Трансхуманизам (H+)

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
али не сфаќам што е таа сила што ја привлекува материјата во материјална смисла.
Сопствената маса/енергија што ја поседува материјата ствара поле околу неа, што има тенденција да привлекува или да биде привлекувано од други такви полиња. Тој меѓусебен однос се нарекува гравитација. Со оглед на тоа што материјата била одсекогаш во движење, највероватно тоа е елементарната причина за создавање на такви полиња. Ако се водиме од фактот дека почетокот на се бил БигБенг, тогаш крајната слика на тоа што се случува горе би требало да изгледа нешто слично... соединување на се. Нормално, ова се само теории.
Вака би изгледало тоа поле.
А за другото, неам ништо ново прочитано дека квантнава механика има начин за пореално пратење(сликање) на таа субмолекуларна интеракција.. било кратка или долга. затоа е тешко да се изнесе заклучок по тоа прашање.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238

Да ова ми е јасно, конфузниот дел ми е, тоа Поле, поле што привлекува (и одбива) шо е тоа? Зошто настанува, океј знам, ама што е? Материја е?
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Да ова ми е јасно, конфузниот дел ми е, тоа Поле, поле што привлекува (и одбива) шо е тоа? Зошто настанува, океј знам, ама што е? Материја е?

Види, ако се работи за некаков однос помеѓу материја и материја, тогаш настаните сигурно се одвиваат на молекуларно ниво. Во таков случај, заклучокот би бил дека се работи за материја. Има некој тврдења, дека честичките - гравитони, се причинители за појавата на гравитационите полиња. Тоа е едно.
Според Њутон, материјата сама по себе има тенденција на соединување. Сите објекти во просторот имаат заедничка цел, а тоа е тотален спој на сета материја, како што и било на самиот почеток. Највероватно БигБенг-от не бил доволно катаклизмичен за да ја одцепи материјата засекогаш.
И за крај тука ти е Ајнштај, кој на гравитацијата не гледа како сила, туку како искривување на времето и просторот.
Во состојба на непречено движење, материјата се движи праволиниски, се додека не и попречи нешто на патот.
Е според него, материјата сеуште се движи така, но поради тоа искривување, патеките им се пресретнуваат на одредена точка.

Но кај сите теории, движењето на материјата е елементарен причинител за постанокот на гравитацијата.
Во комплетно статична состојба, нешто слично како сингуларитетот, не егзистираат многу такви феномени.. Не егзистира ни времето, ни гравитацијата.
Па сега, субјективна ствар е како ќе гледаш на работиве.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Се е тоа супер, но не ми го одговара прашањето.
Нема везе :) Да стигнам до писи и ќе подистражам :)
Фала Никола.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Да ова ми е јасно, конфузниот дел ми е, тоа Поле, поле што привлекува (и одбива) шо е тоа? Зошто настанува, океј знам, ама што е? Материја е?
Проблемот е што нема конкретна дефиниција ниту за тоа што е материјата. :)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
А моментот што коа ја посматраме се понаша различно?
Па затоа неможе да се дефинира. Ако набљудувањето влијае на материјата, тогаш дали материјата е производ на свеста - субјективноста а не обратно како што обично повеќето луѓе сметаат?
Тоа фактички повлекува заклучок дека објективноста - материјалната реалност е последица на субјективноста, колку и да звучи тоа лудо за некого.
Нешто кое Макс Планк и Нилс Бор го имаат изјавено во првата половина од 20-от век:

“All matter originates and exists only by virtue of a force which brings the particle of an atom to vibration and holds this most minute solar system of the atom together. We must assume behind this force the existence of a conscious and intelligent mind. This mind is the matrix of all matter.”
Max Planck
“Everything we call real is made of things that cannot be regarded as real. If quantum mechanics hasn't profoundly shocked you, you haven't understood it yet.”
Niels Bohr
 
Ако е дериват на свеста, можеме ли да управуваме со неа?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Ако е дериват на свеста, можеме ли да управуваме со неа?
Па самото тоа што влијаеме на неа на квантно ниво, значи дека управуваме со неа.
На пример еден пост на кајгана е дериват на одредена идеја, но зависно од квалитетот на идејата, постот може да има само една реченица, а може да има и три страни. Така и влијанието врз материјата зависи од степенот на кој се наоѓа свеста со која се контемплира одредена количина на материја.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Па самото тоа што влијаеме на неа на квантно ниво, значи дека управуваме со неа.
На пример еден пост на кајгана е дериват на одредена идеја, но зависно од квалитетот на идејата, постот може да има само една реченица, а може да има и три страни. Така и влијанието врз материјата зависи од степенот на кој се наоѓа свеста со која се контемплира одредена количина на материја.
Прашањето кое првично се поставува е кој е тој што ќе управува. Секоја намера да направиш нешто е резултат на мисловниот процес кој што ја вклучува материјата(мозокот) па од тука не ја трансцендентира реалноста. Од тука и Зен филозофијата на акција преку неакција. Преку "пасивно" набљудување уствари може едниствено да се влијае на материјата, од тука и на "судбината".
 
Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
831
Поени од реакции
1.457

Би додал/дополнил можеби и корегирал некои работи. Ги немаме расчистено некои базични поставки, нема консензус околу некоја парадигма која би служела за основа понатаму па затоа се доаѓа до такви сулуди заклучоци кои звучат не само неинтуитивно туку и нелогички за многумина.
Тука мислам на епистемелогијата пред се која не е дел од научниот метод и е комплетно игнорирана и сите наши спознанија се земени здраво за готово, а истата е многу битна во квантната механика, без разлика што ќе речат многумина што не ја проучиле доволно, знаеш сам колку смешни натегање имаше на форумов. Не дека тоа го прави научниот метод неточен, туку ги доведува до прашање неговите интерпретации.
Што е работата со свеста, надбљудувањето, материјата и како се исповрзани меѓу себе? Ја мислам дека Планк а посебно Бор многу добро ја сфатиле суштината, но пак не успеале или немале желба, идеја да го скоцкаат тоа за и другите да го разберат комплетно, можеби затоа што науката била нив главен интерес, а не филозофијата, а проблематиката ги опфаќа и двете теми, колку и да некој не гледа начин како би се споиле.
Дали навистина дрвото во шумата паднало ако никој не го видел? Дали месечината постои ако никој не ја надбљудува? Што е всушност тоа ПОСТОИ? Според интерпретациите на Бор, Месечината баш и не постои кога не е надбљудувана, колку и да звучи глупаво на прв поглед, имале спор со Ајнштајн за ова кое звучело лудо дури и за него. Но, иако нашиот ум си креира илузија дека се` си продолжува на ист начин и кога не постои во нашата свест, не знаеме и не можеме да имаме доказ за тоа, задираме во некои филозофски теми тука, ама интересното е што со квантнава физика тие имаат директни, реални, практични импликации.

Вака, пред се нема да давам докази пошто работиве се елементарна логика и аналогија. Што значи тоа дека надбљудувањето влијае на материјата? Што е материја? Материја не е ништо освен некаков модел во нашата свест за нешто „надвор“ што всушност е наше внатрешно доживување, никогаш не допираме до нешто „надвор“. Како што рекол Бор чинам, се тоа се случува затоа што умот е крајна станица до која допираме до се што знаеме, не може да се прескокне умот. Реалноста вели тој исто, не е во електронот, туку во надбљудувањето. А каде е надбљудувањето? Во нашата свест. Се она што го нарекуваме научен метод, надбљудување, реалност не е ништо друго освен некакво „њуркање“ би го нарекол низ свеста, индивидуална, а и колективна, а таа свест, или барем делот од таа свест што го нарекуваме материја може да е производ на поинакви принципи и закони од оние што ги знаеме како физички, каузални, материјални... ние никогаш не пристапуваме до нив, па си правиме бајрам на мозокот дека кога не ги гледаме постојат во сите можности состојби нештата (каков доказ имаме за тоа освен наш модел за полесно да си објасниме некои ствари?). Не е дека електроните чекаат на готовс да се свртиме накај нив па да завземат една состојба... бидејќи така некои го претставуваат звучи ирационално, смешно, мистично или нелогично. Па затоа кога ќе се земе се здраво за готово без претходните дефинирања импликациите изгледаат бизарни и шокирачки. И вака изгледаат но имаат логичка основа, треба само вистински пристап и отворен ум за работи кои веќе ги знаеме и можеме да ги поврземе, но ни изгледаат неинтуитивни без добро да ги изанализираме.

Всушност тука некаде погоре според мене лежи зајакот, ни треба редефинирање на што е тоа реалност или барем до што е тоа реалност за нас и до каде е нашиот пристап (ум) што е тоа надбљудување и каде се извршува (Пр: умот ја има како продукт реалноста која е продукт од нас и нешто екстерно, надбљудувањето е истражување на тој продукт а не на тоа екстерно кое не може да се нарече ни реалност за нас)... кога ќе се дефинираат вака работите може да се дојде до комплетна и логичка целина, што не ја прави целата работа помалку мистична, ама дава different overview, или поинаков агол на гледање на нештата, далеку пологичен :D
Ако е дериват на свеста, можеме ли да управуваме со неа?
Хмм... who knows... управуваме ли со телата? Ако вистинската приророда на квантниот свет е некаква игра на шанси... можеби е мозокот amplifier кој ја преточува иницијативата од свеста во акција :) чисто шпекулативно... :D
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Па самото тоа што влијаеме на неа на квантно ниво, значи дека управуваме со неа.
На пример еден пост на кајгана е дериват на одредена идеја, но зависно од квалитетот на идејата, постот може да има само една реченица, а може да има и три страни. Така и влијанието врз материјата зависи од степенот на кој се наоѓа свеста со која се контемплира одредена количина на материја.
Значи прво, тоа што материјата се однесува на два различни начина кога ја набљудуваме или не, не е доволно силен аргумент за одма да заклучиме дека влијаеме на неа. Но е дефинитивно можно, и јас Верувам во тоа. Е тек сеа се наметнува прашањето дали можеме да управуваме со неа? Дали можеби ние сме точките во кои свеста субјективно се доживува себе си (се наоѓаме на хоризонтот и промената ја следиме во живо) што ни ствара чувство на одвоеност и влијание врз свеста која сеуште не е самосвесна и ја нарекуваме материја, а уствари колку поише и навлагаме станува очигледно дека такво нешо не постои (материја), туку само свест како градбена единица. Дали сме Самосвесен читач/набљудувач на промена која се случува. (Само случува, не во простор не во време) или пак сме прожектор, односно извор на свеста? Ако сме тоа, тек тоаш се поставува прашањето дали е изворот на свеста спонтан/случаен/рандом или пак предодреден (хорот пред зборот или само непостоење заборав и мрак?) или пак одреден од Волјата која е слободна. Во првите сценарија сме пасивен набљудувач на промената која е постоењето (со тоа што останува прашањето дали ако прекине набљудувањето ќе прекине и постоењето) или пак сме активен учествувач во промената.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Прашањето кое првично се поставува е кој е тој што ќе управува. Секоја намера да направиш нешто е резултат на мисловниот процес кој што ја вклучува материјата(мозокот) па од тука не ја трансцендентира реалноста. Од тука и Зен филозофијата на акција преку неакција. Преку "пасивно" набљудување уствари може едниствено да се влијае на материјата, од тука и на "судбината".
Никој не управува и сите управуваат. И едниот и другиот став се точни, затоа што секој е кокреатор на реалноста - секој е центар на универзумот - подеднакво.
--- надополнето: 24 октомври 2013 во 00:28 ---
Всушност тука некаде погоре според мене лежи зајакот, ни треба редефинирање на што е тоа реалност или барем до што е тоа реалност за нас и до каде е нашиот пристап (ум) што е тоа надбљудување и каде се извршува (Пр: умот ја има како продукт реалноста која е продукт од нас и нешто екстерно, надбљудувањето е истражување на тој продукт а не на тоа екстерно кое не може да се нарече ни реалност за нас)... кога ќе се дефинираат вака работите може да се дојде до комплетна и логичка целина, што не ја прави целата работа помалку мистична, ама дава different overview, или поинаков агол на гледање на нештата, далеку пологичен :D
Се сложувам дека е потребно редефинирање на терминот реалност, бидејќи за само еден век, универзумот од детерминистички - механички, испадна дека е непредвидлив и претерано сличен на субјективните живи ентитети во него, кои се обидуваат да го дефинираат.
Значи прво, тоа што материјата се однесува на два различни начина кога ја набљудуваме или не, не е доволно силен аргумент за одма да заклучиме дека влијаеме на неа. Но е дефинитивно можно, и јас Верувам во тоа. Е тек сеа се наметнува прашањето дали можеме да управуваме со неа? Дали можеби ние сме точките во кои свеста субјективно се доживува себе си (се наоѓаме на хоризонтот и промената ја следиме во живо) што ни ствара чувство на одвоеност и влијание врз свеста која сеуште не е самосвесна и ја нарекуваме материја, а уствари колку поише и навлагаме станува очигледно дека такво нешо не постои (материја), туку само свест како градбена единица. Дали сме Самосвесен читач/набљудувач на промена која се случува. (Само случува, не во простор не во време) или пак сме прожектор, односно извор на свеста? Ако сме тоа, тек тоаш се поставува прашањето дали е изворот на свеста спонтан/случаен/рандом или пак предодреден (хорот пред зборот или само непостоење заборав и мрак?) или пак одреден од Волјата која е слободна. Во првите сценарија сме пасивен набљудувач на промената која е постоењето (со тоа што останува прашањето дали ако прекине набљудувањето ќе прекине и постоењето) или пак сме активен учествувач во промената.
Во врска со болдот. Мислам дека е доволно силен аргумент, затоа што е факт утврден и докажан дека актот на набљудување влијае на исходот. Негледам поинаков заклучок, со кој би се објаснило влијанието на набљудувањето кое е субјективен чин, врз исход на експеримент кој е објективен чин, со постојните причинско - последични механизми.
Според мене дистинкцијата помеѓу термините постоење и Свест е вештачка и непотребна, бидејќи означуваат една иста суштина.
 
Ја можда ви се убацувам у муабетов, ама би продискутирал за подвлеченото. Може и на поинаков начин да се гледа тоа. Не знаеме како се однесува материјата кога не ја надбљдуваме, по чиста логика што не можеме да надбљудуваме нешто што не е надбљудувано, контрадикција. Тоа што си градиме некаков теоретски модел како се однесува (во сите можни состојби демек e) не мора да значи дека соодвејствува со фактичкото, ако воопшто смеам така да се изразам. Она ненадбљудуваното не мора да значи дека е реалност само по себе, всушност „реалност“ што никој не ја доживува? „Реалност“ а не се наоѓа во нечиј ум.. :cautious: Бор вели дека реалноста е во надбљудувањето, не во самите електрони, атоми и тн. Како што чкртнав погоре, сетоа надбљудување е само њуркање низ свеста, а ако реалноста е продукт на свеста значи никогаш не допираме до надворешните механизми кои ја диктираат природата, туку само до продуктот од нешто „надворешно“ до кое никогаш не допираме вистински [и покрај тоа што си ствараме таква илузија за ras extensa] и нашиот ум. И под механизми не мислам дека мора да е тоа нешто каузално или детерминирано од некакви закони какви што ги знаеме, можеби се баш мистични, „магични“ или интелегентни и тн.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Никој не управува и сите управуваат. И едниот и другиот став се точни, затоа што секој е кокреатор на реалноста - секој е центар на универзумот - подеднакво.
--- надополнето: 24 октомври 2013 во 00:28 ---

Се сложувам дека е потребно редефинирање на терминот реалност, бидејќи за само еден век, универзумот од детерминистички - механички, испадна дека е непредвидлив и претерано сличен на субјективните живи ентитети во него, кои се обидуваат да го дефинираат.

Во врска со болдот. Мислам дека е доволно силен аргумент, затоа што е факт утврден и докажан дека актот на набљудување влијае на исходот. Негледам поинаков заклучок, со кој би се објаснило влијанието на набљудувањето кое е субјективен чин, врз исход на експеримент кој е објективен чин, со постојните причинско - последични механизми.
Според мене дистинкцијата помеѓу термините постоење и Свест е вештачка и непотребна, бидејќи означуваат една иста суштина.
Кога ја одвртуваш славината тече вода. И сеа ние викаме одвртувањето на славината има влијание на течењето вода. А реално се што можеш да тврдиш е дека настанала промена. Се десило едното па се десило другото. Причината (каузалноста) односно влијанието, го извлекуваш емпирички со тоа што 100 пати ја вртиш славината и сто пати тече вода закључуваш дек мора да е до тоа. Проблемов со донесување вакви заклучоци верувам ти е јасен од филозофијата..
Цепидлачам ама.. коа ти е битна вистината .. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom