Мислам дека никој не може никого да натера да си купи компјутер, да си купи мобилен или мерцедес. Технологијата постои, а човекот има загарантирани права и личен избор.
Не гледам место за паника. Ако неќеш нови бели дробови - don't get any, нели.
Ако неќеш да леташ со авион, бујрум у брод. Мислам дека е горе-доле исто.
Не сум сигурен дека се` ќе биде баш така. Ќе ти го дадам следниов пример со храната за илустрација. Во САД денес 60-70% од храната е генетички модифицирана --
biotech,
genetically engineered food, и, популарниот
frankenfood (
Frankestein + food) се алтернативните термини. Овошјето, зеленчукот, многу видови месо, риба од рибници, итн. што се купуваат во супермаркетите се
ЃУБРЕ -- никаков вкус, овошје и зеленчук што содржи генетски материјал од инсекти (заради отпорност кон истите), месо накљукано со антибиотици и хормони за раст...Се разбира, угланцано и лепо сортирано на рафтовите, хигиенски спакувано...Органската храна е компаративно многу поскапа, а
не е многу поквалитетна. Во МК храната (скоро сета) е
неспоредливо подобра.
Стандардите пропишани од FAO и WHO предвидуваат „супстанцијална еквиваленција“ на ГМ храна и редовно испитување на нејзината безбедност. Ставот на Владата на САД (врз кој имаат силно влијание големите корпорации и разџни лобија) е дека ГМ храна е „БУТАЈ!“ -- според владините оценки на САД, ГМ храната е безбедна, поотпорна на болести и дава поголеми приноси. Се работи за страшен бизнис. Да не дрвам со извештаи на независни институции -- ГМ храната и тоа како е ризична. Затоа ЕУ има сосема поинакви регулативи и проценки -- ГМ храна во Европската Унија е многу помалку застапена (немам точни статистички инфо за ЕУ, но може да се провери) и ориентацијата е на органска храна.
САД така создадоа евтина храна за секого и у енормни количества -- генетички модифицирано ѓубре. Тоа е идното решение за решавање на гладот во светот -- ќе ја ранат со
frankenfood сиротињата во Етиопија, Сомалија, Бурма, Лаос, итн. Најнови студии во САД јавуваат авансирана дегенерација на црн дроб и жолчка кај луѓе што конзумираат главно процесирана храна (читај сиротиња што главно се тови со хамбургери од два долара во МекДоналдс, Бугер Кинг и остали)
. Звучи парадоксално, ама ваквата ситуација е одлична за бизнис -- еве кој се` има ќар: прехрамбени корпорации, МекДоналдс-тајп корпорации, болници, медицински институции, фармацевтска индустрија, осигурителни компании... Сосема извесно ми изгледа сценариото во кое ќе се јаде ГМ храна (од која дегенерираат органи) за потоа да се имплантираат нови
. Тоа ќе биде одличен бизнис за идните корпорации кои ќе произведуваат бионички ткива и органи.
Не е далеку денот кога сета храна во САД ќе биде генетички модифицирана. Каков избор ќе имаат Американските потрошувачи ако за органска храна ќе треба да патуваат во Мексико, Парагвај или Бразил?
Не сакам да фурам параноја, заверашки теории, ниту пак тврдам дека целиот трансхуманизам ќе има вакви резултати. Само сакам да укажам дека има место за сомнеж и дискусија дури и за некои технолошки промени како ГМ храната. Исправи ме ако проценкава ми е бош.