Транскриптот од разговорите меѓу Путин и Клинтон каде се договара како Слободан Милошевиќ да падне од власт

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.614
Поени од реакции
5.283
Откако ја тргнаа ознаката строго доверливо објавен е транскриптот од разговорите меѓу Путин и Клинтон каде се договара како Слободан Милошевиќ да падне од власт!
Шест дена по изборите за претседател на тогашна Сојузна Република Југославија, на кои Воислав Коштуница, кандидатот на опозициската ДОС, освои мнозинство гласови во првиот круг, а Слободан Милошевиќ се обиде да се одржи втор изборен круг, Бил Клинтон, претседателот на САД, телефонски го повика рускиот претседател Владимир Путин.
На 30 септември 2000 година, водачите на двете најголеми светски сили се согласија дека Милошевиќ,
неприкосновениот лидер на Србија од 1989 година, конечно мора да се повлече од функцијата.
Во записникот од разговорот, од кој е отстранета ознаката „строго доверливо“ во 2019 година, се вели дека дијалогот започнал со вообичаена размена на дипломатска комверзација.


Клинтон вели: „Здраво, Владимир, убаво е што ја прифативте поканата“, а Путин одговара: „Добар ден и тебе Бил, мило ми е што го слушам твојот глас.“ Во согласност со американскиот менталитет, Клинтон веднаш премина на причината за разговорот.


Клинтон: Разбирам дека ова е деликатен и тежок момент, но морам да ви кажам дека мора да го прифатиме фактот дека опозицијата во Белград (на изборите на 24 септември) победи во првиот круг и нема да учествува во вториот бидејќи тоа ќе му овозможи на Милошевиќ да ја преобликува изборната волја на народот и се плашам дека на овој начин тоа може да предизвика сериозна нестабилност во Црна Гора. Најдоброто што може да се случи е Милошевиќ да сфати дека мора да го признае поразот и сигурен сум дека вие сте единствената личност што може да го убеди во тоа. Јасно ми е дека ова е непријатна ситуација за вас, но јас би предложил да му испратите приватна порака, а не јавна на Милошевиќ, и да инсистирате дека е најдобро тој да си замине, како и да му објасните дека Русија ги почитува изборите и волјата на граѓаните на Србија. Ми се чини дека се соочуваме со избор помеѓу насилно и мирно предавање на власта во Србија, а Русија е земја што може да има одлучувачка улога во целата оваа работа.
Путин: Бил, ние сме свесни за фактот дека вашите аналитичари и експерти за Балканот многу внимателно проценуваат кои чекори треба да се преземат, но ние двајцата треба да разговараме доста отворено, потенцирам, МНОГУ отворено. Зборував неодамна со (тогашниот германски канцелар Герхард) Шредер. Предложив да се организира таен состанок на нашите министри за надворешни работи или советници за национална безбедност со водачите на српската опозиција во Белград, но Коштуница одби. Сепак, многу прецизно му го објаснивме нашиот став дека Русија не сака да биде во слепа улица и да биде во ситуација да поддржува какво било недемократско решение. Сакам јасно да ви кажам дека мислам дека сега е вистинското време Милошевиќ мирно да ја напушти политичката сцена, но не сум сигурен дека тој ќе го стори тоа.
Клинтон: Дозволете ми да ве прашам конкретно – како можеме да го отстраниме Милошевиќ?
Путин: Дали мислите дека треба да го преместиме некаде?
Клинтон: Да. Дали се плаши да го напушти кабинетот? ( Зграда на српското претседателство )
Путин: Можам да разговарам со него, да му кажам да го признае пораз на изборите и дека меѓународната заедница нема да преземе понатамошни чекори против него. Но, сè уште треба да размислувам како да му објаснам.
Клинтон: Дали тој ќе биде во можност да остане во Србија, дали новата влада ќе му дозволи да замине некаде?
Путин: Мислам дека најдобро е сите да останат во Србија.
Клинтон: Да, и јас. И јас го мислам истото, иако не знам какво ќе биде расположението таму.
Путин: Искрено, не знам ниту јас. Можеби тој дури и нема да сака да ја напушти Србија. Во секој случај, не ни треба како подарок. Зошто не го испратиме во Америка?
Клинтон: Да, разбирам што сакаш да кажеш. Како и да е, не е лоша идејата лидерот на опозицијата да дојде во Москва. Тоа би го обесхрабрило Милошевиќ и значително ќе ги зголеми неговите шанси за оставка. Ќе ти се јавам повторно, но важно е да се знае дека Русија нема да му дозволи да се извлече од тоа ако ги украде изборите.
Путин: Важно е тој да не може да ја користи Русија како ас во ракавот. Секој во Југославија треба да ја знае нашата позиција.
По големите демонстрации на 5 октомври 2000 година во Белград, Слободан Милошевиќ и се обрати на нацијата преку РТС на 6 октомври, признавајќи го изборниот пораз и честитајќи му ја победата на Воислав Коштуница. Потоа рече дека ќе поминува време со неговиот внук. Тој беше уапсен ноќта помеѓу 31 март и 1 април 2001 година, по дводневна операција на единицата за специјални операции на државната безбедност и повеќечасовни преговори за предавање, и беше пренесен во Централниот затвор. Со одлука на Владата на Србија, тој беше екстрадиран во Хашкиот трибунал за воени злосторства на 28 јуни истата година. Според официјалното соопштение од Хаг, тој починал од срцев удар во притворското одделение во Шевенинген на 11 март 2006 година. Тој беше погребан во дворот на семејната куќа во Пожаревац.

извор воцентар.ком
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
Ja slusam najmalata violina kako sviri za panslavistite.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom