Тоше Проески, вистинска приказна: Славниот македонски пејач бил жртва на криминал....

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Поголема глупост кељавион новинар и да сакал,не можел да напише...Абе ти ебам тоа ненормалниот,остави го нека почива на мира Тоше,не туку сери триста срања без врска,ебате тоа глупиот новинар !
 
S

smart ass

Гостин
Луѓе бре....(без пцовки,ова она...КУЛТУРА ПОКАЖЕТЕ:))

Абре овој насила бара заговор....ОСЕТ се нема само сака популарен да биде-башка пара за ова фиксно следува.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.578
Поени од реакции
2.563
Значи, не можам да ве разберам. Сигурен сум дека 90% од тие што пишаа на темава не го прочитале текстот, или пак го прочитале ама не разбираат српски. Кај видовте негде во текстов да се оцрнува името на Тоше, прво и основно??? Гледате дека цело време го обвинува Lasto Nikolovski за перење пари, и власта што не превзела ништо околу тоа, и дека до некаде таа е поврзана со матни зделки, а Тоше го користеле како алат за перење пари, БЕЗ ТОЈ ДА ЗНАЈ. А од како дознал, БИЛ УБЕДУВАН ДЕКА НЕ Е ТАКА. И сега, кој спомна за Тоше нешто лошо во текстов.
Друго, добро бе пичкаму мајчина, од кај знајте вие дека нема вистина во сето ова? Јас не велам дека е, ама и не исклучувам, Вие на која основа исклучувате?? Дека будала е новинарот? Да будала е во секој случај. Од една страна будала е, ако е ова вистина, и го објавува(притоа не свесен од последиците). А од друга страна будала е, и сака пари да направи. Само ме интересира вие од кај знајте дека е ова второво?

Бог да чува и да брани. За Борис Трајкоски смеј да се зборува за заговори, за Мајкл Џексон можи 1200 теми да се отвораат со стории од духој, дека е жив, дека ова дека она... АМА за Тоше не смеј никој збор да зуцни, освен ако не е во реченица како на пример, Ангелу наш, вечно ќе те памтиме.
И од друга страна, мислите дека ако го нападните некој што не го спомнал Тоше во компарација со Ангел дека ја покажувате вашата добра страна, и сте хумани ко него? Епа се лажите!

И да не заборавиме. НИКОЈ не рече НИШТО лошо за Тоше во текстов.

Мислам, во ред е да го сакаме, и да го почитуваме делото негово, ама вие претерувате.
Мислам, патетични сте.

Sincerely,
Dee_jay
 
T

Tetro

Гостин
За децата кои плачат по темава:

темата е дека бил жртва на криминал

што значи: дека го искористиле некои луѓе за да се стекнат со придобивки. Никаде не е напишано дека не чинат неговите постапки.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Се согласувам со последните два коментари! Текстот е екстремен , ама тоа не значи дека е невистинит,а уште повеќе дека е тотална лага!!!
„Каде има чад, имало и оган“.
Само едно би можел да потврдам како, за мене, познат факт или претходно слушнато, од блиски на Тоше... а тоа е дека Тоше не бил истиот во последните неколку месеци од неговиот живот! Бил повлечен и ладен, што е многу спротивно од неговиот секогаш позитивен и другарски дух!!! Значи една вистина во текстов веќе има, а другите остануваат да се докажат или пак , споменатите и обвинетите да ги демантираат, со контра-информации и докази!!! Празните муабети во стилот „мојот збор, против твојот“ би биле само знак на вина која неможе да се одмине така лесно!
Жалам што за еден од НАЈГОЛЕМИТЕ МАКЕДОНЦИ и најдобрите и најхуманитарни славни личности во Македонија, па и светот, треба да разговараме на ваков начин и за вакви работи, ама едно знам „Господ гледа , бава ама не заборава“! Секој ќе си плати за своите гревови и вистината е една и секогаш излегува на виделина!
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Чим е текстов на Кумановскиов будала не верувам во ништо од напишаното.
Сепак Тоше беше дел од естрадата,јавна личност што ни кажува дека веснициве, тв куќите имале ќар од него. Па затоа ништо и не ми е чудно и после неговата смрт да пишуваат разни глупости само за да ќарат некоја банкнота плус,да им расте популарноста, или пак веснициве да си го зголемат тиражот.
 
ITK

Член од
10 октомври 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
51
Овој новинар има работено како уредник на фокус?
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Овој новинар има работено како уредник на фокус?
Мислам ДА. И знам дека го тепаа во кумновското радио па се жалеше дека бил наместен,цел на мафијата.дрн дрн,дрн...
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
Ова е најочајниот српски текст што сум го прочитала. Ако уредниците не се потрудиле ни лектура да направат, не верувам дека седнале и го исчитале. Обилува со произволности и субјективности и никако не би го зела здраво за готово.
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.676
Поени од реакции
4.790
Мислам ДА. И знам дека го тепаа во кумновското радио па се жалеше дека бил наместен,цел на мафијата.дрн дрн,дрн...
И у ќорка беше ...

Па како да нема да го наместат , кога ги обелодени сите мучки на виделина , сосе неколку болни вистини како таа за Кумановските силувачи -децата на судијата ..итн ...
 
firestarter

нетачен
Член од
3 април 2008
Мислења
80
Поени од реакции
6
Зашто секогаш кога ке погине некој познат се плете некоја приказна дека било вака или така?Зашто никој не може за прифати дека била обична сообраќајна незгода и дека тоа е тоа.Стварно не можам да разберам зашто тоа не се зборува за обични луѓе туку само за познати.Или е во самата природа на човекот да плете некој приказни и се да биде под превезот на мистерија.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Не гледам дека во текстот се напаѓа Тоше, туку напротив, оние кои биле околу него. Така да секоја реплика во врска со тоа е значи само дека оној кој пишува не разбрал ама баш ништо. Текстот е политичка освета, припрема за чистка, обид за разгорување и пресметка, а никако и осуда на Тоше и неговиот лик, кој за жал и несакајќи сам навлегол во тој круг.
Да, има сомнителни изјави, не верувам дека дел од нив се вистинити. Текстот започнува со најава дека дооолго време испитувале што и како, а во целиот текст да доминираат постапките на г-динот Цветановски, посебно кога истиот страшно се закачи со актуелната власт. Незнам дали е ова обид за спас на некои лица и оцрнување на други, или пак навистина оние кои до сега беа заќуткувани, сега конечно ја „продадоа“ вистината.
Лично познавам двајца од наведените, знам како работат и за што се способни, знам во какви сплетки правеле или од какви се обидувале да излезат. Затоа, не би плукал туку така на текстот, туку добро би ги запомнил имињата на фирмите и поединците кои се актери, верувам дека не се случајно напишани а исто така верувам и дека не се невини.
 
Конечно паметен пост да прочитам на темава :cuc::cuc:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom