба никој со муда, моментално мудата ќе ти ги скинат.

И јас не го пишувам ова зошто сум на страна на тие институции, напротив, прва би застанала до некој за кој би мислела дека може да направи нешто барем едно зло да се обелодени, го пишувам многу добронамерно, зошто конкретно ти нема ништо да смениш и те молам да се откажеш од оваа идеја. Поради тебе.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
18.366
Поени од реакции
9.928
@VIKICA33 го снема...изгледа @Хоуп успеа да го разубеди да не се појави јавно во медиумите и да им објави војна на вработените во центарот за соц.работи.
Кратко траеше неговата храброст на форумов :свиркам:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.764
Поени од реакции
36.456

...девојката Викица, (а најмалку поради Хоуп) не исчезнала двете во четворток дале коментар и едноставно таа не се логирала можеби од здравствени проблеми опасно денес се заразуваат од грип и некоја варијатна од коронавирус, па дури истовремено од двете.

...тоа што сака да постигне Викица, сега е како да се влегува во устата на лавот, но тоа не значи дека е плашлива или кукавица ако моментално се откаже, едноставно денес нема кој да ја разгледа и спроведе жалбата, а и да има не смеат поради денешнава власт дали судска, дали министерствата се тоа што кажавте „кадија те тужи кадија те суди“ и затоа мој совет е да нејзината активност „мирува“ јавно додека не дојдат (МОРА ДА ИМА ПРОМЕНИ) со техничка влада и со самите избори да се постават во замена луѓе кои ќе превземат нешто, па тогаш треба да се приложи све што се има и присуство на медиуми или социјални мрежи.

... VIKICA33 биди паметна, седи мирна овој период да се расчити ова корумпираност и несовесни вработени челници по институции, тие се ВИП и бели мечки никој не им може ништо на онкологија им давале физилошки како биолошки лек кој го продавале на црно, прекршени 30 тина протоколи, па еве ништо не им бидна, а не пак деца живи здрави било проблем каде ги дале или пак злоупотреба кон некој родител.

...Викица, тоа не значи дека си се предала, едноставно спреми се сама, види на кои институции ќе пратиш пишани докази за злоупотреба, корумпираност, изработи го сама, најди закон за твоја заштита и како треба да постапиш и после „ќе удриш“ директно во проблемот јавно!

...еве некои идеи каде да напишеш, све што е поврзано со децата:
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.482
@VIKICA33 го снема...изгледа @Хоуп успеа да го разубеди да не се појави јавно во медиумите и да им објави војна на вработените во центарот за соц.работи.
Кратко траеше неговата храброст на форумов :свиркам:
Разбирам која е поентата на постот, се знаеме одамна нели, и пошто е ова тешка тема, ќе ти кажам ете пак, дека не беше да разубедувам за да постигнам јас некој придонес за нечија страна или да избегнам нешто, пошто знам и дека неколку пати со другарките и сте дискутирале и истражувале за мене, ми ласка тоа што сте се заангажирале толку,
знаеш нели и за што правам муабет и ќе ти кажам дека единствената причина зошто ја разубедувам е само за нејзино добро и ништо друго. Најмалку е тоа што и ништо нема да постигне...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.764
Поени од реакции
36.456
...сатисфакцијата за направено добро дело со немање лична корист е возвишена работа и не може тоа било кој, а македонскиот народ е мирен народ да не речам ДЕНЕС малку повеќе млитав, витка кичма, па ако продолжиме тека со ќутенката набргу ќе станеме протекторат и ќе не снема.

... совесниот, што прави добро дело без никаква лична корист, а не мисли дека го прави доброто за да му се врати со добро и да се откаже како вие му предлагате пак ќе пати, затоа што е таков карактерот, воспитана да биде совесена, да сака правдина и да помогне на немоќните, дискриминарите, единствено не треба да брза ниту да иде низ судските лавиринти, не сега, големи пари се губат, а успех никаков, такво е моменталното судство, но жалби треба да се испрати насекаде тоа е одговорност на секој човек, но вработените со партиско влијание за тоа вработување не смеат да имат сопствено мислење вон партијата, а не пак да направат нешто самоиницијативно поради неправда и дискриминацијата на туѓите деца и злоупотреба на родителството за парична корист преку сопственото дете.
 
12212112

17.04.2024
Член од
25 октомври 2023
Мислења
146
Поени од реакции
129
Не ја читам претходната страница, ниту оваа од темава, но ќе го кажам ова: ако толку сакаш да ги споделиш своите искуства, обрати се кај голем медиум како што се IRL (они барем, од моја неписмена перспектива, не ми личат дека се партиски поврзани), или дури обрати се при човек како Лазаров (што верувам дека лета каде што дува ветрот, но сепак и он има некоја гледаност). Попаметно не знам.
 
Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.366
Поени од реакции
4.893
Луѓе тргувале со деца, а советите на членовите се немој не ги кажувај, ќе си направиш проблеми. Една од многуте со докази за теории на заговор, политички некоректности, местени утакмици итн. Ко ќе им побараш докази, ги снемува или пронаоѓаат причина зошто немале докази, им кажала комшивката.

Ти досега требало да ги споделиш информациите на секој чекор каде ќе стигниш. На едно место ќе ти запали намерата. Но, мене ова повеќе ми звучи на добиен отказ и обид за вратка. Се надевам ќе те испровоцира ова доволно за да почниш да споделуваш докази.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.112
Поени од реакции
10.866
@VIKICA33 обрати се до Левица сигурно ке ти излезат во пресрет на објавувањето, батали ги што те мафтаат демек ништо нема да постигнеш, крај на краиштата нека ги јаде црвот нека не спијат мирно, посекако Бог ке им пресуди само се надевам на нив а не на најмилото
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
18.366
Поени од реакции
9.928
@парва мене вака да ми се обрати некоја од теткиве само тивко и бесчујно ќе си потонам во кринџот.
Душо моја, очигледно си му љубоморен на Парва ..ама еве, не плачи:P:pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom