Топ 10 земји за 2011 година

Член од
10 мај 2008
Мислења
280
Поени од реакции
25
10. Јапонија

Иако важи за многу скапа земја, Јапонија едноставно е прекрасна. Било да преферирате природа, извонредни модерни згради, или пак историско наследство, Јапонија е ИН дестинација. Оваа земја од посетителите често е нарекувана user-friendly заради исклучително пријателското и гостопримливо население. Токио, Фуџи, самураи, гејши, суши, сумо... набројувањето нема крај. Огромна концентрација на интересни знаменитости и обичаи на едно место.

9. Сирија

Оваа блискоисточна земја е поделена на неколку региони – тесни крајбрежни низини, планински зони (Nusayriya на север и Anti-Libanon на југ) и висорамнини со малку врнежи во годината и ретка вегетација. Симбол на земјата е познатата река Еуфрат која не е пловна, но е исклучително популарна меѓу туристите. Пред да ја посетат оваа земја, голем дел од нив не знаат дека во Сирија може да се ужива во умерената клима на крајбрежјето (со суви лета и влажни зими), во пустинска клима во внатрешноста, како и во планинска, на највисоките врвови. За оние кои се желни за културно истражување, во Дамаск се наоѓа Национален музеј кој содржи бројни изложби од азиска, грчка, римска, византиска и исламска уметност. Исто така, во главниот град се наоѓа најголемата библиотека во светот, со повеќе од 150 000 наслови. Сирија е дефинитивно една од историски и географски најинтересните туристички дестинации во светот.

8. Танзанија

Танзанија е земја на големи чуда, како што се Серенгети, Нгоронгоро, Килиманџаро, Занзибар... Освен тоа, Танзанија има многу резервати полни со егзотични африкански животни. Накратко речено, во Танзанија е обединето сето она што го нуди Африка, од прекрасни зајдисонца на реката Руфиџи, преполна со нилски коњи и крокодили, до предели населени со ретките и популарни црвени мајмуни, црни носорози и други ретки видови на животни. Славното Викториево езеро исто така се наоѓа во оваа земја. Без оглед дали сте за планинарење, пловење или пешачење – Танзанија нуди за секого по нешто.

7. Италија

Што уште треба да се каже за Италија што не е кажано до сега? Единствена, историска, гурманска, забавна светска туристичка дестинација. Италија е прогласена за земја со најголем број на заштитени споменици од светското културно наследство од страна на UNESCO. Од популарни скијачки и гурмански центри на север, до медитерански градови на југ, Италија нуди разновидни прекрасни искуства. Без разлика дали барате одмор на волшебните лозарски ридови на Тоскана, каналите на Венеција, античките улици на Рим, историски места низ земјата или на песочните крајбрежја, сето тоа може да го доживеете во извонредната Италија.

6. Ванутау

За оние кои бараат автентично искуство, Ванутау е вистинскиот избор. Оваа островска држава која се наоѓа во Тихиот океан содржи тропски шуми со просечна годишна темпераура од 25 степени, многубројни водопади, лагуни и мали домородни села.

5. Бугарија

Бугарија отсекогаш имала што да им понуди на нејзините посетители, од големите градови преполни со содржини, планинските врвови покриени со снег, Црното море и историските градови кои се наоѓаат по неговото крајбрежје, па до природата полна со водени текови. Бугарија е една од најбогатите земји со питка вода во светот

4. Панама

Економската криза ѝ даде совршен повод на Панама да преземе радикални мерки во економската стратегија, па оттаму и мерки за подобрување на туризмот. По неконтролираното градење и бетонизација, кои само рецесијата успеа да ги прекине, Панама конечно се одлучи да ја врати автентичноста. Локални фестивали, атрактивно истражување на џунглата, пикници на песок... сето тоа ѝ ја враќа на Панама нејзината вистинска природа.

3. Зелен ‘Рт (Cape Verde)

Архипелагот на Cape Verde е најновиот хит меѓу европските туристи кои за време на зимските студови избираат топли дестинации. Фантастичната природа, како создадена за одмор и уживање е, сликовито кажано, единствена мешавина на егзотичните Кариби и мистичната Африка.

2. Бразил

Традиционално атрактивниот Бразили оваа година е на самиот врв според препораките на угледните туристички водичи. Самба, карневали, неверојатно згодни жени и умерена клима се само некои од карактеристиките на оваа прекрасна земја. Бразил привлече уште поголемо внимани на туристите освојувајќи го домаќинството за Светското фудбалско првенство за 2014 година, како и Летните олимписки игри за 2016 година. Доверувајќи му ги врвните спортски настани на Бразил, спортските институции наредија да се зголемат мерките за безбедност на туристите, што досега претставуваше болна точка на Бразил.

1. Албанија:cheeky2:

albanija3.jpg
Можеби за некои претставува големо изненадување, но светскиот туристички водич ја рангираше Албанија на прво место, како дестинација што никако не смее да се пропушти во 2011 година. Иако до неодамна владееше стереотип дека земјите од Балканот се само за “храбри” туристи, токму неистраженоста и скриената убавина е она што ја издигнаа Албанија над сите останати дестинации. Исклучително културно наследство, песочни плажи, азурно море, пријателски и гостопримливи домаќини, домашна кујна, ноќен живот и пристапни цени се адутите кои ја држат Албанија на првото место на оваа престижна листа на најпосакувани земји.

Izvor:
http://www.idividi.com.mk/zabava/Zanimlivosti/641016/index.html
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.463
Поени од реакции
585
Слушав дека во алабанија имало мн. минирани пољиња, дел од нив сеуште не биле деминирани... Често наогале неиспугани гранати, бомби... со срека на туристите...
Би ја посетил и ја, али само плажи :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.814
Поени од реакции
25.383
Како може Бугарија да е пред ИТАЛИЈА? :nesvest: Мижи асан да ти баам...
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
11.538
Поени од реакции
14.746
Како може Бугарија да е пред ИТАЛИЈА? :nesvest: Мижи асан да ти баам...

пффф....чим може Албанија да е пред Кенија твоево не е проблем... :icon_lol:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.547
Поени од реакции
20.970
Франција, Шпанија, Норвешка, Турција, Египет, Индија, Кина, Микронезија и др. се после Бугарија и Албанија? Абе ајде!
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.446
Поени од реакции
1.209
Чудно и ние што не сме тука,пред другите земји..:kesa:
 

VaZzilL

Сантино Џеновезе
Член од
23 април 2007
Мислења
921
Поени од реакции
39
Не знам што ве чуди толку, оваа листа се прави секоја година, не може секоја година во топ 10 да бидат исти земји.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
79.040
Поени од реакции
168.477
5. Бугарија

Бугарија отсекогаш имала што да им понуди на нејзините посетители, од големите градови преполни со содржини, планинските врвови покриени со снег, Црното море и историските градови кои се наоѓаат по неговото крајбрежје, па до природата полна со водени текови. Бугарија е една од најбогатите земји со питка вода во светот
Милиони епитети зад кои се затскриени курвите :pos:
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.059
Поени од реакции
1.721
На Албанија не би и дал прво место меѓутоа е добра туристичка дестинација последниве години масовно се инвестира во туризам.Меѓутоа кој кур бара Сирија тука?Да не нема да видам камикази со 10 килограми експлозив на нив?Или пак Танзанија?
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.772
Поени од реакции
1.272
О.о тој што го напиша ова слободно нека изврши самоубиство
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.234
Поени од реакции
4.101
Интересна е Албанија за туризам, поготово ако си авантуристички расположен. Баш летоска имав една интересна авантура низ неа :)
А дека е поинтересна и попривлечна од Танзанија, Вануату, Јапонија... мало морген.
Само не ми е јасно под какви дроги тој што пишувал бил, штом Бугарија ја вметнал на листава.
 
Член од
9 април 2006
Мислења
3.135
Поени од реакции
1.232
Не викам дека Албанија, Бугарија и Италија не се убави, ама да ги ставиш во топ 10 е смешно... А каде се Фарските Острови? Норвешка?? Нов Зеланд? Малдиви? ... Листава нема блага везе....
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.833
Поени од реакции
953
Ставам кладба дека има многу поубави земји меѓу кој и наша МАКЕДОНИЈА, од горе наведениве во моментов. Инаку да имам доволно пара би ги посетил, иако во дел од нив сум бил.
 
На врв Bottom