red baron
sad but true
- Член од
- 3 ноември 2012
- Мислења
- 960
- Поени од реакции
- 825
За Тохарите (Tocharians) науката дознава едвај во 19 век кога во остатоците од античкиот град Kucha во пустината Taklamakan (Xinjiang, Tarim basin, China) се откриени документи напишани на непознат јазик со индиски букви (брахми). Оттогаш проблемот за потеклото, јазикот и културата на Тохарите е предмет на истражување од страна на десетици археолози, историчари и лингвисти. Лингвистите успешно преведуваат текстовите и тука доаѓа вистинската сензација - излегува дека овој јазик не е од иранската група како претпоставуваат првично лингвистите. Тохарскиот jaзик (Tocharian languages) сепак покажува јасна врска со хетски, фригијски, тракиски, илирски, грчки, келтски, балто - словенски и германски. Денес лингвистите сметаат дека тохарскиот јазик е првиот кој се одвојува од вкупното индоевропско јазично семејство.
Уште поголема сензација е наоѓањето во овој географски регион на т.н.таримски мумии (tarim mummies) кои докажуваат миграцијата далеку на исток на древно европеидно население. Y-DNA маркерот на овие мумии е R1a1 што укажува врска со европеидна популација.
https://en.wikipedia.org/wiki/Tarim_mummies
Задачата на археолозите сепак е доста потешка од онаа на лингвистите. Од каде доаѓаат Тохарите, каков е патот на нивната миграција од Европа кон нивната нова татковина - Taklamakan desert и територијата на современата кинеска провинција Gansu ? Ист ли е народот оставил тохарските документи од 5 - 6 век со древното население оставило познатите таримски мумии ? Повеќето археолози одговараат позитивно на ова прашање. Патот на миграцијата сепак не е многу познат и постојат две теории - за северен (преку Сибир и Алтаj) и јужен (преку планинскиот масив Загрос јужно од Каспиското Море) пат на населување. Аргументи има и во двете насоки.
Познатиот истражувач на тохарската култура Victor Mair
Тохарите донесуваат во земите на исток нови технологии во металургијата, нови методи за војување и својата индоевропска митологија. Античките кинески хроничари опишуваат долгите периоди на војна со овие варвари од западот кои постојано напаѓаат античките кинески царства. На крајот во кинеската митологија се откриваат многу индоевропски мотиви навлегле од нивните западни соседи. Паралелите се во директна врска со хетските, словенските (Перун), хеленските (Херкулес) и старогерманските (Один).
''Influences tokhariennes sur la mythologie chinoise'' by Serge Papillon
Тохарски влијанија врз кинеската митологија.
http://www.sino-platonic.org/complete/spp136_tokhariennes_chinoise.pdf
''Tocharians who they were, where they came from and where they lived'' by Vaclav Blazek, Michal Schwarz
http://www.safarmer.com/Indo-Eurasian/Tocharians2009.pdf

Последно уредено: