Трансформација на Света Софија во џамија

Член од
26 април 2020
Мислења
53
Поени од реакции
73
Americki pastor ja obelodenuva vistinata za celava Covid 19 situacija i idninata sto ne ocekuva.Poslusajte te i svatete gi slucuvanjava seriozno
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.151
Поени од реакции
25.594
Аууу шо сум пишал, Европа ми беше у глава. Пак се коси малку со светска, ама то е :D
Не, не зборев за тоа. Ердоган може да е заслужен за статусот на Истанбул како светска метропола само ако го сметаш за реинкарнација на Константин Велики.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Не, не зборев за тоа. Ердоган може да е заслужен за статусот на Истанбул како светска метропола само ако го сметаш за реинкарнација на Константин Велики.
Добро де еве 2 пати ми реплицирате со Darling без конкретен одговор. Ако толку знаете, кажете, еве објаснете, како под тој режим (не знам кој член спомна) успеа државава да стане тоа што е?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.151
Поени од реакции
25.594
Добро де еве 2 пати ми реплицирате со Darling без конкретен одговор. Ако толку знаете, кажете, еве објаснете, како под тој режим (не знам кој член спомна) успеа државава да стане тоа што е?
Абе не негирам јас дека Ердоган ја консолидира турската економија и ја стабилизира државата внатрешно политички. Ама тоа второто е многу долга тема, начинот на кој ја консолидира, нам како балкански народи кон кои таа империја има претензии не ни одговара.

За Истанбул, ништо Ердоган не го направил. Истанбул е светска метропола уште од денот на негово основање.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Не, не зборев за тоа. Ердоган може да е заслужен за статусот на Истанбул како светска метропола само ако го сметаш за реинкарнација на Константин Велики.
Црквата Света Софија е 85 години постара од самиот ислам(кој се појавил во 622),така да се е кажано
Автоматски споено мислење:

За сите што го браните Ердоган,намалете со вашата идолатрија,типот како прво не е демократ,како второ син му до скоро шверцуваше нафта од Сирија со 200 камиони(се додека русите не му ги запалија со напалм бомби),жена му на едно искачање у шопинг троши по неколку десетици иљади евра,овие повеќе ми личат на мафијашко семејство отколку на конзервативни турци,хаха
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Абе не негирам јас дека Ердоган ја консолидира турската економија и ја стабилизира државата внатрешно политички. Ама тоа второто е многу долга тема, начинот на кој ја консолидира, нам како балкански народи кон кои таа империја има претензии не ни одговара.

За Истанбул, ништо Ердоган не го направил. Истанбул е светска метропола уште од денот на негово основање.

Токму така.
Има во државава добар дел Македонци кои се палат на Ердоган и Турција и посакуваат Турција да ја разбие Грција и си прават филмови нашиве Македонци дека во тој случај Турција ќе земе само одредени делови од Грција а Македонците би го добиле Солун и Егејска Македонија.

Но тоа се пусти влажни соништа на небитните и неписмени Македонци.

Ако се и случи сценарио да Турција ја победи Грција, секако дека нема Турција да се задоволи само со земање на делови од Грција и да им пушти на Македонците да владеат со Солун.

Грција е бедемот за нас овде. Хипотетички ако падне и биде Грција поразена од Турција, следни сме ние да паднеме, што пак војска и сила ние имаме да се спротивставиме на Турција?
Среќа Грција ако во нешто е јака и солидна тоа е нивната војска и вооружување.

Како што пишав пред 2 страници, за жал Турција напредува во технологија, произведуваат делови од авиони и имаат план и сопствен авион и бомбардери да произведуваат. Сакаат да бидат независни во поглед на вооружувањето за да утре имаат муниција и воени ресурси за да напаѓаат други држави, нормално ќе се бранат дека сакаат да бидат свои газди на своја територија, но планот им е да напаѓаат други територии и да пљачксуваат економски и природни ресурси, нешто што нивните претци Османлии го правеа повеќе векови.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Падот на Византија е најголемата грешка што ја има направено западниот свет низ историјата
Ме интересира, сам ги смислуваш овие генијални мисли, или некој ти помага?
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Ме интересира, сам ги смислуваш овие генијални мисли, или некој ти помага?
Не е далеку од вистината.
Византија е уништена од крстоносците(четврта крстоносна војна), кога им ги отвориле портите, а овие го испљачкале Константинопол и го набркале кралското семејство во Мала Азија, па дури и прогласиле Латинска Империја, како наследник на Рим. После крстоносниот поход (а не битката кај Манцикерт) Византија го губи и статусот на регионална сила.

За време на отоманските походи, Византија бара помош од папата и од поморските италијански сили (Венеција, Џеноа...). Од папата и од Запад помош нема, освен незначајни платеници, а наместо помош, Венеција помага со бродови на турската армија, кога треба да преминат преку босфорот за да го опколат Константинолол.
Полска и Унгарија се единствените што пробале нешто, ама тие не се „западот“.
 
Член од
14 октомври 2018
Мислења
347
Поени од реакции
429
Падот на Византија е најголемата грешка што ја има направено западниот свет низ историјата
Ајде грешка било уште и најголема, од големата шизма владее омраза помеѓу тогашниот Исток и Запад. Не гледам дека нешто многу се покајале, најверојатно за мајтап е замено очајот на Византија да бара помош од папата.

Ни денес не е нешто многу променето. Погоре имаш за помошта на Венеција на турците во опколувањето на Цариград и за четвртата Крстоносна војна. Помогнале, да - за да биде освоена.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.644
Поени од реакции
38.835

Ја кога сум учел историја вие на цицка сте биле уште.
 
Член од
14 октомври 2018
Мислења
347
Поени од реакции
429
Ја кога сум учел историја вие на цицка сте биле уште.
Пардон, грешка моја што не видов од прва со каков профил се обидов да полемизирам, ти си овде за гомна јадење, ајде нека се занимава со тебе некој од ист таков профил, за мене и ова беше премногу губење време.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom