Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Eве уште еден поднесок
(Бројот на Вашиот предмет)

ДО ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 2 – СКОПЈЕ

ТУЖИТЕЛ: Снабдување со топлина Балкан Енерџи, ДООЕЛ , Скопје

ТУЖЕН: (Ваше име и презиме) од Скопје

ВРЕДНОСТ: ( вредност од Вашиот предмет) денари

ПРЕДМЕТ: Долг

ПОДНЕСОК број 6 ОД ТУЖЕНИОТ

Со овој Поднесок, Тужениот, се повикува на член 205 став 1 од ЗПП и како релевантен доказ предлага да се изведе Писмо кое Светлана Јаневска, член на Регулаторната комисија за енергетика го упатила до Собранието на Република Македонија.

Ова писмо е пресретнато на интернет страницата на Регулаторната комисија за енергетика и фотокопија од ова писмо се доставува во прилог на овој Поднесок.

Со овој доказ Тужениот докажува дека Сопругот на членот на Регулаторната комисија за енергетика, Светлана Јаневска, бил вработен како продавач во Топлификација.

Во петиот пасос од ова писмо, овој Суд може да прочита дека Светлана Јаневска признава дека нејзиниот сопруг е вработен во Топлификација.

Петиот пасос гласи ( цитат ): „ Мојот сопруг е вработен на работно место, продавач, во една од нерегулираните фирми на Топлификација АД, а тоа е Одржување АД Скопје, друштво кое не се занимава со енергетска дејност и кое не поседува лиценца издадена од Регулаторната комисија за енергетика и на ниту еден начин не е поврзано со моето членување во Регулаторната комисија за енергетика. ( завршен цитат )“

За Тужениот е од голем значај овој Суд да го прифати и изведе овој доказ, бидејќи со него се докажува она што Тужениот го мисли, кои се вистинските причини поради кои Регулаторната комисија за енергетика, во Правилата за снабдување со топлинска енергија, вметнала одредби според кои исклучените треба да и плаќаат на Топлификација. Тужениот мисли и е уверен дека Регулаторната комисија за енергетика ги вметнала одредбите според кои исклучените треба да плаќаат, за да и се „ заблагодари “ на Топлификација што го вработила сопругот на регулаторката.

Инаку според Законот за енергетика не е предвидено во правилата да се предвидуваат обврски за исклучените. Самите Правила за снабдување со топлинска енергија се донесени врз основ на член 28 од Законот за енергетика. Член 28 од Законот за енергетика во целост гласи ( цитат ):

„ Член 28 - (1) Регулаторната комисија за енергетика за секој вид енергија и природен гас донесеува одделни правила за снабдување со електрична енергија, топлинска енергија и природен гас.

(2) Со правилата од ставот (1) на овој член поблиску се уредуваат општите услови и начинот на снабдување, како и меѓусебните права, обврски и одговорности на снабдувачот, потрошувачот на соодветен вид енергија или природен гас и операторот на соодветниот систем, а особено:

1) условите, начинот и рокот на склучување на договорот за продажба на соодветниот вид енергија или природен гас,

2) начинот на пресметка, фактурирање и наплата на испорачаната енергија или природен гас и услугите за користење на преносните, односно дистрибутивните мрежи,

3) условите и начинот на обештетување на потрошувачот во случај на намалена испорака или прекин,

4) потрошувачите на кои не може да им се прекине испораката и начинот на обезбедување на гаранции за намирување на трошоците за потрошената енергија или природен гас од страна на овие корисници,

5) начинот и постапката за промена на снабдувачот по избор на потрошувачот и право на корисникот без надоместок да го промени снабдувачот,

6) квалитетот на испорачаната енергија или природен гас пропишан во соодветните мрежни правила,

7) квалитетот на услугите што ги обезбедува снабдувачот,

8) минималните услови и начин за организациона поставеност и техничка опременост за обезбедување на комуникација со потрошувачите заради обезбедување на пропишаниот квалитет на услугите што ги обезбедува снабдувачот,

9) начинот и постапките за комуникација и размена на информации помеѓу снабдувачот и операторите на соодветните системи заради обезбедување на пропишаниот квалитет на енергијата или природниот гас и услугите што ги обезбедуваат операторите,

10) условите и постапката за исклучување на потрошувачите од преносните, односно дистрибутивните системи во случај кога потрошувачите не ги исполнуваат обврските уврдени со закон, пропис и договор,

11) начинот, формата и роковите за поднесување на извештаите кои што снабдувачот е должен да ги достави до Регулаторната комисија за енергетика,

12) неопходните информации што снабдувачите се должни да им ги обезбедат на потрошувачите преку соодветните сметки, како и информациите што треба да бидат јавно достапни, а се од интерес за сите потрошувачи и

13) заштитата на потрошувачите.

(3) Регулаторната комисија за енергетика ќе донесе Правила за снабдување во краен случај со електрична енергија за домаќинства и мали потрошувачи и Правила за снабдување во краен случај за природен гас.

(4) Покрај одредбите од ставот (2) од овој член, Правилата за снабдување во краен случај со електрична енергија за домаќинства и мали потрошувачи треба да содржат и одредби со кои поблиску ќе се уредат начинот и постапката според кои домаќинствата или малите потрошувачи можат да се стекнат со правото да бидат снабдувани преку снабдувачот во краен случај со електрична енергија. ( завршен цитат ) “

Од овие одредби е очигледно дека Регулаторната комисија воопшто немала надлежности, во правилата, да предвидува било какви обврски за исклучените. Во став 2 јасно стои дека правилата се однесуваат на снабдувачите и потрошувачите. Исклучените не се потрошувачи што значи на нив не се однесува ниту една одредба од правилата. Од друга страна, во став 2 се наброени 13 точки за кои ќе се донесуваат одредби во Правилата, а меѓу ови е 13 точки нема одредба со која се предвидува да се наметнуваат било какви обврски за исклучените.

Тужителот а и Регулаторната комисија за енергетика тврдат дека овие одредби ги потврдил Уставниот суд на Република Македонија. И тоа не е вистина и представува груба манипулација со угледот на Уставниот суд.

Одлуката У.Бр. 125/2012-0-1 на Уставниот суд на Република Македонија, која се однесува на Правилата, е објавена на страна 51 во Службениот весник на Република Македонија број 102/2013 од 18 јули 2013. и секој може да ја прочита. Овој Суд може да ја прочита оваа Одлука и да види дека Одлуката У.бр. 125/12 се однесува на членовите член 13 и член 53 став 1 од Правилата за снабдување со топлинска енергија и овие членови се укинати со оваа Одлука. Член 13 се однесуваше на обврските на управителите на зградите да ги „ кодошат “, односно да ги пријават своите соседи, кои нелегално користат топлинска енергија, а член 53 став 1 се однесуваше на обврската, тие кои се исклучуваат да бараат согласност од соседите. За одредбите од член 66 и член 53 став 2 од Правилата нема ниту збор, ниту тие членови некаде се спомнуваат во Одлука У.бр. 125/12. И не само тоа, во целиот текст на оваа Одлука ниту еднаш не се спомнуваат обврските исклучените или нешто што барем асоцира на тоа. Во Одлуката У.бр. 125/12 никаде не се споменува ниту Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, кој патем кажано е донесен по Одлуката У.бр. 125/12. Очигледно дека Тужителот мами и „ блефира “ кога тврди дека со оваа Одлука се „ потврдувале Правилата “; се „ потврдувала обврската “ и се „ потврдува примената на Тарифниот систем “. И не само што Тужителот мами кога тврди дека со Одлуката У.бр. 125/12 се потврдувале Правилата и Тарифниот систем, туку тој манипулира со угледот на Уставниот суд, тврдејќи дека Уставниот суд ги потврдил овие одредби.

Член 51 став 2 од Уставот гласи: „ Секој е должен да ги почитува Уставот и законите “, но не пишува дека секој треба да ги почитува правилата кои ги донела Регулаторната комисија за енергетика. Од доказот кој е предложен со овој Поднесок, се потврдува мислењето на Тужениот дека одредбите според кој исклучените треба да плаќаат се донесени за да Регулаторната комисија за енергетика се „ реваншира “, затоа што Топлификација го вработила сопругот на регулаторката. Тужениот не сака да плаќа за да и „ заблагодари “ на Топлификација за тоа. На Тужениот, со член 8 од Уставот, му е гарантирано дека нема да подлежи на било какво ограничување на слободата освен на оние ограничувања што е предвидени со Уставот и со закон. Со член 16 од Уставот, на Тужениот, му е гарантирана слободата на мислење, совест и уверување.

А М А Н Д М А Н XXV став 1 од Уставот на Република Македонија гласи: 1. Судската власт ја вршат судовите. - Судовите се самостојни и независни. Судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.......

Член 2 став 1 од Законот за судови гласи: „ Судовите судат и своите одлуки ги засноваат врз основа на Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот....

Затоа Тужениот бара, овој Суд, да побара од Тужителот да наведе врз кои закони тој го заснова своето побарување. А ако нема такви закони, Тужениот бара, овој Суд, да се прогласи за ненадлежен и да ја отфрли тужбата


Прилог: Писмо



Во Скопје на 28. 09. 2014 Тужен, ( Ваше име и презиме )

прилог
Почитуван Претседателе, Ви го доставувам ова писмо како демант на изнесените тврдења на 45 седница која се одржа на 01.11.2012 година во Собранието на Република Македонија. Имено, на истата седница на која се водеше расправа за Интерпалацијата на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, пратениците Јани Макрадули и Миле Андонов во своите дискусии наведоа дека мојот сопруг бил член на менаџерскиот тим Топлификација АД Скопје кој заработил 19 милиони денари, дека има акции во Топлификација АД и дека бил член на управниот одбор на Топлификација АД Скопје. Сите наводи изнесени од овие двајца пратеници се неточни и претставуваат бескорпулозни лаги и измислици од најдолен вид. Мојот сопруг Димче Јаневски, ниту е дел од менаџерскиот тим на Топлификација АД Скопје, ниту пак поседува акции во Топлификација АД Скопје. Како доказ ја приложувам и Потврдата број 08-6530/2 издадена од Централниот депозитар за хартии од вредност АД на ден 02.11.2012 година, според која Димче Јаневски никогаш не бил имател на хартии од вредност ( акции, обврзници, и др). Мојот сопруг е вработен на работно место, продавач, во една од нерегулираните фирми на Топлификација АД, а тоа е Одржување АД Скопје, друштво кое не се занимава со енергетска дејност и кое не поседува лиценца издадена од Регулаторната комисија за енергетика и на ниту еден начин не е поврзано со моето членување во Регулаторната комисија за енергетика. Се што сум постигнала во мојата кариера, сум постигнала благодарејќи на мојата професионалност, етичност и стручност и нема да дозволам никому со лажни конструкции да си поигрува со мојот углед. Претходно споменатите пратеници со нивните лажни и неточни обвинувања предизвикуват емотивни шокови кај моите најблиски. Тие кои што вчера од собраниската говорница ги изнесоа овие лажни тврдења и клевети, ако имаат храброст и аргументи за тоа што го говорат, нека излезат и истото нека го потврдат надвор од собраниската говорница каде што не важи имунитет за изречена клевета. Затоа, во сите понатамошни расправии и дискусии, барам да не се злоупотребува моето име и името на мојот сопруг. Во спротивно ќе бидам принудена да ги превземам сите правни мерки кои што ми стојат на располагање за да го заштитам мојот углед и угледот на мојот сопруг. Ве молам за сето ова да бидат известени пратениците Јани Макрадули и Миле Андонов, бидејќи јас не присуствував на вчерашната седница и немав можност директно да одговорам на овие обвинувања. Со почит, Прилог: Потврда бр. 08-6530/2 од 02.11.2012 Член на Регулаторна комисија за енергетика Светлана Јаневска
 

Attachments

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Докази кои Топлификација ги дава пред судот се фактурите и писмото кое регулаторна го пратила на БЕГ со кое се тврди дека исклучените се „ пасивни корисници “
Овие докази треба да ги побиеме и да дадеме спротивни докази
За писмото го дадовме поднесок 5. А сега како доказ со кој се спротивставуваме на фактурите еве го поднесок 7
Значи поднесоците 5 и 7 обавезно да ги поднесете и во предметите кон БЕГ и кон Топлификација
...........................................................................................
(Бројот на Вашиот предмет)

ДО ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 2 – СКОПЈЕ

ТУЖИТЕЛ: Снабдување со топлина Балкан Енерџи, ДООЕЛ , Скопје

ТУЖЕН: (Ваше име и презиме) од Скопје

ВРЕДНОСТ: ( вредност од Вашиот предмет) денари

ПРЕДМЕТ: Долг

ПОДНЕСОК број 7 ОД ТУЖЕНИОТ

Со овој Поднесок,Тужениот, се обраќа на Судот по повод фактурите кои Тужителот ги предлага да се изведат како доказ за наводните побарувања. Со овој Поднесок Тужениот предлага спротивни докази со кои се докажува дека овие фактури се само „ веродостоен доказ за мамење “ на Тужителот и предлага со увид на лице место овој Суд, да ја утврди стварната состојба.

Тужениот укажува на Судот, дека Тужителот сам ги пишувал тие фактури и заверени и финансиски картици. Тужениот на ниту еден начин не ја потврдил содржината на фактурите. Во нив е напишано она што Тужителот мисли дека Тужениот наводно му долгува. И тие фактури не се доказ за било што друго освен за мислењето на Тужителот. Тужениот не го оспорува правото на Тужителот да има свое мислење, но неговото мислење не е доказ за постоење обврска. Тужениот негира дека има обврски кон Тужителот. Меѓутоа, со мислења, со фактури и финансиски картици не се утврдуваат обврски. Само надлежен суд, во постапка утврдена со закон може да утврдува обврски. Затоа Тужениот бара овој Суд да ги утврди наводните обврски на Тужениот.

И во Законот за парнична постапка и во Законот за извршување, сите фактури се нарекуваат „ веродостојни исправи “. Меѓутоа, овие фактури на Тужителот не се „ веродостојни исправи “, туку се веродостојни докази за мамење.

Овој Суд може да ги погледа овие фактури i да види дека во сите крајни суми кои се наведени во овие фактури се различни. Тие суми според Тужителот би требало да представуваат цена на ангажираната моќност. Ангажираната моќност, според Тарифниот систем се утврдува еднаш годишно а се плаќа на месечни рати. А овде сумите не се еднакви, што е очигледен доказ дека Тужителот мами.

За да го докаже тврдењето дека Тужителот мами на хохштаплерски начин, Тужениот предлага и бара како доказ да се изведат членовите 21, 25, 35 и 37 од Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија ( Службен весник на РМ 99/2013 ).

Овие одредби гласат( цитат):

Член 21 (1) Фиксниот дел од надоместокот за услугата снабдување со топлинска енергија се состои од: 1) оперативни трошоци; 2) амортизација на средства; 3) маржа за снабдување одобрени од страна на Регулаторната комисија за енергетика согласно Правилникот за цени на топлинска енергија и системски услуги. (2) Одобрениот фиксен дел од надоместокот за услугата снабдување со топлинска енергија, од став 1 на овој член, снабдувачот го фактурира на потрошувачите на 12 месечни рати како дел од вкупниот фиксен дел од збирниот надомест за топлинска енергија од сите мерни места (Nsm). Nsm = Nsf/12 Nsm - месечен надоместок за услугата снабдување со топлинска енергија; [ден/месец] :Nsf - годишен надоместок за услугата снабдување со топлинска енергија; [ден/година]

Член 25 Фиксниот дел од збирен надомест за топлинска енергија од сите мерни места овозможува дефинирање на тарифниот став за ангажирана топлинска моќност на ниво на мерно место изразена во денари/kW.

Член 35 став (1) Промената на ангажираната топлинска моќност според која се пресметува надоместокот на топлинска енергија се врши на почетокот на секоја грејна сезона.

Член 37 ставови 1 и 2: (1) Задолжувањето со фиксниот дел од надоместокот на мерно место од страна на снабдувачот со топлинска енергија кон сите категории на потрошувачи се фактурира на 12 месечни рати. (2) По исклучок на став 1 од овој член потрошувачите со поднесување на писмена изјава можат да се задолжуваат со фиксниот дел од надоместокот за топлинска енергија на 7 односно на 8 месечни рати. ( завршен цитат )

Овој Тарифен систем е на сила од јули 2013, но и предходниот систем имаше исти одредби. Претходниот Тарифен систем за продажба на топлинска енергија е објавен во Службениот весник на Република Македонија број 151/2009 и таму може да се прочита ова ( цитат ):

„ Член 18

Фиксниот дел од надоместокот за услугата снабдување на топлинска енергија се состои од: - оперативни трошоци; - амортизација на средства; - принос на средства и - маржа за снабдувањеодобрени од страна на Регулаторната комисија за енергетика согласно Правилникот за начин и услови за регулирање на цената на топлинската енергија за греење.

Одобрениот фиксен дел од надоместокот за услугата снабдување со топлинска енергија на ниво на Снабдувач, од став 1 на овој член, поделен со ангажирана топлинска моќност, овозможува дефинирање на тарифниот став (денари/kW) за пресметка на фиксниот дел од надоместокот за ангажирана топлинска моќност.

Член 22

Фиксниот дел од збирен надомест за топлинска енергија од сите мерни места овозможува дефинирање на тарифниот став за ангажирана топлинска моќност изразена во денари/kW.

Член 32

Топлинската моќност според која се пресметува надоместокот на топлинска енергија е ангажираната топлинска моќност Wan (kW).

Ангажираната топлинска моќност на категорија потрошувачи е збир на пресметаните ангажирани топлински моќности на сите потрошувачи од таа група.

Ангажираната топлинска моќност на мерно место е збир на пресметаните ангажирани топлински моќности на групите на потрошувачи приклучени на мерното место.

Ангажираната топлинска моќност (WAN) се определува со следење на потрошувачката на енергија во определен период, на следниот начин:.......

Член 33

Промената на ангажираната топлинската моќност според која се пресметува надоместокот на топлинска енергија се врши на почетокот на секоја грејна сезона. “ ( завршен цитат )

Од овие одредби е очигледно дека „ ангажираната моќност “ се одредува еднаш годишно, на почетокот на грејната сезона и дека се рапоредува на месечни рати. А бидејќи крајните суми на фактурите кои Тужителот ги предлага како доказ не се еднакви, олигледно е дека тој мами.

Ако Судот ја погледа содржината на овие фактури ќе види дека во неа се наведени податоци за грејна површина, број на потрошувачи, инсталирана моќност, ангажирана моќност и тн. Од каде овој Суд знае дека тие податоци се точни? Посебно во оваа ситуација кога е докажано дека Тужителот мами на хохштаплерски начин.Тужениот за точноста на тие податоци не доставил ниту еден доказ. Зарем овој суд ќе му верува, без било каков доказ, кога е очигледно дека мами? Тужителот, досега, дури не изјавил ниту „ жими мајка “ дека овие податоци се точни.

Тужениот бара, Тужителот пред овој Суд да достави цврсти докази за тоа што го тврди во овие фактури. Односно се бара, Тужителот да докаже што тој на Тужениот му дал, или за него сторил, несторил или трпел и сега бара тој возвратно за тоа да му плати.

Бидејќи е очигледно дека Тужителот мами, Тужениот предлага и бара, овој Суд, со увид на лице место да утврди точни податоци, а не да верува на лагите на Тужителот.

Ова е важно за оваа парница, посебно во оваа ситуација кога Тужителот е „ фатен во лага “


Во Скопје на 03. 10. 2014 Тужен, ( Ваше име и презиме )
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Денес присуствував на уште едно судење
Повторно одложено за декември
Поднесоците вршат работа. Судиката и адвокатката силно се изнервираа, сакаа веднаш да го осудат. Му велеа и му се закануваа само повеќе ќе платиш.
Но сепак на крај попуштија и одложија.
Не можам да Ви опишам какво лице направија кога мене ме видоа
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Денес бев на уште едно судење
Ситуацијата е загрижувачка. Се чини дека судиите добиле налог што побрзо да не осудат.
Човекот кој го судеа, сакаа веднаш да го осудат
Јас се побунив од публиката па ме избркаа од судење
Ако - барем судењето го одложија за декември
Денес разбрав и зошто толку им се брза на судиите
Топлификација подготвила нови тужби за есента 2013 и сега нотарите делат решенија
Битно е да ги споиме ови нови тужби со старите
Затоа одолговлекувајте што повеќе можете
Давајте поднесоци, одлагајте судења дека сте болни, барајте иземање на судиите...
Деновиве ќе постирам нови поднесоци
Важно не се предавајте - борете се со сите сили
А властодршците ..... ќе им дојде крај
 
Член од
27 март 2011
Мислења
85
Поени од реакции
31
Како што наведов во пост 1438, БЕГво судењата против исклучените го застапува Адвокатско друштво Чукиќ и Марков:
На судењата тие настапуваат вака: Тие велат исклучените се пасивни корисници на парно
( Ова го докажуваат со едно писмо кое Регулаторна го пратила на Методи Стојчев, во кое регулаторна дава мислење дека вклучените се активни а исклучените пасивни корисници )
Понатаму велат - Според Правилата сите корисници треба да склучат договор
Понатаму велат: - Според правилата тие кои не склучиле договор се смета дека склучиле договор под исти услови
И на крај заклучуваат, според член 53 став2 од Правилата исклучените се во обврска да плаќаат
.............................
Ние ќе се браниме вака:
- Не сме пасивни корисници - и ќе предложиме сведоци кои ќе потврдат дека сами се затоплуваме.
- Постоење на на некави активни и пасивни корисници не е предвидено со ниту еден закон
- Регулаторна нема надлежност да дава мислеења и такво нивно мислење никого не обврзува
Членовите на регулаторна се по занимање инженери по елерктротехника и правници и поима немаат за техниката на затоплување, за да нивното мислење биде релевантно
Ние сме го раскинале облигациониот однос со Топлификација пред да се донесат правилата и немаме никакви обврски по раскинувањето на облигациониот однос
Ако имате некоја друга идеја како да се браниме - предложете
Цевките да се заштитат термички за да не даваат топлина во становите кои се исклучени.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Цевките да се заштитат термички за да не даваат топлина во становите кои се исклучени.
Не Топлификација и Регулаторна не ни споменуваат дека со цевките се давало топлина. Во најголем број станови не ни поминуваат цевки
Тие бараат да се плати за да хаџи-мафија и компанија бидат уште побогати
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: osa
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Денес присуствував на четири судења на исклучени
Од дома излегов пред девет наутро а се братив после 2 попладне
Се држевме одлично. Сите судења се одложени за декември.
Слушнав вест која многу ме охрабри
Повеќе судии во Судот побарале да бидат ослободени од судења на исклучените. Не сакале да соучествуваат во ова што ни го направија властодржците. Срамно да ги осудуваат исклучените, кои ништо не добиле а вастодршците ги осудуваат да им плаќаат на криминалците од топлификација

Затоа поздрав за сите чесни судии
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Вчера присуствував на уште едно судење на исклучен
Исклучениот поднесе поднесок и се одложи судењето за 12 декември
Сега за сега фукционира тактиката со поднесоци -
 

osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
Денес бев на уште едно судење
Ситуацијата е загрижувачка. Се чини дека судиите добиле налог што побрзо да не осудат.
Човекот кој го судеа, сакаа веднаш да го осудат
Јас се побунив од публиката па ме избркаа од судење
Ако - барем судењето го одложија за декември
Денес разбрав и зошто толку им се брза на судиите
Топлификација подготвила нови тужби за есента 2013 и сега нотарите делат решенија
Битно е да ги споиме ови нови тужби со старите
Затоа одолговлекувајте што повеќе можете
Давајте поднесоци, одлагајте судења дека сте болни, барајте иземање на судиите...
Деновиве ќе постирам нови поднесоци
Важно не се предавајте - борете се со сите сили
А властодршците ..... ќе им дојде крај
mnogu optimisticki !!!!!!! krajot teshko ke im dojde ! moze samo kamatite za dolgot da porasnat ,i nishto poveke ....ovde vo ovaa vukojebina od drzava ....za nadvor od granicite moze da se nadevame deka ke ima pozitiven ishod tuzbata (zboram za megunaroden sud vo hag ,no i toa e RAVENKA so mnogu nepoznati ,koj e patot da stignesh do tamu i tamu da si ja barash pravdata ,nikoj ne go znae )[DOUBLEPOST=1414055684][/DOUBLEPOST]
Не Топлификација и Регулаторна не ни споменуваат дека со цевките се давало топлина. Во најголем број станови не ни поминуваат цевки
Тие бараат да се плати за да хаџи-мафија и компанија бидат уште побогати
imav moznost licno da zboruvam so clen na regulatorna ...tolku go staviv vo kjosh shto posle 20 minuti muabet (jas kako NESTRUCNO lice i on kako visok STRUCHNJAK )na sekoe moe prashanje ,potocno konstatacija ,mi odgovarashe "taka e vo pravo ste ,ama toa e " koga mu rekov se ova shto go zboruva (eden vid priznanie deka sum vo pravo )da go napisheme na hartija i da si ja baram pravdata ,vednash stana ko poparen ,se izvini deka imal sostanok ,i mu ja KIDNA u nepoznat pravec vo ogromnata mu zgrada ...
zaklucok : oni znaat deka ne se vo pravo ,i nema shto da se dokazuvame na sud ,no mora da znaat site deka i SUDOT si e nivni ,zatoa taka postapuvaat
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@osa
Ние ќе победиме...
Ништо не може да не запре.
Ми е жал што не можам да опишам, како изгледа на тие судења
Еве пример
На едно судење обвинетиот, вели: Мене топлификација ништо не ми дала Јас немам пари, јас сум невработен, жена ми е невработена, сите живееме од пензијата на мајка ми која е 8000 денари.
А судиката вели, ќе те осудиме, па кога ќе заработиш пари ќе ти ги земат од сметка
Хаџи-мафија е криминалец кој има 5000 евра месечна плата и милиони во акции кои тој и неговите струмички мафијаши ги „ спечалија ’. Власта не продаде за да се вработи во Топлификација мажот на една регулаторка и таткото на еден министер
 

osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
@osa
Ние ќе победиме...
Ништо не може да не запре.
Ми е жал што не можам да опишам, како изгледа на тие судења
Еве пример
На едно судење обвинетиот, вели: Мене топлификација ништо не ми дала Јас немам пари, јас сум невработен, жена ми е невработена, сите живееме од пензијата на мајка ми која е 8000 денари.
А судиката вели, ќе те осудиме, па кога ќе заработиш пари ќе ти ги земат од сметка
Хаџи-мафија е криминалец кој има 5000 евра месечна плата и милиони во акции кои тој и неговите струмички мафијаши ги „ спечалија ’. Власта не продаде за да се вработи во Топлификација мажот на една регулаторка и таткото на еден министер
sekoj so svoeto ubeduvanje ! ete i zborovite na sudikata shto ti kazuvaat :ke te osudime i eden den ke ti gi zememe parite od smetka ,jas dodavam so mnogu golema kamata plus na dolgot shto go dolzish
dali ne ste ja sogledale najbitnata rabota vo ovie devet godini vakva vlast ...pa nie ne sme veke luge so sudbini ,NIE SME BROJKA, KAKVA PA TRANSAKCISKA I OD NEJZE SEKOJ SHTO SAKA SI ZEMA ,NAJMNOGU UJP
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
Дај кажете како да им објаснам дека радијаторите се ладни и смрзнувам? Звонев на грижа за корисници бројот што го има на сметките, вика звони на овој, дистрибуција ти треба тебе. Звонам таму, само секретарка, порака да сум оставел...некоја идеја?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom