Трансформација на Света Софија во џамија

Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
Можеби ова ќе звучи малце романтичарско, ама што убаво ќе беше Источното Царство да опстанеше, голем дел од балканот православци, мориња на сите страни а не вака на секое километарче држава.
Е почекај де, Македонија Вечна беше само реклама, не се ограничувај само на Балканот, ќе им помине рокот и на овие државчиња а и на православието кога тогаш...
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.524
Поени од реакции
26.013
Уште да знаеш што значи поимот секуларна. Како може религијата да биде секуларна? Секуларна може да биде државата, не религијата. Секуларна религија, мајко мила. :confused:
Автоматски споено мислење:

Преубаво. Каде има поубаво од царство? Само еден е човек, сите други се полулуѓе, поданици односно субјекти, на милост и немилост на едниот. Поубаво здравје.

Каде е сега @jamajka да ни ги објасни благодетите на монархијата?
Не сери, досаден си... Уживај си во илузијата на слобода што ти ја пружа демократијата :)
 
JUVE_Ultras

Ragazzo della piazza
Член од
22 септември 2010
Мислења
2.451
Поени од реакции
3.968
Што има париската црква со Ердоган што реши музеј да направи џамија? Ништо слично не се случило на западот... Аја Софиа не е уништена, таму е! Фреските не се допрени од XVI век кога биле тогаш масакрирани... што е сменето од сега кога е прогласена за џамија а не за музеј? Што ќе ти смени тебе ако пак имаш пристап да ја видиш Аја Софиа од внатре, да се шеташ?
Тоа што пред да биде џамија Аја Софиа била музеј?

Јас велам дека како што некогаш била црква, па потоа џамија, па потоа музеј, па се пак џамија... можеби на крајот пак ќе се врати да биде црква...
Не знам тебе што ќе ти смени ако е црква... мене ништо не ми менува се додека не се уништува културата од минатото...

Замисли ако им текне храмовите во Едфу да ги направат џамиии во Египет (бидејќи муслимани)!
Се додека не ги уништуваат - се е во ред.

Во Македонија многу стари храмови од пред христијанството се искористени за да бидат изградени врз тие темели христијански цркви!
Во прилепско дури и истите камења се искористени за изградба на црква!

Така да, сега е се мерење фалуси... не им е ни до културно наследство ни за било што друго: туку зошто е џамија а не црква или во најдобра мера status quo нема да биде ниту на христијаните ниту на муслиманите!
Глупости.
Па ќе видиме колку нема да менува ништо тоа што е џамија,а не музеј. Прашање е сеа дали ќе биде толку достапна за туристи особено за време на молитви и слични обреди дали со тоа што е трансформирана во џамија ќе останат недопрени и фреските и останатите христијански обележја. Еднаш останале зачувани,али и храмовите во Палмира останале зачувани и во времето кога се појавил исламот и тоа толку години,па видовме какво сквернавење и уништуање имаше од страна на ИСИС,иако Палмира исто беше под заштита на УНЕСКО.Така да никакви гаранции нема после овој потег на Ердоган дека ќе останат тие работи недопрени.

Иначе баш заради значењето за христијанскиот свет како централен храм на христијанството цел милиниум е прогласена за музеј. Ова со храмовите во Египет не воопшто добар пример затоа што не се муслимански храмови и никогаш не биле. Ако ги направат џамии нормално дека ќе им се смени изгледот и ќе се уништат.

Овој потег на Ердоган е како сеа Израелциве да им влезат во Ал Акса во Ерусалим или во Омаровата џамија и да си го вратат Храмот на Соломон и Вториот Ерусалимски храм кои постоеле на ова место уште пред исламот и бил свето место за Евреите или да го напраат музеј затоа што е важно место и за двете религии. Али ако го направат ова трета светска ќе почне и прв ќе се крене Ердоган,иако според неговата логика која гласи Аја Софија е во Турција и како ќе кажеме ние така ќе биде,сеа кога Ерусалим е главен град на Израел имаат можда и они право на ваков потег.
 
Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
Државата сама по себе е религија. Политчко уредување, закони, национални симболи и одлики,криминал и внатрешни кругови, банкарство итн....
И у случај да се вадиш на молење, клањање и обожување, куп култури со религија биле без тоа(рим, кина).
Замени "религија" со "пропаганда", "догми" со "национални интереси/стратегија/економија/диполоматија " и"еретици" со "предавници/криминалци"
и реченицата има иста смисла.
Хмм не точно религија но може да заличи на црква ако државната религија е секуларна :angel:
Политичките идеологии се еден вид секуларни религии и затоа е потребата од несекуларна религија во секуларна држава, за да не обожава човекот императори, национални симболи, политички и економски системи... како што бил случајот со Рим и Кина, каде императорот бил обожаван како бог... како што е случајот денес со Северна Кореа...
Токму ова го прави Христијанството уникатно, бидејќи основачот не е политичка фигура и истиот вели дека неговото царство не е од овој свет, дека тоа не е политичко туку духовно и не пробува да го „удоволи“ Бог со ритуали, клањање и обожување туку со индивидуална одговорност и духовна врска со Бог. Ама тоа не го учат догмите, оти нивната цел е политичка и тие го потиснуваат духовниот развој на човекот и затоа се во директна спротивност на Божјата волја и учењета на Христос. Но догматичното Христијанство си го создаде догматичниот Ислам и сега... догмата скапо се плаќа.
 
Последно уредено:

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.413
Поени од реакции
4.237

...го заборави константин? Христијанството не било ништо друго освен андерграунд секта....
Религијата и државата се интерконектирани од нулта година. Најчесто да се владее, а некогаш и да се поткопа(религиозен конфликт во јапонија).
Христијанството , за жал, не е исклучок. Што и да биле тие андерграунд учења, кога константин официјализирал, кога ги апсорбирале тие пагански аспекти(а не тој еден владика кај нас та дрнда после коледе било паганско).(под пагански аспекти пребарај Sol Invictus на пример). Така да, после 200 години, не било тоа што било.
Константин го зауздал и го употребил за политички цели. После тоа папи, свети римски императори, титули дадени од бог дрн дрн дрн. Иста здосадена приказна.
Да се навратам на државата- како секоја религозна органзија, има
-верба(дури и во религијата има лабава интерпретација)
-симболи, идеали, идеологија,обреди
-цели(експанзија, пари, нови поданици/"верници")
Во поширока смисла, секоја политичка организација е како тип на религиозна секта.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.286
Секуларен објект, го претвораат во религиски и само затоа што станува збор за бивша црква, Хептаграм е - naah, it would be OK.

Кој би рекол дека телемитите со својата "вродена" секуларност, би изреагирале така?
Но, секуларните пориви, евидентно им се послаби од антихристијанските.
Овие двојни аршини од негова страна се веќе видени.
 
Член од
25 ноември 2017
Мислења
234
Поени од реакции
241
Во ниедна тапија не стои дека Византија е грчко наследство, престанете да лупате глупости.
Не е чудо што се тропаат глупости , вриеме од северни недоквакани вошки.
Автоматски споено мислење:

...го заборави константин? Христијанството не било ништо друго освен андерграунд секта....
Религијата и државата се интерконектирани од нулта година. Најчесто да се владее, а некогаш и да се поткопа(религиозен конфликт во јапонија).
Христијанството , за жал, не е исклучок. Што и да биле тие андерграунд учења, кога константин официјализирал, кога ги апсорбирале тие пагански аспекти(а не тој еден владика кај нас та дрнда после коледе било паганско).(под пагански аспекти пребарај Sol Invictus на пример). Така да, после 200 години, не било тоа што било.
Константин го зауздал и го употребил за политички цели. После тоа папи, свети римски императори, титули дадени од бог дрн дрн дрн. Иста здосадена приказна.
Да се навратам на државата- како секоја религозна органзија, има
-верба(дури и во религијата има лабава интерпретација)
-симболи, идеали, идеологија,обреди
-цели(експанзија, пари, нови поданици/"верници")
Во поширока смисла, секоја политичка организација е како тип на религиозна секта.
Христијанството е устоличено во религија некаде во четврти век на новата ера кога на Константин му требела религија која ќе го разликува од римските Јупитери и сличните многубогови. Буквално по совет од неговите советници кои му ја предложиле една еврејска секта и нејзиниот проповедник и проповед како најинтересна и најнадежна, проверена во пракса..Тогаш се напишани и Житијата кои се во оптек во Христијанскиот свет. Како државна религија со своја хиерархија и моќ, една од првите работи кои ја направиле била да го срамнат со земја мавзолејот на Александар во Александрија со некои пропратни пожарни активности....заради аџилакот таму бидејќи бил третиран како Бог.Тука има една интересна шпекулација со Венецијанците и апсолутното противење на Ватикан да се направи DNK на моштите на Св. Марко.. Но се тоа не е чудно , религијата е супериорно средство уште од Асирија, Вавилон и Египет и мнооогу помагало за владеење со масите, посебно за царот, Божјиот миленик на земјата, заштитникот на верата. Папата е друга приказна, тој е рецидив на оригиналното Ерусалимско христијанство, отпор на Римјаните.. и во време кога Константинополските патријарси веќе биле сјајни ѕвезди на државни јасли тој наследникот на Петар во Рим бил парталко. Стекнал моќ кога на Карло и Светото Римско царство му притребала религиозна поддршка. А Мухамед е само одличен претприемач, дали сам, дали со дискретна помош на вечните мешетари од Синај ја сватил моќта на мулти левел маректингот и го применил како што и Пепси Кола , во однос на Кока Кола.... ;) Политичките партии се само бедни имитатори.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.596
Ердоган не ја врати Аја Софиа од црква во џамија, туку од музеј во џамија... и затоа не е исто Израел и нивниот храм.

Тоа што на православните христијаните им годеше статус кво да е музеј Аја Софиа низ времињата, а постојано да зборуваат како тоа е нивниот центар, е нивна кривица... проблемите се решаваат кога се мали, а не кога ќе станат преголеми...

Нема да почне ништо заради Аја Софиа... и мислам дека нема да се менува ништо од фреските внатре... сепак ќе останат, а за војни и глупости, тоа се соништа на тешки десно-ориентирани религиозно задоени фанатици од двете страни.
Од такви не бидува ништо... и Ердоган застранува малку, но неговото е политика од која не е имун за да не настрада нормално...

Автоматски споено мислење:

Кога го претвориле „твојот центар на православното христијанство“ од џамија во секуларен објект, има „вселенската патријаршија“ гукнато нешто за време на 30-те години од минатиот век?
Или сега сите сакате Аја Софиа да биде црква, бидејќи Византија и православно христијанство. Тоа нема да биде никогаш повеќе...
Ако не па да ја вратиме Византија и феудализмот и сите крстете се по улиците, а другите - знаете што ќе им правиме ... :)

Автоматски споено мислење:

...го заборави константин? Христијанството не било ништо друго освен андерграунд секта....
И денес е секта... само преголема моќ стекнаа црквите низ вековите и неписменоста на народот па религија или вера одбраа да биде зборот, бидејќи е поромантично од секта.
Додека постои јудаизмот, сите други религии од старото време се секти! ;)
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.286
Кога го претвориле „твојот центар на православното христијанство“ од џамија во секуларен објект, има „вселенската патријаршија“ гукнато нешто за време на 30-те години од минатиот век?
Или сега сите сакате Аја Софиа да биде црква, бидејќи Византија и православно христијанство. Тоа нема да биде никогаш повеќе...
Ако не па да ја вратиме Византија и феудализмот и сите крстете се по улиците, а другите - знаете што ќе им правиме ... :)
;)
Вселенската патријаршија е староеонска организација, од која не се ни очекува друго во тие времиња од 20-ти век.
Јас не зборам за неа, зборам за објективни новоеонски секуларисти во 21-ви век, кои се тоа само на хартија. Тоа се дволични и лицемерни битија кои ги боли уво за претворање на секуларен објект, во верски.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.288
Поени од реакции
4.664
Како мислиш никој нема да е битен верник или каур во султанат? Тебе како атеист може да не ти се битни семитските религии, но и те како треба да ти биде битно која ќе преовлада во земјата, или која ќе има поголем замав. Затоа што не е исто да си атеист во Израел и Италија од една страна или Пакистан од друга. Знаеш просечниот гласач на Ердоган што мисли за атеистите?

Моментално, судејќи по дела, а не по реторика, Турција е број еден надворешен непријател на Македонија. Значи не ти зборам пред 20 години како било, не ти зборам за 20 години што ќе биде, ти зборам за дадениов момент. Грција и Бугарија блокираа(т) за НАТО и ЕУ. Овие финансираат исламизам, џамии и шиптaрлук од кои Македонците трпат реална закана, опасност и штета. Првите имаат проблеми со твојата историја и со тоа те условуваат. Крајно безобразно и понижувачки, да, се согласувам. Вторите не сакаат да постоиш, физички да не постоиш. Сакаат да умреш, да те нема, кур ги боли како ќе се викаш се дур умреш, не им е битно името, не им менува ништо. Токму затоа Ердоган не му е гајле како ќе не условува, за политички поени може да каже и дека сме го создале светот. И затоа површински изгледа дека кој знае колку му се битни Македонците. Ако за нешто му е криво во врска со Македонија тоа е дека шиптaриве не се Турци, па врската да беше уште поцврста со две сајли: и национална и религиска. Вака само со една ќе мора. И таа една воопшто не е наивна. Пола чаршија дуќаните се со негов постер. Прозбори со рандом шиптaр против Ердоган, ќе добиеш пострашна реакција отколку мајка да си му опцул. Добар дел од шиптaрите знаат турски како втор јазик, неспоредливо повеќе со колку Македонци знаат турски. Што мислиш зошто е тоа така, која е таа врска што гледаат со толкава благонаклонетост кон Турција и Ердоган?
Кога Турција им помагала на албанците? насочи барем еден пример!

И да не ве лаже ова видео , македонците се питоми и мирни луѓе.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.286
Кога Турција им помагала на албанците? насочи барем еден пример!
:lolzz:
абе стварно иди фотокопирај се

јадам моментално, се загрцнав од смеење
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.794
Поени од реакции
17.159
Кога Турција им помагала на албанците? насочи барем еден пример!

И да не ве лаже ова видео , македонците се питоми и мирни луѓе.
Човекот шо тука е тепан низ целиот тој период сееше говор на омраза кон Македонците, секогаш кога нема некоја дешавка која ги подгрева националните тензии, испаѓаше он и даваше изјави, он ти е уствари као дардан на форумот шо е.

Така да ниту ќотекот бил за џабе, ниту пак тепачите не поминаа неказнето.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom