Тони и Дејан - ОПУШТЕНО

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
Валјда сака да каже касно е веке да се пере откако пропадна у г... со политика, а плус то и на алфа будимпешта тв .. јбг
Епа то е проблемот тука во Македонија или Северна ко што ја нарекуваат Кајгана порталот. Кој шо сака нека си прави у приватниот живот и то не треба да не занима, а најмалце пак да ни го менува мислењето околу неговата сериозна кариера.

Некни баш го гледав во 1на1 Тони Михајловски, одма се осеќаше разликата у епизодите на 1на1 од претходните. Внесе доста свежина и хумор во целата емисија.

Тој одамна велеше дека Опуштено ќе ја ресетира и тоа уште во годините кога не се бавеше со политика. Како мрднат старец кој ги забавува своите гости.
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
602
Поени од реакции
487

Да ми извиниш ама не е така. Во случајот со Тони Михајловски не е така. Човекот е глумец и со самото тоа е и јавна личност. И што и да направи во животот се се следи.

Човекот реши да работи за политичка партија ЈАВНО. И тоа не е и неможе да биде приватен живот. А, многу е тешко кога човек од културата ќе почне партиски да се бави и ќе поддржува режими. Од таквите личности се очекува први да се спротистават, а не обратното. Весна Петрушевска најде доблест и призна дека згрешила.

Е сега да зборуваме за телевизија...

Како глумец, веројатно е добар, незнам, во театар не сум го гледал. Но, ете верувам дека од сите јавни работи кои ги работел (глумец, водител, стендап комичар на партиски конгреси), најдобар е во ова првото.

Значи, верувам дека е добар глумец. Но, како водител е КАТАСТРОФА. Можеби дека сценариото сам си го пишува, или можеби не користи сценарио и мисли дека се знае.

“Опуштено“ беше ДНО НА ДНОТО. Остана познат по “оџачар“ и ништо друго. За “хуморот“ со баби со шамии немам зборови.

Ако човекот сака пак да биде водител, потребни му се добри сценаристи. А според видеава што се објавени и добри сценографи. Со вештачка трева, бандера и месечина, емисијата не се прави. Веројатно ќе биде во стилот на деведесетите, троа муабет, троа пеење. Значи баш “опуштено“ пред спиење. Ништо спектакуларно.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Вчера гледав и досадно беше. Од една страна мило ми е што немаше цела емисија хумор и да го слушаме смеењето на Тони но од друга страна хуморот како воопшто и да го немаше. Ми се допаднаа Александар и Ненад со анкетата.

Дури на пола емисија и заспав од што беше досадно.
 
Тони Михајловски не се смее? Неверојатно.
Па нормално дека ќе биде досадно. Се виде по видеава.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Тони Михајловски не се смее? Неверојатно.
Па нормално дека ќе биде досадно. Се виде по видеава.
Немаше толку смеење како тоа што го правеше со Део. Јас сакам да има и повеќе поозбилни разговори но некако на среде емисија заспав од што не ми беше до толку интересно. Се надевам нареден гостин ќе биде позабавно.

Нина Јанева ја поштувам покажа добар глас. Ја испеа Налеј Налеј.

Студиото можеле и подобро да го смислат.
 
^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
За прва епизода беше океј, многу зависи и од гостинот секако. Се надеваме на поинтересни гости во иднина.

За студиото претпоставувам заради короната, нешто природа, дистанца итн.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
За студиото претпоставувам заради короната, нешто природа, дистанца итн.
Откако е директор Јани Бојаџи на Алфа студиата им се крш. Не мислам технички туку во дизајн визуелно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom