Тоталитарниот режим на Ердоган, политичката иднина на Турција

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.063
Поени од реакции
4.711
Уште @Ireal да пиши на темава и комплетни ќе сте.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
Популистите делувале во интерес на широките маси :confused: Дај кажи како нивното владеење е во корист на широките народни маси ....
Неможам јас да кажам, тоа го кажуваат народите во државите во кои владеат долги години популистите. Моја перцепција е дека највеќе се должи на суверенистичка политика скоро кај сите, а кај добар дел и економски резултати, но секако на почеток ставање ред и поредок во разурнати држави.

Гадафи направил (y), ама затоа го снема, а Џипинг повеќе би се рекло дека него му се падна секирата во медот, не дека нешто на своја рака и доброволно направил.
А врска Иран , Махмуд убаво си споделил: Запамти, ти не си ништо повеќе од обичен слуга“.... Што направи тој за Иранскиот народ да живее подобро, да напредува итн итн...

Како иде економијата во Турција, според државните органи, сигурно имаат двоцифрен раст :D
За Кси Џипинг си во право, на готово начека се. Тоа е земја во која за корупција следува смртна казна, и како таква е далеку пред сите западни држави во борбата со организираниот криминал.

Точно дека го снема Гадафи, ама процесите што го вадат од такт Западот се дека по Гадафи се појавува Халифа Хафтар, по Ербакан - Ердоган, по Чавез-Мадуро или во Унгарија по Орбан-Орбан.

Ахмадинеџад под поимот слуга, мисли на верник, а не на слуга не некој авторитет во државата. Во 2012 г. дојде во судир со Хомеини, по кој се повлече од политиката. На економски план бил ограничен да направи големи промени, бидејќи бил под санкции, но тоа низ годините не ја намали неговата популарност.

Турската економија е сигурно подобра од времето на ЏХП, во тоа да си сигурен.

https://telma.com.mk/se-vodi-postapka-za-ekstraditsija-na-15-litsa-pripadnitsi-na-feto/

Да видиме дали ќе и ги испрачаат на Турција или не.
Имплантите во владата сега треба да жртвуваат 15тина цијаши и стипендисти на циа, за да не јадат вето преку нератификација во турскиот парламент на протоколот за членство во НАТО.

Спасовски: „Се води постапка за екстрадиција на 15 припадници на ФЕТО"
„Постапките што се однесуваат на екстрадиција на припадниците на ФЕТО организацијата кои што се наоѓаат на територијата на Република Северна Македонија ги води Министерството за правда”, изјави Спасовски
Admir Fazlagic |05.04.2019

(Foto: Arhiva/ AA)

СКОПЈЕ (АА) – Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски изјави дека во земјава се води постапка за екстрадиција за 15 припадници на ФЕТО, пренесува Anadolu Agency (AA).

Министерот Спасовски денеска присуствуваше на брифингот со дипломатите за активностите на Регионалната иницијатива за азил, бегалци и миграција – МАРРИ, а по настанот одговараше на новинарски прашања. Спасовски беше прашан во врска со можна екстрадиција на припадниците на ФЕТО.

„Постапките што се однесуваат на екстрадиција на припадниците на ФЕТО организацијата кои што се наоѓаат на територијата на Република Северна Македонија ги води Министерството за правда. Моите информации говорат дека се работи за 15 лица од кои што 2 веќе не се на територија на државата. Меѓутоа подетални информации ќе мора да побарате во Министерството за правда, до каде се постапките и кога би се реализирале”, изјави Спасовски.

Во официјална посета на Република Северна Македонија во средата престојуваше турскиот министер за национална одбрана Хулуси Акар кој имаше заедничка прес-конференција со министерката за одбрана на оваа земја, Радмила Шекеринска.

Акар рече дека постојат одредени структури на терористичката организација ФЕТО во Северна Македонија, како и дека во тој контекст има нови моменти.

„Се надевам дека во наредиот период ќе се направат конкретни мерки за да и двете земји се спасат од оваа терористичка организација, бидејќи им наштетува на односите на двете земји, на некој начин го саботира нашето пријателство и братските односи“, истакна Акар и додаде:

„Имаме имиња на некои од поглавните лица чии имиња се споделени помеѓу институциите на двете земји. Длабоко сум убеден дека во наредните денови институциите во Северна Македонија ќе преземат конкретни мерки и им веруваме на институцииите на земјата.“

Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а околу 2.200 беа повредени.

https://www.aa.com.tr/mk/балкан/спасовски-се-води-постапка-за-екстрадиција-на-15-припадници-на-фето/1443695
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.159
Денеска Ердоган е во Москва,со најважните членови на Владата и стотина турски бизнисмени.
Според грандиозноста ова е најголем заеднички состанок на Русија и Турција,а денеска и полетаа неколку Калибри на Идлиб од страна на руската морнарица,и доаѓа само неколку дена по самитот на НАТО и заканите на САД врз Турција.
Турскиот одговор е многу јасен а денеска и гласен.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.636
Поени од реакции
38.813
Денеска Ердоган е во Москва,со најважните членови на Владата и стотина турски бизнисмени.
Според грандиозноста ова е најголем заеднички состанок на Русија и Турција,а денеска и полетаа неколку Калибри на Идлиб од страна на руската морнарица,и доаѓа само неколку дена по самитот на НАТО и заканите на САД врз Турција.
Турскиот одговор е многу јасен а денеска и гласен.
Каков одговор и на што одговор?
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Се надевам дека некој ден Русија и Турција ќе се спасат од хипократите Путин и Ердоган. Се разбира за доброто на рускиот и турскиот народ ..
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Се надевам дека некој ден Русија и Турција ќе се спасат од хипократите Путин и Ердоган. Се разбира за доброто на рускиот и турскиот народ ..
Или некој ден светот ќе се спаси од Турците низ светот.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
Се надевам дека некој ден Русија и Турција ќе се спасат од хипократите Путин и Ердоган. Се разбира за доброто на рускиот и турскиот народ ..
И јас се надевам дека еден ден Ципрас ќе стапне на островот Кардак. :icon_lol:
СОВЕТНИК НА ЕРДОГАН СО ЗАКАНИ КОН ЦИПРАС: АКО СТАПНЕ НА ОСТРОВОТ ИМИЈА ЌЕ МУ ГИ СКРШИМЕ РАЦЕТЕ И НОЗЕТЕ
02/02/2018 17:35


Советникот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Јигит Булут изјави дека доколку некое официјално лице од Грција, премиерот Алексис Ципрас или било кој министер се обидат да стапнат на островот Имија ќе им бидат скршени рацете и нозете, пишуваат грчките медиуми.

Пред неколку дена на грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, турската флота не му дозволи пристап до спорниот остров.
На зголемените тензии меѓу двете земји членки на НАТО, неодамна предупреди и американскиот амбасадор во Грција.

http://lokalno.mk/sovetnik-na-erdogan-so-zakani-kon-tsipras-ako-stapne-na-ostrovot-imija-ke-mu-gi-skrshime-ratsete-i-nozete/
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.807
Поени од реакции
15.728
Zemlja je isplatila svoj dug prema ovoj organizaciji u 2013. godine i sada je među nekoliko zemalja na svijetu koje ništa ne duguju MMF-u.

Turski predsjednik je napomenuo kako je njegova zemlja kada je došao na vlast dugovala MMF-u 23,5 milijardi dolara prije no što je konačno isplatila dug. Sada kaže kako oporba, a osobito čelnik Republikanske građanske stranke (CHP) Kemal Kilicdaroglu želi ponovno zatražiti kredit ako dođe na vlast.

Ranije ovog mjeseca Erdogan je kazao kako je Ankara “zatvorila knjigu MMF-a” i neće je ponovno otvoriti.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
Zemlja je isplatila svoj dug prema ovoj organizaciji u 2013. godine i sada je među nekoliko zemalja na svijetu koje ništa ne duguju MMF-u.

Turski predsjednik je napomenuo kako je njegova zemlja kada je došao na vlast dugovala MMF-u 23,5 milijardi dolara prije no što je konačno isplatila dug. Sada kaže kako oporba, a osobito čelnik Republikanske građanske stranke (CHP) Kemal Kilicdaroglu želi ponovno zatražiti kredit ako dođe na vlast.

Ranije ovog mjeseca Erdogan je kazao kako je Ankara “zatvorila knjigu MMF-a” i neće je ponovno otvoriti.
Стара вест од 2011 г. е сега види ти од тогаш па натаму низ све што не поминува Турција :) 2013 г. јавно им објави војна на т.н. Faiz lobisi (каматарското лоби).
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Не би го нарекол поразов "шлаканица", туку "нокаут" кој султанот сам си го бараше.
На претходното гласање загуби со 13000 гласови, за разлика од сега, каде што скоро 800 000 е разликата.
Знам дека темава е многу сензитивна и во бивша Румелија, посебно меѓу самозваните конзервативци што по "правди бога" треба да имаат антиосманлиско расположение, ама тие баш напротив, влажнат гаќички на ликот и делото на тоталитаристот.
Искрено, јас како полиберален лик, имам разбирање и за некои конзервативни политички ставови во средини што се загрозени од надворешни фактори. Во случајот со Турција, како голем регионален играч, појава на вакви политички чудовишта не ми е воопшто по кеиф. Посебно што настапуваше со сериозно негативни политички ставови кон државава, поддршка на недефинирани нестабилни територии како Косово и финансираше верски радикални структури на цел Балкан. Се надевам дека бродоломов у Истанбул ќе му го сјебе целиот тоталитарен политички концепт и дека ќе се отарасаат од него без сериозни проблеми....а што ќе праат со затуцаното општествено ткиво, допрва нека му ја мислат.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.677
Поени од реакции
4.338
Турција и официјално е исклучена од програмата Ф-35
Иако и понатаму постојат шпекулации дека САД не може еднострано да ја исклучи Турција од оваа програма сепак, заради набавката на ПВО системот С-400 Турција е исклучена.
Добрата страна од оваа за Турција е што покрај Грција која има С-300 сега и таа има таков ПВО систем со кој може да се брани од НАТО-грабливки.
Понатамошната разврска може да оди во две насоки, останува да видиме каде ќе се движи.

Геостратешка Понуда - таква и е пораката де!
Русија е подготвена да и испорача Су-35 на Турција како замена за Ф-35, ако такво нешто побара Турција
Главниот директор на РОСТЕК Сергеј Чемезов во ексклузивно интервју за Спутник изјави дека Русија е подготвена да ја "проучи испораката на Су-35" на Турција. Одлуката на САД да ја исфрли Турција од програмата Ф-35 кај еден од најголемите руски производители на оружје Ростец предизвика интерес да се обиде да постигне договор. Сергеј Чемезов, генерален директор на компанијата, изјави дека е подготвен да го проучи прашањето за испорака на руски мултифункционален борбен авион "4+ генерација" Су-35. "Ако нашите турски колеги изразат желба за СУ-35, ние сме подготвени да ја проучиме", рече директорот на оваа компанија.

(Или во слободен превод: Бај Бај Бај демократски атлантисти)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom