Трауми од детството

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Па мислат дека мојот страв од птици, најспецифично од гулаби потекнува од тогаш.
Живеевме во Сплит каде што има многу гулаби и галеби и слично. Се сеќавам дека се залетував во нив, си играв као, ги хранев и др. Еден од тие пати мора некое си гадно кљукаље да сум добил затоа што...не паметам од кога ама птици ми се ноќна мора.
Знам дека е смешно и несватливо, ама ако има крилја а не е инсект мене језа ме фаќа :pos:
 
Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
Мајка ми кога била малечка не сакала да јаде и оваа дадилката и викала јади кокошките ќе те изедат, и сега до ден денес таа се плаши од кокошки:pos:
 
S

stefi

Гостин
Не сакам да заборавам ништо, иако многу ствари сум потиснала во себе. Тие искуства ми помогнаа многу да се изградам како личност.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
На 10 години, таман завршив 3 одделение, моите требаше да идат на семинар, татко ми во Охрид, мајка ми во Бугарија на конгрес, а брат ми беше во војска. Татко ми ме одведе кај баба, се заиграв, дете ко дете, тие испија по едно кафе, и тој тргна, пред да тргне се поздравивме. Таман си појде накај вратата, јас се свртев и потрчав до него му рипнав и силно го гушнав. Истиот ден на 9 ти јуни погина во сообраќајка на пат накај Охрид.
Истата вечер, дојде чичко ми, да бара клуч од станот, „пукнала“ цевка, тогаш само прашав кој е: „мама или тато?“ Не сакаше никој ништо да ми каже, дури ни баба не знаеше ништо. Еден час поминат во агонија и солзи, сеуште се сеќавам на секој детал, трчајќи отидов дома, отварам врата и се ми станува јасно...

Најмногу тешко ми падна што една недела пред да се случи ова, со татко ми бев на Козјак, собиравме чаеви, пеќурки, една билка сеуште не беше целосно исушена, па јас му реков, ајде бе таман за 1 недела ќе се исуши ќе дојдеме и ќе ја набереме... арно ама плановите не ни се остварија.

Да не зборам за во основно и средно, кога професорите прашуваа кој каде работи, што се по професија, јас секогаш се вцрвенував и се пропаѓав под клупата. Само еднаш се имам расплакано, кога професорката по ликовно ме праша, бев 5 то одделение, знам дека на жената не и беше пријатно, денеска кога и да ме сретне ми вика знаеш дека од тогаш немам прашано ниту еден ученик за родителите.
Многу малку знаеја дека немам татко, не дека криев, туку затоа што не чувствував потреба да кажам на некој, секогаш имав ведро лице и никогаш не покажував слабост и тага. Како ми е, само Јас си знам.

Денеска на 21 година, можам да кажам дека сум задоволен со себе, среќен сум што ги имам мајка ми и брат ми.
 
Член од
13 септември 2009
Мислења
560
Поени од реакции
434
Трауми од детство...имам една траума која и ден денес е присутна...често пати бев навредуван од страна на "другарите" за мојот физички изглед т.е. бев дебел....по природа бев и сум мн мирен и добар и често пати тоа беше злоупотребувано...секој ден..секое искачање..за играње фудбал “ти свињо неможеш да играш неможеш да трчаш“..за играње баскет исто...буквално за секоја работа и така си седев на страна сам и гледав само..цело време бев психички малтретиран(заебаван) за тоа..а ако се обидев да вратам бев и физички малтретиран..често пати плачев за накај дома..исто и у школо...па кога потпораснав негде 7одд..почнав да се тргам од тие што ми правеа така т.е. од сите..не искачав нигде..со 1-2 другари на сони ако идевме чат-пат и тоа..а у маало немам искочено до ден денес поточно до мојата 18 година..и денес иако доста се изменив физички (184cm 88kg а у 7одд имав 93кг а бев висок 163cm) уште ме следат овие трауми и уште сум затворен..не искачам у град не идам нигде...срам ми е што луѓето мислат за мене..срам ми е да и пријдам на некое девојче..иако нејќам да се случува тоа..уште си имам зацртано дека сум дебел и дека морам да се променам за да го добијам посакуваниот респект од луѓето...а таа промена јас ја замислувам да бидам како холувидски актер па тек тогаш да почнам да го живеам животот....
 
its_ok_im_new

brake lights
Член од
24 август 2010
Мислења
402
Поени од реакции
216

Прво, убаво е да се стремиш кон совршенство, кон нешто подобро. Проблемот кај тебе е што немаш свој живот, туку живееш во туѓ и си ништо освен роб на туѓите размислувања.
Ако си несигурен во себе, и мислиш дека си неатрактивен тогаш НАВИСТИНА НЕ СИ атрактивен.
Ама ако набилдаш самодоверба, имаш високо мислење за себе, силно веруваш во тоа и така се гледаш себе си, ондак момак живееш како што сакаш, а сите околу тебе уживаат во тоа.

И за крај, немој да помислиш дека зборам на празно. Додека бев тинејџер имав акни, па мислам тие неколку години немав погледнато човек во очи. Да не спомнам за огледало.
Се е илузија, и преку ноќ можеш да станеш човекот на кој досега си му завидувал. Не ја барај грешката во другите туку во себе. Среќно.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Трауми од детство...имам една траума која и ден денес е присутна...често пати бев навредуван од страна на "другарите" за мојот физички изглед т.е. бев дебел....по природа бев и сум мн мирен и добар и често пати тоа беше злоупотребувано...секој ден..секое искачање..за играње фудбал “ти свињо неможеш да играш неможеш да трчаш“..за играње баскет исто...буквално за секоја работа и така си седев на страна сам и гледав само..цело време бев психички малтретиран(заебаван) за тоа..а ако се обидев да вратам бев и физички малтретиран..често пати плачев за накај дома..исто и у школо...па кога потпораснав негде 7одд..почнав да се тргам од тие што ми правеа така т.е. од сите..не искачав нигде..со 1-2 другари на сони ако идевме чат-пат и тоа..а у маало немам искочено до ден денес поточно до мојата 18 година..и денес иако доста се изменив физички (184cm 88kg а у 7одд имав 93кг а бев висок 163cm) уште ме следат овие трауми и уште сум затворен..не искачам у град не идам нигде...срам ми е што луѓето мислат за мене..срам ми е да и пријдам на некое девојче..иако нејќам да се случува тоа..уште си имам зацртано дека сум дебел и дека морам да се променам за да го добијам посакуваниот респект од луѓето...а таа промена јас ја замислувам да бидам како холувидски актер па тек тогаш да почнам да го живеам животот....
Вежбаш нешто, у теретана идеш, џогираш? Правиш ли нешто воопшто да си го симнеш комплексот пошто траумите ти биле порано сеа си имаш комплекс кој сам нема да се тргне ако не работиш на негово решавање а ова шо ти напишав ти е најбрз и најлесен начин. Да не биде само дека седиш дома тажиш и не правиш ништо?

Среди тело па следна фаза ти е упис на карате, аикидо или бокс и имаш големи шанси голем дел од комплексите да ти се тргнат :).
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Па во основно од 1-во до 8-мо одделение не се дружеа со мене дека сум сиромашен, па поради тоа почнував да ги избегнувам луѓето
и да ги делам на сиромашни и богати, и гледав да се дружам со луѓе кој се со слична материјална состојба ( татко ми е алкохоличар, родителите не ме сакаат:place:)и децата сешто измислуваа за мене и ме тормозеа, ја избегавав мојава населба и ја мразев (до ден денеска е така). Потоа настана проблем во средно ( заради траумите во основно и страв) дека немав пари за излегување во град, па се плашев од вистината и четири години ќутев дека немам пари за да излезам, некој сватија зошто е така некој јадеа гомна позади грб и се смееа на туѓата несреќа.... Има уште многу од кој некој не се за во јавност, а и еден настан кој се случи лани....
 
Член од
27 март 2011
Мислења
361
Поени од реакции
161
mnogu mnogu te razbiram decko,znam kako e
--- надополнето: Oct 26, 2011 1:00 PM ---
vo vrska so roditelite,batali gi ne vredat da se zamaras so niv ako tie ne se zamarale so tebe koga trebalo
--- надополнето: Oct 26, 2011 1:04 PM ---
i mene taka me zamaraa decata,tatko mi deka e crn velea deka on e cigan i deka i jas sum,i me vregaa.zgora na toa on mislese deka sum diftar,izrod zatoa ne sakam da se druzam so decata...mnogu mnogu loso.ne sakam da se sekavam,psihickata tortura
--- надополнето: Oct 26, 2011 1:12 PM ---
strav mi e od pajaci i od kucinja
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Prvata polovina od zivotot ni ja zaebuvaat roditelite a vtorata decata-procitav nekade.
Lechat komplexi na nas, no neli koa imas 40 g i da se oni krivi nemas pravo da se zalis na niv iako istorijata na bolesta ima dalecen pocetok, vo detstvoto. Mnogu denesni veke ostareni obrazovani luge se bukvalno invalidi i kako nevaldni i nepotrebni na pazarot na trudot sedat doma ko penzioneri samo sto nikoj ne im dava penzija a penzionerite koi so lezenje se dobija od toj socijalizam sega mozat da ebat mladi pichinja oti imaat pari i privilegii. Najesto nie koi rastevme vo socijalizmot ni vikaa uci ne zanat nego uci skolo i sega sme za u kanta nekogas znacese nesto koga nekoj ima skolo sega iljadnici takvi visat po biroa za vrabotuvanje!
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
16
Поени од реакции
12
Иако имав само 4 години памтам колку патев додека наполнив 7 години од кога останав без родители кои ме остаеја на милост и немилост на овој наш “идеален“ свет.
Траумите следеја после тоа од комшии, од покажување на заби и сила од “паметните“ возрасни лица.
Да, баш така беше.
Се присеќам тие работи и сфаќам колку ми било тешко иако бабами ме има чувано но никогаш не ми исчезнува од пред очи сликата кога мојата мајка ме тепа и остава иако само толку години сум имал, проблемите од рајата исто така.
Но тоа незначи дека јас морам да бидам полош. Ниту некој сериски убиец на родители или дека јас нешто ќе им направам слично во иднина на моите деца. Напротив секоја маана спрема мене треба да ни биде само причина плус да станем подобри, а не полоши како во америчкото социјално друштво и нивните приказни.

Лошата ствар е тоа што буквално почнувајќи од моите родители па се до оние “јаките“ на мали деца им се одмаздив.

Сега одам со крената глава, горд сум на себе, тие трауми не ме направија наркоман, бездомник, уличар, пијаница или криминалец. Напротив, студирам два факултети, работкам во слободно време, пишувам сценарио за филм да си ја искористам мојата фантазија до максимум, се трудам да успеам.

Лошото е што направив физички да им вратам како што ме малтретирале порано оние “јаките“ со порака дека детето порасна.

Се откажав на секој можен начин од моите родители кога им требав и продолжив со својот живот, додека доживеани работи останаа само во мене за кои не се плашам да пишувам или да советувам некој со слични доживувања.

Секоја траума може да ве уништи психички но може да ве направи посилни во себе и позрело да размислувате.
--- надополнето: Oct 26, 2011 2:11 PM ---
Prvata polovina od zivotot ni ja zaebuvaat roditelite a vtorata decata-procitav nekade.
Lechat komplexi na nas, no neli koa imas 40 g i da se oni krivi nemas pravo da se zalis na niv iako istorijata na bolesta ima dalecen pocetok, vo detstvoto. Mnogu denesni veke ostareni obrazovani luge se bukvalno invalidi i kako nevaldni i nepotrebni na pazarot na trudot sedat doma ko penzioneri samo sto nikoj ne im dava penzija a penzionerite koi so lezenje se dobija od toj socijalizam sega mozat da ebat mladi pichinja oti imaat pari i privilegii. Najesto nie koi rastevme vo socijalizmot ni vikaa uci ne zanat nego uci skolo i sega sme za u kanta nekogas znacese nesto koga nekoj ima skolo sega iljadnici takvi visat po biroa za vrabotuvanje!
I jas rasatev vo vremeto na socijalizmot...Ucev za da moite roditeli se gordeat so mene...Bev srekna koga im gi gledav sreknite lica koga sosedite me falea...Rabotev23g. Imav pari i togas site me sakaa...Mi se rodi bolno dete-pocnaa vednas da me izbegavaat...Duri i moite roditeli...Stanav stecaec koj edvaj go krpi denot...Nikoj ne mi podade raka za pomos nitu mi kaza ubav zbor...Sega gi gledam problematicnite deca od mojata generacija kako ziveat raskosno i vozat skapi koli...Se prasuvam ;dali vredea site moi napori i odrekuvanja vo zivotot?Srekna sum sto imam prekrasen soprug koj mi e najdobar prijatel...Da, so zaednicki sili gi gazime losite momenti vo zivotot...
 
Не ми се верува... :place::place::place: Се надевам сте во ред сега!
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Mene ko da sum dete od 15 g mi vikaat ne si samo ti ima ko tebe ehe 30% se nevraboteni a tatko mi cel zivot bese profesor so poln fond na casovi cel zivot i doceka i spored staz i spored godini penzija a uste nediplomiran se vrabotil na vremeto, brat mu e redoven profesor na Elektrotehnicki fakultet i istite tie ne mozelle da mi pomognat a sum i diplomiran i magister i licenca za obezbdeduvanje izvadiv i poloziv za drzaven sluzbenik i sega oni vikaat ti si mrza nejkes da rabotis a oni sirotite ne mozele da pomognat, da dade gospod da me nadziveat no ako kleknat abe casa voda nema da im dadam, ke recam sakam ama ne mozam!
 
Za zal vo nasata mala drzavicka nema sluh za malite luge so golemi problemi...I jas gi slusam istite raboti(mrza,ne saka da raboti...)Iako sakam da ne dopiraat tie raboti do mene...ne e taka....Socijalizmot(toj losiot)ne ucese da socustvuvame,da pomagame,da delime....Ova vreme(za nekoi-dobro)e prazno,ladno,sebicno i egoisticko...Mojot maz e dipl.masinski inzener koj zavrsi so prosek9 vo vremeto na Tito...Ima samo 18g.staz i e stecaec kogo DRZAVATA go nagradi so toa da se prijavuva vo biroto i bezuspesno da bara rabota...Ne se razocaruvaj,sega znam deka site sto te sakaat samo poradi parite -ne ti trebaat....A za roditelite sekoja cest...Ne ucea edno a pravat drugo_Obezbedeni se so penzii i zatoa ne ni znaat kako e da gledas vo zivotot so prazni dzebovi...Nema da ti pobaraat voda tebe -ke platat drugi luge koi za pari ke im laskaat i ke gi molzat...Od iskustvo ti kazuvam...Samo nemoj da ja gubis verbata vo sebe...GOLEM si koga imas tola dusa vo sebe...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom