Тодор Паница

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Тодор Паница (1879-1925)

Тодор Николов Паница е македонски револуционер роден на 2.VII.1879 во Oрjaхoвo, северна Бугариja. Како сирак бил одгледан од чичко му во Варна. Во гимназијата негов соученик е Михаил Даев - син на богати родители од Балчик, североисточна Бугарија. По завршувањето се вратил во својот град и формирал социјалистички кружоци.

Вo 1902 година веќе бил член на ВМОРО и како дел од четата нa војвoдaтa Никола Пушкаров дejствувал во Скопско, Кумановско и Кратовско. По Илинденското Востание пребегнал во Бугарија, но накратко... Од 1907 г бил драмски околиски војвода и, член на Серскиот Округ на Јане Сандански.

Во 1907 г. Паница се оженил со Екатерина Измирлиева, учителка во локалното село Калапат. Неколку дена по свадбата, неговиот кум и другар од детството Михаил Даев, исто така револуционер од ВМОРО, се обидел да го вовлече во заговор за убиство на Јане Сандански. Сето тоа потекнало од Борис Сарафов и Иван Гарванов, задграничните претставници на Серскиот Округ, кои што заедно со Даев посакале да го превземат местото на Сандански.

Паница првично прифатил, но во клучните моменти кај него преовладала лојалноста кон Сандански и му кажал за заговорот и му предал компромитирачко писмо од преписката на Даев со Сарафов, што послужило како доказ при што Серскиот Округ ја донел смртната пресуда против заговарачите.

Потоа следело соочување на Михаил Даев со Паница и други претставници од Округот, каде лично пред Сандански понизно признал дека бил заведен од Сарафов и Гарванов, дека се кае и замолил веднаш сам да си пресуди. Така и било, Сандански кажал да му се даде неговиот револвер, и Даев си пукал во главата, пред сите.

(Михаил Чаков – “Дневник на мојот револуционен живот”, стр. 190-194)

На 7. XI.1907, во домот на Сарафов, Паница ги извршил смртните пресуди врз Сарафов и Гарванов.

Вo врeмeтo нa Mлaдoтурската револуција (1908) Паница бил еден од основачите на Народната Федеративна Партија со Сандански, Димитар Влахов и други. Учествувал во Балканските војни. По Првата Светска војна бил истакнат член на Македонската емигрантска федеративна организација - МЕФО, но и опонент на ВМРО (автономистичка). Вo 1924 се иселил во Виена. Bo 1925 учествувал во преговорите околу Мајскиот Манифест.

Убиен е во виенскиот “Бургтеатар”, 8.V.1925, по наредба на бугарскиот слуга Ванчо Михајлов. Атентаторка била Мелпомени Менча Крничиу.

1566691272965.png
 

Kajgana Shop

На врв Bottom