Овде се работи за начинот на гледање на љубовта: јас ја гледам чисто како продолжеток на интересот на еден човек. Ако гледаш дека со некого ти е убаво, ќе ти се роди љубов *ако ѝ дозволиш*. Може да ги имаш сите предуслови за тоа, но едноставно да немаш повеќе интерес да бидеш со тој човек. Ако е така, дури и ако тој/таа е љубовта на твојот живот, ќе престанеш да го/ја сакаш, бидејќи интересите (пари, факултет, селење во друга средина) ќе надвладеат. Јасно, ќе остане трага во душата, но, како што велиш ти, ако човек е слабак, неговите чувства ќе надвладеат, иако знае дека оди спротивно на својот интерес.
Според мене, ова е и причината што не си останал со таа девојка со која што си бил скоро една година: едноставно веќе не си имал интерес од неа или таа од тебе и работата се прекинала. Исто - ако си имал секс со двете во една вечер, т.е. со едната па со другата, си ги сакал *додека* сте имале секс, потоа веќе не. Ти биле корисни, ако сакаш, во тие периоди, а потоа не.