Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
Не би се согласила, погледни ги само продавниците во тој период, се е црвено, розево, срцесто. Покрај тоа, сите настани во тој период се као некој микс. На пример фестивал на виното и љубовта. Се надевам дека ти си во право, можеби моето опкружување што го гледам е такво.Што се однесува до св.Валентајн, јас не би се согласила со тоа дека се повеќе и повеќе зема замав. Мислам дека полека-полека луѓето почнуваат да разликуваат православен од католички празник и нештата се враќаат во нормала.Единствено ако некој сеуште го слави овој празник тоа се тинејџерите, но не и возрасните.
Не е празникот конкретно за локање вино, тоа го напоменав и во првиот мој пост. На овој ден се кројат лозјата, св. Трифун е заштитник на лозјата. Поентата е да се наздрави за него, со една чашка, не да се начука човек. Не е ден за начукување, пак ќе кажам.Точно, но и секој ден можеш да пиеш вино и ред други работи
8ми март во суштина треба да има друга намена. Ден кога жените почнале да ги добиваат своите права, овој ден е за почитување на сите жени кои биле репресирани и го дигнале својот глас за рамноправност и биле против нивното угнетување од типот на: немање право на образование, глас, работа и сл. И затоа е многу глупаво кога им се дава цвеќе, затоа што со тоа пак се дава акцент на тоа дека се послаб пол, а денот има сосема друга намена.исто ко со 8 март- денот на жената
Инаку, конкретно јас, секогаш славам св. Трифун, немам ништо против Валентајн, но едноставно не го чувствувам како мој празник, го осеќам како наметнат од страна. Еднаш имам славено Валентајн, ама бев во средно и се работеше за првиот дечко, па ми беше возбудливо. Тоа беше прв и последен пат.