- Член од
- 1 јули 2009
- Мислења
- 299
- Поени од реакции
- 343
Кај се најде ти толку искусен и нутриционо освестен?! Ако на база на искуства ги проценувавме нутритивните вредности на храната, уште ќе се храневме како ловци-собирачи. Дај цитирај научна студија која тврди дека храната во супермаркетите е штетна, или уште подобро дека органската храна е барем трошка подобра од конвенционално одгледаната. И објасни зошто побогу храната во МК би била подобра???Не сум сигурен дека ќе биде баш така. Ќе ти го дадам следниов пример за илустрација. Во САД денес 60-70% од храната е генетички модифицирана -- biotech, genetically engineered food, и, популарниот frankenfood (Frankestein + food) се алтернативните термини. Овошјето, зеленчукот, многу видови месо, риба од рибници, итн. што се купуваат во супермаркетите се ЃУБРЕ -- никаков вкус, овошје и зеленчук што содржи генетски материјал од инсекти (заради отпорност кон истите), месо накљукано со антибиотици и хормони за раст...Се разбира, угланцано и лепо сортирано на рафтовите, хигиенски спакувано...Органската храна е компаративно многу поскапа, а не е многу поквалитетна. Во МК храната (скоро сета) е неспоредливо подобра.
ГМ како и сите видови храна и лекови минува супер ригорозна процедура за регистрација преку ФДА, и најголемите експерти во своите области со сигурност тврдат дека е сосема здрава и исправна за користење. Ако ти можеш да ги побиеш, повели.Стандардите пропишани од FAO и WHO предвидуваат „супстанцијална еквиваленција“ на ГМ храна и редовно испитување на нејзината безбедност. Ставот на Владата на САД (врз кој имаат силно влијание големите корпорации и разџни лобија) е дека ГМ храна е „БУТАЈ!“ -- според владините оценки на САД, ГМ храната е безбедна, поотпорна на болести и дава поголеми приноси. Се работи за страшен бизнис. Да не дрвам со извештаи на независни институции -- ГМ храната и тоа како е ризична. Затоа ЕУ има сосема поинакви регулативи и проценки -- ГМ храна во Европската Унија е многу помалку застапена (немам точни статистички инфо за ЕУ, но може да се провери) и ориентацијата е на органска храна.
Ова е муабет собран од пред кооперација. Секој што го гледал фоод инц. сега е професор за диететика.САД така создадоа евтина храна за секого и у енормни количества -- генетички модифицирано ѓубре. Тоа е идното решение за решавање на гладот во светот -- ќе им дадат да се сладат со frankenfood на сиротињата во Етиопија, Сомалија, Бурма, Лаос, итн. Најнови студии во САД јавуваат авансирана дегенерација на црн дроб и жолчка кај луѓе што конзумираат главно процесирана храна (читај сиротиња што главно се тови со хамбургери од два долара во МекДоналдс, Бугер Кинг и остали).
Ако има овци за стрижење, ќе има и кој да ги шиша. Ќе има индустрија за органска храна која ќе им продава "здрава храна" на лековерните.Не е далеку денот кога речиси сета храна во САД ќе биде генетички модифицирана. Каков избор ќе имаат Американските потрошувачи ако за органска храна ќе треба да патуваат во Мексико, Парагвај или Бразил?
Ако нема овци за стрижење (се надевам така ќе биде), органската храна и сите нејзини недоветни еквиваленти ќе завршат на буништето на историјата, каде што завршиле и еден куп екстензивни и помалку продуктивни начини на користење на ресурсите, како на пример ловењето-собирањето, мануелното екстензивно земјоделие и фармерството од пред-индустриската ера.