Топ 5 епизоди од серии (no sitcoms)

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.756
Мислам дека нема ваква тема за најдобри или омилени епизоди од серии па решив да отворам една во која секој може да направи листа од 5 епизоди кои му оставиле силен впечаток и (би) ги гледал одново и одново.

Би ве замолил:

- без ситкоми (ќе дојде баграта од Friends ќе ја наполнат темава со клипови) :cenzura:
- без спојлери ако се работи за финале на серија или многу важна епизода. (само видео и/или краток коментар)

Во продолжение, по многу кратко размислување моите топ 5:

5. Lost: Pilot (2004)

4. The Killing: What I Know (2012)
Финалето на втората (и последна) сезона што го расплака подфорумот иако никој нејќе да признае. Големи Спојлери.

3. Lost: Through the Looking Glass (2007)
Спојлери - шмојлери, сите знаат. Го убија Чарли... Ѓубриња.

2. GoT: The Rains of Castamere (2013)
Шокантно... луѓе рикаа по интернет...
"And so he spoke, and so he spoke, that Lord of Castamere but now the rains weep o'er his hall with no one there to hear. Yes, now the rains weep o'er his hall and not a soul to hear."

1. Lost: Ab Aeterno (2010)
Иако е од мојата омразена шеста сезона, епизодава е страва од почеток до крај. Слободно можеа да ја наречат „Страдањето на Ричард Алперт“. Феноменална глума на Нестор Карбонел и раскажување по книга. Гледана ми е преку 10 пати и сеуште ја пуштам во слободно време.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Може да ги напишам без некаков распоред моите омилени 5?

Game of Thrones - The Rains of Castamere
Веќе сè се знае за епизодава, една од најлегендарните епизоди некогаш прикажни на телевизија, епизода за која се збореше со месеци потоа. Не остана никој без коментар за тоа што видовме што се случи.

Sherlock - The Reichenbach Fall

Брилијантна епизода од оваа одлична серија, каде што можевме да видиме вистинско надмудрување помеѓу Шерлок Холмс и неговиот непријател Моријати. Кога Шерлок мислеше дека е во предност, дозна дека веќе задоцнува многу чекори. Сè до крајот.

Breaking Bad - Ozymandias

Поминаа неколку недели и уште епизодава ми е во мислите. Совршенство во 40тина минути, каде што се случува тотален пресврт на настаните и едноставно мора да се прават очајните последни обиди. Сè што беше градено и чувано - пропадна.

Breaking Bad- Face Off

Уште една епизода од Breaking Bad. Овој пат финале на сезона, каде што Волтер Вајт мора да го заштити семејството и да превземе акција за да го надмудри човекот кој секогаш беше во предност.

Doctor Who - Blink

Една од легендарните епизоди на оваа серија. И да ја немате гледано серијата, би ви препорачал да ја погледнете оваа епизода. Фокусирано на една девојка, која на индиректен начин е поврзана со главниот лик Докторот, се соочува со предизвик кој мора да го реши сама, со помош на Докторот во друго време.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.348
Поени од реакции
24.998
Финалето на третата сезона од Lost. Io ја постира сцената погоре, цела епизода е нешто неверојатно, лесно влегува во топ 5 епизоди некогаш. Тогаш сите плачевме...


Финалето на втората сезона од Louie. Луи Сикеј и Памела Адлон во 2 сцени го постигнуваат она што сто љубовни филмови не можат да го направат.


Six Feet Under, сезона 5 епизода 11 насловена Static, односно претпоследната епизода од серијава. Нема што да кажам овде затоа што ќе биде спојлер, убедливо една од најемотивните епизоди во серија.

House MD - Three Stories, претпоследната епизода од прва сезона. Овде се запознаваме со минатото на Хаус, можеби една од поважните епизоди во цела серија. Не знам зошто ама ја ставам во топ 5 листа.

И под број 1 на сите времиња, финалето на првата сезона од Twin Peaks. Мислам нема подобро режирана и повозбудлива епизода во тв светот.
Сигурно пропуштив нешто, па ќе се надополнам.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
1.Sherlock: Scandal in Belgravia
Појака епизода немам гледано

2.Poirot:Murder in Mesopotamia

3.The Twilight Zone-Time Enough at last

4.Game of Thrones S1 Finale

5. Are You Afraid of The Dark:онаа кога беа заробени во трговскиот

 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
3 епизоди од Лост во топ 5?
Не знам дали се заебава или изгледал 3-4 серии во целиот живот.

