Тодор Александров

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
А пак комунистите многу чесни, сите од ред до ред. И немал право да се сомнева во нив? Или да не прифаќа нивни измислици?
Искрено, никој не ги сакал комунистите (освен после втората светска војна), па така и Т.А. - не им верувал баш...
Бугарија вели дека е тоа е "комунистичка лага" а тоа се однесува на македонскиот народ и држава.
Ленин (1914) вели дека е неопходно да се признае национализмот меѓ угнетените народи и да се гарантира нивната национална независност и правото на отцепување. Отука иде тоа противење и ораза кон комунизмот дури и ден денес, наративот дека Македонија и македонците се создадени од страна на комитерната или Тито.

Ден денес гледам и читам идиоти кои го осудуваат комунизмот, претежно игнорантни и неписмени.

П.С. комунистите се сакани (бајаги) пред втората светска војна, понатамошно читање историја на основањето на КПЈ и изборните резултати.
 
Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.449
Поени од реакции
1.780
Кажи дека јавно се откажал од потписот нарекувајќи го "комунистичка измислица".
Знаеш кој друг го вели истото (за мак. народ и држава)?
Бугарија или царскиот двор (со кој бил јако врзан).

Не е тешко да споиш два и два.
Тоа што ти си толкуваш и влечеш заклучоци е едно.Меѓутоа нема доказ за Александров дека рекол македонскиот народ е комунистичка измислица.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Тоа што ти си толкуваш и влечеш заклучоци е едно.Меѓутоа нема доказ за Александров дека рекол македонскиот народ е комунистичка измислица.
Вие влечете бесмислени и историски невалидни заклучоци.
Александров е човек на бугарскиот двор а нивниот став ("комунистичка измислица") е јавно произнесен и нема потреба од овие ревизии на историјата, почни да читаш од првата страна на темата доста е објаснето.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265

Тезата дека македонскиот народ е комунистичка / коминтерновска измислица и Титова творба е многу подоцнежна теза, Тодор дотогаш си бил блажено упокоен :)
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.793
Поени од реакции
17.154
Секој различно го толкува неговиот лик и дело.Живеел во едно бурно време и е контроверзна личност за најголемиот дел од народот.Да не го тупам со муабети како вие сте испрани мозоци од комунизмот па погрешно ве учеле оставам секој сам да си изгради сопствено мислење.За мене Тодор е личност кој го држел македонскиот народ буден и се борел против србскиот окупатор а и најважно од се што според мене е еден од главните виновници што Македонците од вардарска Македонија не е станале Срби за да подоцна и добијат каква таква македонска држава.Во тоа време било важно а моментално изгледа џабе затоа што кога успеаа да ја добијат ја сјебаа за 10 години.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Да бил толку Бугарин, немало да го убијат Бугарите (односно да му го “спакуваат“ убиството).
Дали бил убиец? Да. Дали и другите биле такви? Да. Не можеш да буричкаш во нужник а да не се усмрдиш.
Бугарската држава била сепак најголемиот виновник затоа што се вмешувала во македонските внатрешни работи, и на секоја автентична активност која водела кон слобода на Македонците таа формирала паралелни организации од типот на камелеонски организации (изгледа исто, ама не е исто ;) ) Тоа го има и во животинскиот свет - има инсекти и животни кои изгледаат исклучително безопасно (личат на пример на цвет), но се најопасни предатори за наивни, неискусни жртви.
Бугарија тоа го прави и денес. Се појави ВМРО-ДПМНЕ и веднаш се формира ВМРО-СМД. Исто е, ама и не е исто :) Покрај тоа и во самото ДПМНЕ имаше повеќе бугарски и српски агенти и платеници отколку искрени и посветени патриоти. А и на тие чесните наведените работеа на нивно корумпирање и компромитирање.
И тоа при сета денешна писменост (релативна) и упатеност преку медиумите. Замислете како било пред 100 години?
 
Последно уредено:

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Да не го тупам со муабети како вие сте испрани мозоци од комунизмот па погрешно ве учеле оставам секој сам да си изгради сопствено мислење
Добро, ние сме со испрани мозоци од време на комунизмот туку ти кажи една книга што си ја прочитал во врска со Александров.[DOUBLEPOST=1554931361][/DOUBLEPOST]
Да бил толку Бугарин, немало да го убијат Бугарите (односно да му го “спакуваат“ убиството).
Да бил толку Македонец немало да е прв шпиун во бугарскиот двор.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Да бил толку Македонец немало да е прв шпиун во бугарскиот двор.
Не си помислил, со ќошето од мозокот барем, дека таквите податоци ги фабрикувал бугарскиот двор за да го дискредитира?
И за Груевски имаше муабети јавно изнесени дека украл неброени милијарди (не викам дека сепак не украл), ама од сите криминали што му ги теретеа го судат за сосема легално набавен блиндиран Мерцедес?!? А сегашниот премиер фатен со двете раце во бурето со мед го ослободуваат од обвиненија?!?
И после сто години доколку не се промени констелацијата на сили некои чипирани ќе учат и пропагираат дека Груевски бил тежок криминалец, а Заев бил херој кој се борел за правда и бил на страната на “светлината“...
Ех, змајчек, змајчек... Мислев дека во тебе има потенцијал, ама ништо...
 
Љубицо, дека е слуга на царскиот двор е општо познат факт насекаде: меѓу нашите револуционери и меѓу оние... другите.
 
Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.525
Поени од реакции
1.963
Љубицо, дека е слуга на царскиот двор е општо познат факт насекаде: меѓу нашите револуционери и меѓу оние... другите.
Деновиве врвеше во ТВ-етерот едно бугарско пропагандно филмче, но за воља на вистината беше доста објективно прикажано, каков бил односот на ВМРО спрема бугарските воени и полициски лица.

https://www.youtube.com/watch?v=Tc-mYrvHcRI&feature=youtu.be&t=1923

По Првата светска војна 1918 г. Александров и Протогеров биле уапсени од бугарските власти, како главни виновници за дебаклот на Бугарија во војната. Тогаш со помош на русинот во бугарските тајни служби Антон Прудкин, успеваат да се извлечат и се во бегство и илегала. Токму во сцената е прикажано ослободувањето на Протогеров и односот на ВМРО со заробените бугарски војници.

Со твоето толкување на настаните само ја потврди мојата констатација, дека за личностите на ВМРО од т.н. десница, знаењето ви е сведено по комунистички шаблон. Едно време 2009 г. кога владата на Груевски го објави проектот Скопје 2014 г. тогашен Фокус ги бараше и црните дамки во биографијата на Јане Сандански па објавуваше вакви наслови:

Подоцна дигањето на споменик на Тодор Александров им дојде како „кец на десетка“, па немаше потреба да се тупи со Сандански. За односот на македонските револуционери со царскиот двор најдобро објаснил Крсте Гермов - Шаќир, во разговор со Колишевски (по потреба ко ќе згусти Колишев).

Дојдов да ти кажам уште една работа: сите пишувате, и порано пишуваа, внатрешни, надворешни, врховисти, централисти и слично, е, па додов да ти кажам дека на Дворот велгувавме сите: едни низ главаната врата, други низ малата врата, некои низ капиџик, некои низ прозорец, некои преку таван, а некои богами и преку баџа! Туку да знаеш, сите влегуваа... освен еден човек... Таму не влезе само Гоце Делчев...

Така, да нетреба многу голем репер да ти биде блискоста со царскиот двор и револуционерите, чии идеи за Македонија и делумно се поклопиле. Царскиот двор барал Македонија да остане неделива за како таква полесно да се припои кон Бугарија, а доколку дојди до такво нешто ВМРО се надевало дека тоа би бил најлесен начин за покасно отцепување на Македонија од Бугарија до конечна македонска слобода изразена преку вековниот идеал за независна Македонија. За ова сведочи и битолчанецот Димитар Ризов во спомените на хрватскиот скулптор Мештровиќ.

Самиот Александров изјавил:

„ако е потребно ќе се здружиме и со ѓаволот, само за доброто на Македонија“.

За време на неговото водство Организацијата стапила во контакт и сојуз со Албанци, Турци, Романци, комунисти, со само една цел независна држава Македонија.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
Тезата дека македонскиот народ е комунистичка / коминтерновска измислица и Титова творба е многу подоцнежна теза, Тодор дотогаш си бил блажено упокоен :)
Македонија велат бугарите е комунистичка измислица. Војводава за Македонец се има произнесено како Македонски блгарин во некои писма, како и за тоа дека во Македонија покрај бугари, живеат и грци, власи, албанци...Искрено не знам дали е или не е и ова фабрикувано.
Инаку, да се потсетиме, додека како така скоевци и комунисти со народот организирале одбрана и ослободување на Македонија, подоцна формирање прва Македонска држава, нејасно е што работеле ликовите од ВМРО за време 2 св војна.
 
Последно уредено:

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Војводава за Македонец се има произнесено како Македонски блгарин во некои писма, како и за тоа дека во Македонија покрај бугари, живеат и грци, власи, албанци...Искрено не знам дали е или не е и ова фабрикувано.
http://www.strumski.com/books/t_alexandrov_memoire_league_of_nations_1922.pdf?fbclid=IwAR3s86Zcdwnoq2aDBO-FRPssDOgZry0Snxnxq6hLF7gZRoQnX4QWwpTHBHc

http://www.strumski.com/books/T_Aleksandrov_Jovan_Jovicevic.pdf

Tодор Александров от Ново село, штип, Вардарска Македонија - "Борбите за свобода и обединение са дело на целија б'лгарски народ (По случај 15-годишнината на Илинденското в'зстание)", публикувано в'в в-к "Военни известија", год. XXVII, бр. 174, Софија, 2 август 1918 година

http://www.strumski.com/books/Todor_Alexandrov_Borbite_na_Vsichki_Bulgari.pdf

Деновиве врвеше во ТВ-етерот едно бугарско пропагандно филмче, но за воља на вистината беше доста објективно прикажано, каков бил односот на ВМРО спрема бугарските воени и полициски лица.

https://www.youtube.com/watch?v=Tc-mYrvHcRI&feature=youtu.be&t=1923
Не ми е гајле за филмчиња, не се тоа историски документи.

По Првата светска војна 1918 г. Александров и Протогеров биле уапсени од бугарските власти, како главни виновници за дебаклот на Бугарија во војната. Тогаш со помош на русинот во бугарските тајни служби Антон Прудкин, успеваат да се извлечат и се во бегство и илегала. Токму во сцената е прикажано ослободувањето на Протогеров и односот на ВМРО со заробените бугарски војници.
Уапсени се ради разните злодела и отвореното противење против владата на Стамболиски (БЗНС, кој имал и подршка од БКП). Подоцна ослободени од бугарскиот двор. Погоди зошто.

Со твоето толкување на настаните само ја потврди мојата констатација, дека за личностите на ВМРО од т.н. десница, знаењето ви е сведено по комунистички шаблон. Едно време 2009 г. кога владата на Груевски го објави проектот Скопје 2014 г. тогашен
Не се работи за шаблон туку за проучување на историските документи, за мене не толку комплексни бидејќи се занимавам со многу постари извори. Друго е што ти си игнорантен и немаш допирна точка со ова туку само правиш копи - пејст на веќе побиени "аргументи" и крајно несериозни нови гледишта и патетичен обид за ревизија на историјата.

Едно време 2009 г. кога владата на Груевски го објави проектот Скопје 2014 г. тогашен Фокус ги бараше и црните дамки во биографијата на Јане Сандански па објавуваше вакви наслови:

Фокус не е стручно списание.

Подоцна дигањето на споменик на Тодор Александров им дојде како „кец на десетка“, па немаше потреба да се тупи со Сандански. За односот на македонските револуционери со царскиот двор најдобро објаснил Крсте Гермов - Шаќир, во разговор со Колишевски (по потреба ко ќе згусти Колишев).
Изгубен во преводот.

Така, да нетреба многу голем репер да ти биде блискоста со царскиот двор и револуционерите, чии идеи за Македонија и делумно се поклопиле. Царскиот двор барал Македонија да остане неделива за како таква полесно да се припои кон Бугарија, а доколку дојди до такво нешто ВМРО се надевало дека тоа би бил најлесен начин за покасно отцепување на Македонија од Бугарија до конечна македонска слобода изразена преку вековниот идеал за независна Македонија. За ова сведочи и битолчанецот Димитар Ризов во спомените на хрватскиот скулптор Мештровиќ.
И те како треба да е репер блискоста со дворот.
Идеите не се поклопиле ниту делумно, сам си објасни подоле колку е апсурдно сето ова околку царскиот двор кој ја сакал неделивата Македонија која требало да се припои кон Бугарија за разлика од останаите револуционери кои биле за независна Македонија во склоп на рамките од некоја си идна Балканска федерација, секако по тој шаблон на Ленин кој го спомнав погоре (право на самоопределба како најважен елемент а не како "македонски бугари").

Самиот Александров изјавил:

„ако е потребно ќе се здружиме и со ѓаволот, само за доброто на Македонија“.

За време на неговото водство Организацијата стапила во контакт и сојуз со Албанци, Турци, Романци, комунисти, со само една цел независна држава Македонија.
Се за доброто на Македонија која ја работел како што ќе му кажел царскиот двор.
Бил во контакт и со комитерната и со многу левичари од револуционерите, кои ги нарекува со секакви погрдни имиња а и превзема некои многу интересни актвиности насочени кон нив.
 
Последно уредено:
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
нејасно е што работеле ликовите од ВМРО за време 2 св војна.
Тие “ликови“ и општо Илинденците ја изнеле борбата на свои плеќи во Втората Светска Војна, за да потоа комуњарите (не комунистите) ја узурпираат таа борба, ги дискредитираат и затвораат Илинденците (и вториот АСНОМ е нивно масло).
Инаку, многу малку од партизаните биле комунисти, или пак воопшто малку ја разбирале комунистичката идеологија.
Дедо ми беше учесник во истата борба и имаше 2-3 ммедаљи и 1 орден, беше ерудита и многу мудар човек. Овие зборови ги кажувам од прва рака, не ги измислувам. Ги знаеше сите херои и борци од Прилеп и точно знаеше кој што правел и кој колку вреди. А бидејќи беше мудар не се мешаше во политика, си ја земаше боречката пензија, а си зборуваше само меѓу нас.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
Тие “ликови“ и општо Илинденците ја изнеле борбата на свои плеќи во Втората Светска Војна, за да потоа комуњарите (не комунистите) ја узурпираат таа борба, ги дискредитираат и затвораат Илинденците (и вториот АСНОМ е нивно масло).
.
Вмрофците ја изнеле борбата врз свои плеќи o_O Знаеш што зборваш Кариес? Тетин ми беше скоевец Битола, комунист. Го затвориле блгарите почеток на војната, успеал да избега ранет, право в шума. Вмрофците се сојузиле со усташе, со немците...разбирам дека имало цензура и свашта во историја во југословенско (ко секоја држава, де), ама...сега цела историја ја извртевте.
Збориш за Прилеп. Кузман Јосифовски што бил, вмрофец се угледал на Тодора, Ванчота, Протоѓера? Стив, Карпош, Орце, Страшо...што биле, вмрофци? КОмуњаре погане?
 
Последно уредено:
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Жими господ неам поголема глупост прочитано на форумов.
Звучите ко пропаганден рехабилизаторско-релативизаторски документарец од времето на паторот, само шо тоа го праите гратис, без пари.
Нишката на левата, чиста македонска опција е 'рбетот на македонската историја од крајот на 18-ти век до пред некој ден (кога се потпиша Преспа), за разлика од "десната", која во голема мерка е задуена со пробугарштина, врховизам, нејасни позиции, кодошења, раскол и предавства.
Славите бугарски џелат, кој маркирал некакви комунисти, а убивал чисти Македонци со јасна визија и чест.[DOUBLEPOST=1554995930][/DOUBLEPOST]@Lurtz не е точно дека не е јасно што работеле. Биле колаборатори добар дел од нив. Бугарските фашистички трупи ги пречекувале со леб и сол и им фрлале цвеќиња.
Освен Кузман Јосифоски и уште неколкумина - кој друг бил член на комунистите? Огромниот дел од партизаните биле обични борци, патриоти. Не се интересирале за комунизам и социјализам. Доколку знаеле дека после војната комунистите ќе им ги одземат имотите и куќите и ќе ги претворат од газди во работници, од сточари во овчари - никој немаше да учествува во војната. Ќе ги оставеа да си се борат сами тие 5-6 мина КП-членови, и нешто од симпатизерите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom