Бате работиш транспорт или цениве си ги слушал некој што раскажувал бајки ?
Збориш за цени за ладилник или царада ?[DOUBLEPOST=1501378352][/DOUBLEPOST]
Ладилникот може да чека за истовар неколку дена, додека не се продаде овошјето/зеленчукот на пазар кај што се истовара. Не е точно дека тие тури побрзо се работат.[DOUBLEPOST=1501378556][/DOUBLEPOST]
Просек плата за возач на МК камион, МК-Европа-МК релации, со поминати 85% од деновите на пат искача плата околу 1000 евра. Зависи од газдите, ама никој не може да ти дозволи ти секој роденден слава и слично да бидеш дома а камионот да стои во место. Еднаш-два пати годишно за значаен датум ќе се склопи некако, ама повеќе не веруавам. Таква е шоферската работа. Дома може да си 1 ден, а може и недела дена, ако нема утовар.