Последната епизода од Твин Пикс и било кои 4 Твалајт Зона епизоди.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.146
5. Prison Break - Go


- Доволно е да кажам... бегството? Интересна епизода во моментот на гледање. Кога ќе ја изгледаш цела серија сфаќаш дека има и подобри епизоди, али некако со тек на време се навикнуваш на непредвидливоста и ти се намалува тој впечаток. Ова беше стварно добра епизода за гледање првпат.

4. The Walking Dead - Days Gone Bye


- Ретко се возбудувам на почетоците на сериите кога ги гледам за првпат, обично поинтересно ми е пак да ги гледам првите епизоди откако ќе заврши серијата, онака да се потсетам како почнало, сега кога знам како завршува. Али ова беше најголемиот исклучок. Фантастичен вовед во серијата, подобра пилот епизода која ме натерала да ја гледам серијата досега немам видено.

3. 24 - Day 4: 2:00 a.m. - 3:00 a.m.



(немаше видео па морав слика да ставам)

- Епизодата во која според мене кулминира запреплетеноста и заебаноста во серијата. Епизодата која кога ја гледаш те тера само да се фатиш за глава и да кажеш: "Е јебига". Голем момент на сочувствување со ликовите.

2. Lost: Ab Aeterno


- Ова го делам со колегата од воведниот пост. Ричард ми беше еден од поомилените ликови ради неговата мистериозност, па начинот на кој сето тоа се одвитка во оваа епизода ме тераше со мерак да ја чекам кога по втор пат ја гледав серијата.

1. Spartacus: Blood and Sand - Kill Them All


- Најдобрата епизода што сум ја гледал. Последната епизода од првата сезона. Каква кулминација на настаните, какво опфаќање на почетокот на гладијаторското востание од страна на Спартак. Фантастично. Кога викам "не трепнав", тоа го мислам во најбуквална смисла. Каква воодушевеност од епизодата... wow... никад такво чувство сум немал. Брутална епизода, а сепак толку неверојатно добра. Толку потценета серија, а толку фантастични елементи. Дефинитивно број еден.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.991
H

HoT IcE

Гостин
  1. Game of Thrones: Rains of Castamere
  2. Breaking Bad: Ozymandias
Скромно, ама моментално неможе да ми текне на други.:X3:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.756
1. Spartacus: Blood and Sand - Kill Them All


- Најдобрата епизода што сум ја гледал. Последната епизода од првата сезона. Каква кулминација на настаните, какво опфаќање на почетокот на гладијаторското востание од страна на Спартак. Фантастично. Кога викам "не трепнав", тоа го мислам во најбуквална смисла. Каква воодушевеност од епизодата... wow... никад такво чувство сум немал. Брутална епизода, а сепак толку неверојатно добра. Толку потценета серија, а толку фантастични елементи. Дефинитивно број еден.
Мене врв ми е финалето на серијата, и ми беше во тесен круг за избор.

 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.146
Мене врв ми е финалето на серијата, и ми беше во тесен круг за избор.
Добра беше, ќе ја ставев и таа, али сакав да опфатам од сите овие мои пет омилени серии по една епизода која стварно беше прејака. Али да, дефинитивно и оваа е високо пласирана :)
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Six Feet Under - All Alone
Не постои човек што ја гледал серијава, а не му се вечно во сеќавање сцените од оваа епизода. Врвна точка на одлична глума.​
Six Feet Under - Everyone is waiting
Финале на серијата. Одличен крај на целото совршенство. Ако горната епизода ве уништила емотивно, тогаш оваа ќе ве докрајчи.​
Dexter - The Gateway
Финале на сезона 4. Последните сцени на епизодата се врвните точки на серијата. После тоа, до самиот крај, постојан пад на квалитетот и разочараност кај гледачите.
Game of Thrones - The rains of Castamere
Епизода за која целиот Интернет се креана и после која гледаноста на серијата драстично порасна. Но, сепак, има луѓе кои тотално се разочараа и решија повеќе да не ја гледаат серијата. Како и да е, happy endings are for pussies!
Breaking Bad - Ozymandias
Кога дејството тргнува во неочекуван правец, тоа е она што ја прави серијата одлична. Токму оваа епизода е пресвртот, од самиот почеток, до крајот.​
 

Kajgana Shop

На врв Bottom