Тишина!

N

navivacka

Гостин
Зависи кога како,доколко не ми е денот,доколку сум изнервирана само тишината ке ми помогне,потполно изолирање некое време и се ке си биде ок...а ако сум расположена тишината ке ме убие,нема да можам да издржам доколку некој не зборува или прави нешто...:toe:
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Сабајлево, уште нерасонет, морав да го слушам урлањето на една мила и драга професорка која себеси се смета за хиперактивна иако има близу 60 години и е малку повеќе пополнета:)

Ме примети дека лежам на клупа и ме праша дали јас сè уште спијам. Кога и реков “Па да, делумно“, типката се изнасмеа така гласно што ми поремети биоритам во рок од само една секунда.:uvo:

И тогаш ми текна нешто...

Како би било кога еден ден би се разбудиле во мртва тишина?
Дали тишината која понекогаш толку ја бараме ќе биде совршена, или пак ќе биде монотоно неподнослива?
Каков би бил светот кога потполно би западнал во тишина?

Посакувам да можев да си бирам денови кога сите звуци би се губеле и би можел да уживам во тишината.
Меѓутоа, колку и да некогаш ми е потребан таа тишина, не би можел да издржам во свет кој е во постојан молк.

Вие?
А зашто да ти сметаат звуците? И зошто воопшто помислуваш на тоа нешто СОВРШЕНО? Знаеш дека нема ништо совршено така? :)
И реално, у школо си. Чуму спиење на клупа? Од шо си изморен? Си копал нивата забајле од 4ипол до 6 па после си се спремал за у школо?
Ја си имав фора ако ми се спие не идам у школо и спијам дома, па расонување и одење до амбуланта со 100грама кафе и оправдание за еден ден (дијареа, мачнини, температура зависи од расположението на докторката :) )
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Како би било кога еден ден би се разбудиле во мртва тишина?
Дали тишината која понекогаш толку ја бараме ќе биде совршена, или пак ќе биде монотоно неподнослива?
Каков би бил светот кога потполно би западнал во тишина?

Посакувам да можев да си бирам денови кога сите звуци би се губеле и би можел да уживам во тишината.
Меѓутоа, колку и да некогаш ми е потребан таа тишина, не би можел да издржам во свет кој е во постојан молк.

Вие?
:eek:ftopic: Најпрво сочувство за тоа што го трпиш слонов.

Во врска со темава, нормално дека ќе биде неподносливо да е на сцена само таа, да нема ниту еден друг звук кој го испуштаат живите луѓе, природата. Според мене тоа ќе значи дека нема повеќе живот. Тишината е својствена за мртвите нешта, така да и јас не би можела да издржам во комплетна тишина.
Сакам да сум често сама и да седам во тишина, да размислувам и да се одмарам воедно, затоа што за мене тоа е најубав одмор. Овие недела дена што бев дома сама оставена многу добро ми дојдоа, но сепак, ми фалеа гласовите на личностите кои се секогаш околу мене. :smir:
 
M

Mario Gómez

Гостин
Сакам тишина, последно време неможам да ја слушам ни мајка ми како ми урла, си живеам во мој свет, каде што почнаа многу индивидуи да ме нервираат само со тоа што ќе им го слушнам гласот. Тишината е златна, и да понекогаш сакам да сум сам на овој свет. Тоа го дознав во моето уживање кога сум сам дома, кога го имам цел фрижидер на располагање, порано тоа го користев да викнам некоја на гости и сега тоа што дома сум сам мислам само на јадење и на лежење пред ТВ.

Посебно ми е битна тишината на лето, кога секоја вечер имат свадби и лупаат тапани во комшии.
 
Член од
25 септември 2009
Мислења
91
Поени од реакции
10
Ја сакам тишината заедно со мирот и спокојството што го повлекува со себе.
На секој човек му е потребно во текот на денот барем 15-тина минути одмор во тишина(преку ден кога имаме секакви обврски), но не и повеќе. Мислам дека ние луѓето навикнати во денешнава секојдневна бучава не би издржале ниту еден ден во тишина па дури тоа да би било и таков празник за каков што има спомнато погоре-Ден на тишината:nenene:
Сепак и тишината е многу ефикасен и неопходен лек во некои тешки моменти и периоди кои што знае само животот да ни ги приреди.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.554
Јас многу сакам и се обидувам да ја слушнам тишината.Ме смирува ме тера да мислам да фантазирам и ред други работи.:smir:
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
моментално уживам у тишината...само глупавата неонка прави некои чудни звуци
интересно е ...си мислам на многу работи ...што сум направил...и што ќе направам
 

Barbara.

Irreparable perfectionist
Член од
23 јули 2009
Мислења
369
Поени од реакции
15
Тишина, но не потполна..барем да се слушаат некои пригушени звуци..како во природата, тоа е најубава тишина..
а тишина во затворена просторија мразам, ме плаши а ме прави несигурна!
 
?

..........

Гостин
да тишината во природа е најубава за психата .....
потполната тишина е језива
 
Член од
4 октомври 2009
Мислења
257
Поени од реакции
13
Ponekad sakam da sum vo potpolna tisina,nikoj da ne me zamara,nikoj da ne mi se obraka...taka mi pominuva se sto mi se sobralo vo mene..loso..tesko..taka razmisluvam najpametno kade sum zgresila,zosto sum zgresila si mislam na se na se sto sum napravila i na se sto sakam da napravam :kesa: si fantaziram,planiram..
 
M

M del Mar

Гостин
Понекогаш сакам одреден период од денот да го поминам сама(особено кога сум во бед расположение) и во тишина секако не потполно него тишина во природа.
Имам време да размислувам и да си ги средам мислите и после тоа се чувствувам исполнето :pipi:
 
Член од
25 јуни 2020
Мислења
1
Поени од реакции
0
леле морам на темава да наведам еден пример!

Имено се работи за ден филм што го гледав одамнa се работеше за некое место во некој век чинам беше 17 или 18 , местото беше вовело строго правило населението да живее во потполна тишина а комуникацијата да биде најтивка односно сведена на шепотење, населението беше лишено од слушање музика, од секаков звук,

Верувајете добив лош впечаток за местото и луѓето , луѓето живееа во чиста монотонија и сивило, а самите луѓе млитави како без живот..

И така еден ден се појавува една женска која го крши тоа правило и прво што воведува МУЗИКА луѓето верувајте сите живнаа прво што почнаа да праваат е да играат и пеат, беа со насмеани лица, весели и посреќни...



тишина или монотонија, хммм чинам би оглувела и онемела!

Фала на Бога што постои звук и врева, слобода и еднаквост!
:je:

GOD bless the noise and the music!:eek:jea:
Здраво, да не случајно ти текнува на името? Го барам со денови филмов...
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
Т'к ќе знам дек сам воскреснал или дек ме киднапирале. К'д ќе се разбуду у тишину де.
 
Член од
27 декември 2020
Мислења
74
Поени од реакции
210
Не сакам целосна тишина, скоро секогаш имам пуштено музика, дали во позадина на звучници или на слушалки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom