Тортиколис - Torticollis

Член од
1 ноември 2021
Мислења
1
Поени од реакции
1
Моето бебе за 1 недела ќе полни 6 месеци. Многу сум загрижена, бидејќи не само вратот, туку и рбетот му е свиткан кон десната страна,како на сликата лево


Инаку сме од Битола, породена сум во плодност, направено на раѓање е ехо на мозок, срце и бубрези и се е во ред. Направено е и ехо на колкчиња, исто се е океј, но ехото не е направено од ортопед, туку од радиолог.

На 2 и пол месеци на ехо на колкчиња (пак на радиолог, бидејќи во Битола не прегледуваат ортопеди, туку радиолози) на левиот колк почнато е да се создава јадро, на десниот не. Прво промрмла докторката дека не е во ред асиметрично да се развиваат, па дека нема никаков проблем.

Од мисла закажавме на приватно кај ортопед во Прилеп. Преглед направивме на 3 месеци точно. Ги виде колкчињата, исто кажа дека јадренце е присутно лево, десно не и нема простор за грижа. Ги прегледа и другите зглобови, ми рече дека е се е во ред. Уште тогаш главчето како да му беше наведнато кон десно и го замолив да го погледне. Виде дека има движења, ми рече нема тортиколис, нема контрактура, супер е. Контрола на 6 месеци.

Еден месец покасно, кога бебето имаше 4 месеци, веќе почнав да забележувам дека како да е искривен кон десно со целото тело. Таква природна положба зазема. Појдов кај матичен педијатар, ми рече дека поцврста му е мускулатурата на десната страна и нема простор за грижа. Се јавив да закажам термин кај истиот доктор во Прилеп, но веќе се кандидирал за градоначалник и не работеше повеќе.

Гуглајќи, видов доста препораки за кај д-р Видоевски и д-р Антоније. За кај Антоније не ни успеав да добијам некој за да закажам термин, а кај Видоевски ми закажаа дури после 2 месеци, односно на кога бебето ќе има точно 6 месеци (на 10 дена од сега).

Ама јас немам мир, ќе полудам до прегледот. Веќе е цврст, си лежи на меше, се има завртено од меше на грб неколку пати само (само на десна страна), од грб на меше не, само странично кон десна страна. Го вежбам секој ден или барем се обидувам да го вежбам како што знам и умеам (Бог знае дали е правилно или не), некогаш ужива и соработува, а почесто му е како измачување и плачи за да го земам в раце.

Дали некоја мајка се соочила со истово? Би ми било од помош секое мислење и искуство.
Благодарам до @bijons што ме охрабри.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.541
Поени од реакции
34.711


... десен тортиколис (tor ti COLL iss) е затегнување на мускулите на десната страна на вратот, тоа резултира со тоа што бебето често ја наведнува главата на десната страна и гледа на левата страна, па не може лесно да ја сврти главата надесно поради затегнатоста на мускулите.

HHII164_Photo1.jpg

играње на стомак,
...кога бебето е будно, многу е важно да поминува некое време и на стомакот со игра,



со поставувајќи ги сите играчки на десна страна за да мора детето да се сврти кон ДЕСНО, но никогаш не го оставајте детето да спие така на стомак.

images.jpg Baby-Physio-4a-1280x720.jpg football-hold-torticollis-exercise.jpg

како да се држи бебето,
бебето треба да се држи станично со десното уво и рамото на бебето потпрено на десна подлактица на мајката така ќе се опуштат стегнатите мускули, исто така може да се користи подлактицата за да де подигне главата на бебето подалеку од неговото рамо за да добие истегнување на странично свиткување, а левата рака на мајката да биде меѓу нозете на бебето за да го потпрете телото, држете го десното рамо со левата рака, на ваков начин носете го бебето во оваа положба колку што е можно повеќе.



... додека го храните бебето со шише, поставете го да го потикнете детето да ја сврти главата надесно.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom