Транспорт и шпедиција

Член од
30 мај 2011
Мислења
552
Поени од реакции
130
Не најдов тема транспорт и шпедиција па се одлучив да ја отворам темава бидејќи мислам фоум Кајгана заслужува ваква тема и е потребна на членовите (како мене) :)
Па затоа ја отварама темава со неколку прашања.
Колку е исплатливо да се купи камион (на бугарски документи) и да го возиш во западните држави?
Каде најчесто возат македонските шофери со бг камини во европа,колку се паќа по километар,кој им ја наоѓа работата таму?Дали е исплатливо камионот да ти го вози шофер?
Кој фирми од МК може да ти најдат работа на запад?
За почетој темата би ја почнал со овие прашања но имам и неколку совети и мислења на мој пријатели шофери и споственици на камиони.
Едниот од нив е многу тазе во оваа професија вели дека има леб во ова но доколку камионот си го возиш сам било многу тешко да се најде прав шофер кој ќе краде но со усул.Па затоа тој одлучи сам да си го вози од 10 дек.Тој е во Малме (шведска) таму му било врталиштето но возеле за Франција,Норвешка и некој пат за Данска.Работата му ја наоѓале некоја фирма од Скопје кој потоа си земале процент од Km.И вториот вели дека има леб во ова пред 1 год купи ден камион и сега купи уште еден што укажува на тоа дека навистина се исплати.И двата му ги возат шофери вика дека така му било поубаво и бил задоволн од нив ги плаќал 1500 е + 200е за трошкови (јадење,пиење,бањање...)Е шоферот му немал бугарски документи и возел со мк возачка на ризик,како е можно тоа?Поминувале по 10 000-14 000 км месечно по камион,никогаш не бил испод 10 000.Али се има и трошкови највеќе што страда било деференциалот и ламела,4 гуми 1 800е.

Горе доле тоа е моето знаење околку оваа тема.Сега оставам на вас да ме надополните,да одговорите на овие прашања,критикувате,и било што друго кое ви лежи на срце да си кажете.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Со Македонски таблици неможеш да возиш горе, потребни ни се дозволи за трети земји кои во министерството за транспорт ги нема доволно. Претходно се возеше со фалш дозволи и се поминуваше. Од јули оваа година меѓународните шпедиции преку кои ти треба да потпишеш договор и да возиш по км, ги одбија Македонските превозници и сите ги вратија дома камионите. За да купиш и возиш на бг таблици потребно е да отвориш фирма во Бугарија за чија процедура ти е потребно да најдеш бг адвокат (редовна пракса е тоа во близина на границата Петрич, Благоевград, Ќустендил) и он ќе ти ја заврши работата за 500 евра. Во суштина за меѓународен транспорт потребна е лиценца да добиеш од бугарското министерство и многу има тркарање до таму. Она што е карактеристично е што за да ја добиеш лиценцата потребно е да имаш капитал од 10 000 евра, за да ја добиеш лиценцата за возење. Останатите трошоци за регистрација и осигурување на возилото ти е половина од Македонката регистрација, односно чини 500 евра вкупно. Кај нас е 2000 евра комплет со приколка.
Камионот кој ќе го купиш на бг таблици треба добро да го провериш и по него да фрлиш мин 4000 евра за да го средиш тип топ. Бидејќи тие возила кои се продаваат на бг табли се сите пред ремонт од проста причина што сите до едно возат горе и имаат голема километража. За да вози горе потребно е влекачот да биде во топ форма, зошто при едно застанување со бродот во Шведска имаш голема казна која се движи до 3000 евра за оштетена гума.
Релациите кои се возат се претежно Шведска-Германија, Шведска-Данска-Норвешка, Шведска-Франција-Шпанија, Шведска-Англија-Ирска. Големи компании кои најмуваат вакви камиони се Фреја од Шведска (плаќање на 60 дена), Валтер од Австрија (плаќање на 15 дена по достава на оргинал цмр и фактура) и Германската компанија на која ми се блокира мозокот и не ми текнува како се вика, а воедно е најјака шпедиција (плаќа на 45 дена по достава на документи). Тука е и ДХЛ али со него послабо работата, плаќа на 60 дена. Овие три компании се најголеми во Европа и речиси сите со нив потпишуваат договор. Ако имаш еден камион да приклучиш Фреја ти дава 0,82 по км плус ти го плаќа бродот. Празните километри (ако истовараш пример во Прилеп, а треба утрото да товараш во Кавадарци не се плаќаат). Нафтата првиот месец си ја плаќаш од сопствени пари, од следниот месец добиваш Шелтер картичка со 400литри нафта на ден. Нормално овие пари од картицата ти ги одбиваат по месечната пресметка колку км си извозил. Суштината на овие транспорти е што се збирни односно товараш од едно место, а растовараш на 5 каде треба да стигнеш во точен саат и ден. Доколку не стигнеш те чарџнуваат со пенали кои се движат од 50 евра до 200 евра на ден. Ова ако имаш дефект и останеш на пат нив не ги интересира. Приколки ти закачуваат они и за приколка месечно ти одбиваат 400/500 евра фактички како да ти ја рентаат. Закачуваш една, носиш, ти закачуваат друга. Најголемиот проблем се јавува со приколките, секој месец ти стасува некаква штета на приколка, демек е удрена, оштетена и тие казни се од 400 евра нагоре. Освен овие редовни казни и давачки секој месец ти крадат до 500км. Едни се твоите направени км, други се нивните, ќе речеш како? Па ти не возиш според мапа, некаде мора да заобиколи, некаде ќе утне фирма па ќе се враќа 20км и слични упатства и месечно ти се собираат 500км неплатени. А они пресметката на км ја гледаат на компјутер и таа мапа покажува дека од точка А до точка Б има 15окм, реално тука има 200 и ти трошиш нафта за 200, а ти се исплаќа за 150 според мапата.
Најмногу км прават до 10 000, а договорот го потпишуваш до 15 000. Никој речиси не стасал до таа километража. Во месеци како Декември и Јануари, Јули и Август правиш по 8000км само. Најмногу 10 000, кој и да ти каже поинаку те лаже. Шофер не смее да вози со мак пасош, освен на ризик. Ако го фатат, а ќе го фатат казната е 7000евра на лице место. Се вози само со бг пасош, многу тешко се наоѓа шофер па најмуваат бугарски. И сега почнува драмата нели со бугарчињата, ти му даваш пари да иде нагоре да има за јадење околу 500 евра, он стасува горе, го остава камионот со се клучеви внатре и исчезнува:) Ова е најчест случај. И само така прават во последно време. Се продава нафта иако има компјутерски вградено во 5ките да гледа литража, он застанува на шелтер ја дава картичката на Македонски транспортер кој мине од таму, Македонецот си полни од картичката и му дава кеш за нафтата по повластена цена. вакви точки има на тромеѓето со Белгија, Холандија и Германија и прочуената „шпанска берза“ каде може слободно и камионот да ти го продаде на делчиња.
Најмногу страда ламелата и деферинцијалот како што кажа, гумите се голем трошок, со воздухот имаат проблем и нормално зависи од модел на 5ка. Манот речиси има проблем со се, Ивекото страда од електроника, Дафот и Сканијата заедно со Волвото се најмали потрошувачи.
Од сите пари месечно кога ќе одбиеш за шофер 1500 евра, ќе ти останат од 700 евра чисти до 1100 во најдобрите месеци. Ова збориме ако немаш дефект и казна. Во случај да имаш горе дефект, веднаш ти вкаат шлеп служба која за 200км ти зема 2000евра и одма полицијата те носи на сервис. Сервисот те кошта пет пати повеќе од Македонија. Во Македонија ги враќаат еднаш годишно за редовен сервис за кој треба да имаш 4000 евра да го стегнеш. Километрите за нагоре и за надоле ти се на свој трошо, освен ако не најдеш приколица на некој д аму донесиш што си купил. Ако ти се погоди шофер ќе видиш аир и мир, ако не ти се погоди срцев удар не ти бега.
За да влезеш во бизнисот мора да имаш искуство, еден е есапот дома, друг е на пазар нели. Вака изгледа одлично за заработка, но не е едноставно особено за неискусен во транспорт и шпедиција. Најдобра комбинација е сам да возиш за да заработиш. Фирми посредници имаш од Македонија кои ќе те водат (ти треба некој да те управува, мислам шоферот да го насочува) и преку нив ќе потпишеш договор. Ова чини 300/400 евра месечно. Направи си сметка дали вреди или не.
Со среќа:)
 
Член од
30 мај 2011
Мислења
552
Поени од реакции
130
Со колку пари може да се започе ова.
Збориме за камион од 2007 год сервис 5000е,GPS и сонда во резервар1000е,возачот да сметаме дека сум јас 500е за пат,првиот месец ќе ти треба кеш за нафта да речеме дека ќе помине 10 000 Км да троши 30л на 100км а литар нафта 1,20=3600е за нафта,фирма и регистрација 1000е.
Ако имам нешто изоставено надополни ме?
 
DéJà Vu

hehehehe
Член од
6 мај 2012
Мислења
813
Поени од реакции
446
цевитаерк со бугарски камиони обично возат германија, данска, скандинавските држави(најчесто), се исплаќа да почниш да возиш кај некој шо има разработено па полека да си влезиш во такт со бизнисот и започниш свој. Иначе најубо да си се распрашаш по шофери шо имат возено таму. Татко ми е шофер ама не вози нагоре поќе, па ова ти го кажвам шо имам слушано од колеги на татко ми. Баѓи време работат т.е. 4-6 месеци, па малце пауза дома и пак на работа.
Иначе ти треба бугарски пасош, фирма во бугарија, и треба да имаш сертификат ( и онаква картичка за во тахографот шо ја издава министерството за транспорт и шпедиција во бг мислам) за професионален шофер. Иам разбрано дека возат македонци без бугарски пасоши, ама ако те застани полиција тешко да ти прости, по кратка постапка депортација имаш.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Од тоа шо го учам 2 години сватив дека колку помодерни камјони и технологија имаш толку помалце можат да те крадат пошто диспечерите ја надгледуваат целата процедура и неможат ни да ти крадат ни па да им крадеш километри како што напомена горе леандра, а со постарите камјони и крадат и можеш да им крадеш со тоа што нема да им исплатуваш одредена сума како договорената :)
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Со колку пари може да се започе ова.
Збориме за камион од 2007 год сервис 5000е,GPS и сонда во резервар1000е,возачот да сметаме дека сум јас 500е за пат,првиот месец ќе ти треба кеш за нафта да речеме дека ќе помине 10 000 Км да троши 30л на 100км а литар нафта 1,20=3600е за нафта,фирма и регистрација 1000е.
Ако имам нешто изоставено надополни ме?
Ako voziš tamu cenata na naftata e od 1.7 pa do 2 evra za litar. Kar ke ima samo ako voziš sam,ako plakaš šofer ništo nema da ti ostane. Ko što ti kažaa ako te zatera gore baksuz so kvarovi i kazni ke te oderat,servisite se 1:20 u odnos na makedonija,zatoa gore se vozat samo novi kamioni na lizing,5-6 god i potoa gi prodavaat,nemaat matematika so polovni zaradi skapoto održuvanje.
Šoferskata rabota e edna od najzaebanite,stanueš čovek bez kuka i familija,da ti se močam u parite. Zatoa gore nikoj ne se nafaka šofer da raboti.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Со колку пари може да се започе ова.
Збориме за камион од 2007 год сервис 5000е,GPS и сонда во резервар1000е,возачот да сметаме дека сум јас 500е за пат,првиот месец ќе ти треба кеш за нафта да речеме дека ќе помине 10 000 Км да троши 30л на 100км а литар нафта 1,20=3600е за нафта,фирма и регистрација 1000е.
Ако имам нешто изоставено надополни ме?
Тие 2007 година се многу истрошени камиони. Не трошат по 30 на 100, туку потрошувачката им е од 35 до 40 зависи на која релација возиш. Ако возиш кај Скандинавците они знаат да те товарат и до 27 тони и нормално потрошувачката иде горе. Плус тоа е тежок предел особено Норвешка затоа ја одбегнуваат таа релација, но имаш пак мир од полиција. На релацијата со Бенелукс имаш премногу полиција, значи секогаш мора да си тип топ, но тука главен проблем е пропуштање на бродот за Шведска. Чим шоферот ти го пропушти бродот го чека наредниот платен од меѓународната шпедиција (нели со секој брод не е иста цена си имаат они договори мора да им останат пари) и автоматски касниш 12 саати што значи 200 евра казна не ти бегаат.
Ајде да ја видиме стартната математика:
Камион добар стегнат 5ка = 35/40000 евра од Германија (да го симнеш до БГ, цол табли, мито низ маѓарите и романците, заедно со бугарите со се прегледи + 1000евра)
Регистрација - 500евра
Да го стегнеш, нови гуми, инџектори, за воздух - 5000 евра
ГПС систем - имаш и за 500 евра, македонски компании
Ти ако си возач - лиценца и картичка заедно со бг пасош - 500е
Нафта прв месец - 10000км со потрошња 35 на 100 нафтата да ја земеш со средна вредност 1,5 околу 5250е ( пресметката за нафта иде вака од 100*35*1.5 сто оти е десет илјади километри, да се 9000 земаш 90*35*1,5 во случај на некој да не му е јасна сумата)
Освен нафта за еуро 5ка, се става и посебно средство на 100л кое го има на бензиските пумпи и исто не ми текнува како се викаше е околу 50 евра.
Фирма и лиценца - 1000евра
Сума сумарум = 53800 евра почетен капитал
Плус да те води некој 400 евра месечно.
Се разбира за да ја отвориш фирмата во бг со лиценца за транспорт треба да имаш 10000евра или камионот д аго ставиш во основен капитал со други зборови под залог на државата. И оние давачки понатаму кои се редовни за секоја земја, даноци, сметководители, придонеси и слично месечно.
Првата грешка у пресметка која сите ја правиме во транспорт е потрошњата на камионот, затоа планираната и реалната на овие релации не се поклопува. Втората грешка ни е спремноста на камионот. И третата ни е шоферот.
Дечкото чиј татко е шофер спомена дека можеш да се споиш на почеток со друга фирма што е точно. Јас нема да те советувам освен ако многу добро не ги познаваш луѓето, а во бизнис нема доверба. Прво камионот мораш да им го префрлиш на фирмата со фиктивен договор (значи ептен треба да им веруваш), второ сите оние кои се почетници ги префрлаат под договор на две три пет години. Сопственикот на фирмата ги става сите камиони под залог на банка и зема свои 5 камиони џилит нови од фабрика на ваш грб. Додека ви заврши договорот под закуп он ќе си ги исплати. Лошо е ако нешт тргне наопаку. Се разбира вие не сте информирани за тоа. Друга работа е што парите од горе стасуваа кај него на сметка. Ти имаш увид во пресметката, но он ќе ти измисли десет давачки и ќе ти скрати. Плус некои се дрзнуваат и земаат плус провизија. Значи овој бизнис е мафија, има многу луѓе изгорено.
Сега ти како милуваш терај. Ако имаш уште нешто прашај.
 
Член од
18 декември 2007
Мислења
448
Поени од реакции
51

Зошто нафтата ја сметата толку скапа ? треба да е некаде 1,2 до 1,3 евра ... ако имаш добра соработка со шпедицијата ќе ти издадат картичка и на сумата ќе се одбива ДДВ то , што не се малку пари..
-------
ДХЛ не верувам дека дава тури на нашите транспортери, кај нив се е со прцизен термин и мислам дека немаат доверба во нашите фирми. Обично тоа се тури што одат преку неколку раце- дадени од ДХЛ на Фреја или останатите .
Не гледам дека ги спомнуваш ДСВ и , blue water shipping мислам дека се далеку поголеми од Фреја
 
Зборевме за првиот месец кога возиш без картичка за нафта. Споменавме погоре дека потоа се дава картичката. Се разбира ддв-то со картичка се враќа.
ДСВ е фирмата на која ми заблокира мозокот, ја споменав у првиот пост како најјака. Блу валтер во последнава година имаа многу проблеми, незнам како се сега, доста превозници избегаа од кај нив.
А со ДХЛ работи една Македонска фирма со бг таблици од Струмица се луѓето. Директно со дхл.
 
Блу Ватер се закон , ама често турите им завршуваат во северна Норвешка па многу од нашиве шофери кога одат таму со хиликоптер неможат да ги извадат . Треба да имаш навистина добри шофери за да се снајдат ... и во глоабала , скоро сите шпедиции имаат тури за северна норвешка од причина што транспортерите по секоја цена ги избегаваат овие тури.. ако имаш добар шофер може да се направат таму добри километри .. сигурно преку 10 000 , по добра цена ... сепак потрошувачката ќе оди над 40 проценти
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Со колку пари може да се започе ова.
Збориме за камион од 2007 год сервис 5000е,GPS и сонда во резервар1000е,возачот да сметаме дека сум јас 500е за пат,првиот месец ќе ти треба кеш за нафта да речеме дека ќе помине 10 000 Км да троши 30л на 100км а литар нафта 1,20=3600е за нафта,фирма и регистрација 1000е.
Ако имам нешто изоставено надополни ме?
Само би се надополнил на леандра, и нај тип топ да го стегнеш камионот никогаш не можеш точно да си сигурен колку е тип топ стегнат.
Уште помалку можеш да знаеш колку точно ќе ти биде трошокот на една тура.
Не се трга со точно пари на пат, регулационен вентил рикнал, пукнал јастук,семеринг пуштил,скинало црево за вода, интер кулер се дупнал, пукнал диск. итн, итн, ситни дефеци на потрошен материјал кој знаат ите како да коштаат,а се дешаваат и кај чичка нови возила.
Ако мислиш самостојно да вршиш транспорт и немаш доволно кешарица не ни почнувај, еден да те заебе за плаќање или да ти закасни те укопува 5 метри у тиња.
Не ја рачунај само нафтата како трошок,стаи и по некој паркинг сервис и остали заебанции, у шпедиција нема толку ми требаат до цент и почињам.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Најубави релации се Бенелукс- Шведска, мислам најчесто тие ги одбираат нашите. Али најзадоволни се оние кои имаат искуство Швајцарија-Англија со Валтер, од таа релација најмногу се фалат. Но недај боже неискусен шофер за Англија, најлоша комбинација.
 
Член од
18 декември 2007
Мислења
448
Поени од реакции
51
Камион добар стегнат 5ка = 35/40000 евра од Германија (да го симнеш до БГ, цол табли, мито низ маѓарите и романците, заедно со бугарите со се прегледи + 1000евра)

На ваков камион не би требало да имаш многу ризик ... јас лично мислам дека за овие пари е подобро да земиш 2 еуро 4 ...
Што се однесува до дефектите на пат , тоа не можеш да ги избегнеш.. сепак поголемиот дел од тие дефекти се лесно заменливи , фирмата за која ќе возиш веројатно ке има камиони што поминуваат близу па некој ќе ти помогне ( секако ако и ти си помагал , односно не си бркал километри кога некој колега наебал ) .. ако не, хелп он роад ќе си повикаш и прекрсти се пред да дојди фактурата ...

Кога го почнуваш овај бизнис , многу е важно да ти тргне првите неколку месеци ... Веќе имаш премногу трошок направено со камионите, нафта, шоферите ќе треба да ги платиш уште пред ти да земиш пари ( а таа сума не е за подценување)...
--- надополнето: 2 декември 2012 во 21:21 ---
Најубави релации се Бенелукс- Шведска, мислам најчесто тие ги одбираат нашите. Али најзадоволни се оние кои имаат искуство Швајцарија-Англија со Валтер, од таа релација најмногу се фалат. Но недај боже неискусен шофер за Англија, најлоша комбинација.
Најубави релации се Малме до другиот крај на Шведска... сите км платени ... има км колку од скопје до малме ....
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Четворките некако не се покажаа, речиси сите ги заменија, што серија беше тоа има некој објаснување?
Норвешка треба да си шофериште, а новиве шофери се деца без искуство, тешко тебе ако му ја дадеш таа релација.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Четворките некако не се покажаа, речиси сите ги заменија, што серија беше тоа има некој објаснување?
Норвешка треба да си шофериште, а новиве шофери се деца без искуство, тешко тебе ако му ја дадеш таа релација.
Затоа што моторите им се конвектирани од 2 и 3 без поголеми модификации на истите за да се задоволат емисиите на CO2, уствари само ремонт и други инџектори ( и онака новиве камиони идат принцип на замена, носиш стар камион во мерцедес/ман/рено ти одбиваат од цена и добиваш “ нов “) што нема везе само го репарираат,деференцијал,преден заден трап,мотор со мали модификации си остануваат исти само се менуваат потрошни делови,се менува ел инсталација се фарба и шминка, итн ) и ти викаат еве ти нов камион,дури ни издувниот систем не им е прилагоден асално. Мора некаде да се потроши излиено железо во форма на резервни делови а богами и дебела пара да се фати.
Додека петкиве моториве се нови,пошто нема шанса со модификација да ги достигнaт стандардите,па и блокот мораат да го лијат не само да менуваат делчиња.
Можда и кинеските делови си го земаат данокот,али кој го знае.
Абе златни 32-ки како нив камион више мерцедес нема никогаш да направи ,ТЕНК
:pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom