- Член од
- 28 мај 2009
- Мислења
- 3.361
- Поени од реакции
- 3.963
Францускиот свештеник 75 годишниот Лулу Конверсе, во март, годинава, тргнал пеш од Франција за да стигне на гробот на Исус во Ерусалим. Во Македонија заедно со своето магаре Исидор кое му го носи товарот, Конверсе влегол на граничниот премин Табановце, но бидејќи фатила зимата, магарето немало што да јаде по пат, па свештеникот исплашен за неговото здравје, побарал помош во Куманово
Францускиот свештеник 75 годишниот Лулу Конверсе, во март, годинава, тргнал пеш од Франција за да стигне на гробот на Исус во Ерусалим. Во Македонија заедно со своето магаре Исидор кое му го носи товарот, Конверсе влегол на граничниот премин Табановце, но бидејќи фатила зимата, магарето немало што да јаде по пат, па свештеникот исплашен за неговото здравје, побарал помош во Куманово. Гостопримливите кумановачни веднаш го сметсиле во една запуштена куќа, каде тој го поставил својот шатор. Му носеле храна и топли пиајлоци, но ништо не можеле да го разберат, бидејќи Конверсе зборува само француски.
На помош ја повикале локалната професорка по француски јазик, која им ја раскажала прказната за Конверсе, која ја пренесува и Вест.
Тој бил презадоволен од гостопримството на Македонците. За Вест вели дека не се откажува од намерата да испешачи до Ерусалим, но дека мора да го одложи патувањето, се додека не никне трева со која ќе може да се храни магарето Исидор. Тоа, привремено најверојатно ќе биде сместено во Етно Село, а Конверсе, ќе бара подобри услови за да го продолжи своето патешествие.