Тешка вода и деутериум

Член од
4 јули 2008
Мислења
6.125
Поени од реакции
1.872
Деутериум исто така нарекуван и тежок водород е стабилен изотоп од водород и го има во водата.Одприлика има 1 атом на деутериум на 6500 водородни.Означуван е со хемиски симбол D и 2H и двете се прифатени но преферирано е 2H.Исто така го има и во универзумот како гас со ознака 2H2 или D2.Во универзумот тој се спојува со нормален водород 1H и создава гас кој се нарекува хидроген деутерид (би требало така да биде на македнски?) со ознака HD или 1H2H. Бил откриен во 1931 од Харолд Уреј а подоцна било можно да се концентрира во вода.Бил користен од Нацистите за производство на тешка вода.
ТЕШКА ВОДА
Тешка вода е вода која содржи атом на деутериум и два атома на вода со ознака DO2 (деутериум оксид).Прво почнала да се произведува во Норвешка во Норск хидро во 1934 во Вермонт со капацитет на производство од 12 тони годишно.По окупирањето на Норвешка фабриката почнала да го зголемува производството на тешка вода.Нацистите ја произведувале тешката вода за правење на нуклеарна бомба но никогаш не успеале.Исто така во втората светска војна и сојузниците ја користеле тешката вода во проектот менхетн за производство на нуклеарна бомба.
Ако ве интересира и друго кажете.
П.С.Незнаев каде да ја ставам темата па решив да ја ставам тука.Ако не е за тука префрилета или канта.Ај поздрав:salut:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
765
Интересно би било да се дознае, каков бил процесот на создавање на бомбата и зошто истиот не бил успешен. Какво останато, освен експлозивно дејство има деутериумот?
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.125
Поени од реакции
1.872
Епа вака.Прво.Било протребно да се доставе 5 тони тешка вода до реакторот во Германија за да се активира но бил доставен само пола милион поради саботажите во фабриката и бродовите за транспорт.Второ.Водата не била потребна за да експлодира или како да кажам незнам туку за да се активира реакторот за да се создаде физија за ураниумот да стане радиоактивен.Трето.Незнам дали деутериумот има експодирачко дејство но како што прочита тој се нарекува истота така и тежок водород односно тој е водород со 2 неутрони и е потежок.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
167
е добро де деутериумот е најверојатно горивото кое ќе се користи за создавање на електрична енергија преку контролиран процес на фузија.
 
S

smart ass

Гостин
Без сомнение тешката вода е навистина важна а и нејзиното производство и извос често Е под контрола. Исто така треба да биде јасно-ако некоја држава бара огромни количини тешка вода тогаш најверојатно развива термонуклеарно оружје.
Тешката вода се користи и при производство на плутониумво канада има попознат деутериум-ураниум реактор кој е дизајниран за цивилни цели поточно производство на електрична енергија.
Инаку тешката вода и не е баш тешка,поточно разликата помеѓу обичната и тешката е што кај тешката вода двата атоми на водород(хидроген) се заменети со деутериум кој всушност е изотоп на водородот кој има само еден протон и еден неутрон.инаку ТВ(тешка вода) а ја има и природно ама односот е мал некаде 1:4000 значи малце.исто така тв има улога и кај нуклеарните реактори на ураниумово гориво(1кг ураниумово гориво=енергија колку 28тони јаглен!!!!)има слична улога како графитните шипки или бор-от кој се користат за контрола на фисијата.ё9првиот нуклеарен реактор изграден во 1942 од германците користел графитни како контролор.

Интересно е што многу поважна е следнава информација-имено ТВ на некој начин и помаго во пролиферацијата на нуклеарното вооружување бидејќи истата овозможува производство на плутониум(кој е спремен за боева употреба) истовремено притоа забележете дека ураниум и негово збогатување како и останатите постапки НЕ СЕ ПОТРЕБНИ.

Исто така кај реакторите каде ТВ е модератор исто така може да се употребим и за производство на тритиум.

Интересно за да произведат тешка вода најчесто користат електрол,иза која ги дели кислородот и водородот а потоа водородот се прочистува односно или го прават течен а и користат специфична дестилација па така го одделуваат нормалниот водород од неговиот изотоп деутериум потоа следува реакција со кислород и добиваме тешка вода.
начи нема производствен процес туку едноставно одделување на деутериумот од нормалната вода.

Има и друг начин..збогатувајќи ја обичната вода со водород а потоа искористувајќи ги различните физички особини на обичната и тешката вода на пример водата испарува на 100целзиусови степени, а ТВ на 101.4 степени,има сличен метод но обратен со замрзнување имено нормалниот водород и деутериумот се делат и на различна температура но сега со знак –(водород-252.5 а деутериум-249.7)
Но како што гледате за производство имајќи ја предвид концентрацијата на тешката вода во нормалната треба огромни количини вода но и енергија.

Инаку од целокупниот ураниум У235 има 0.72% а ТВ само 0.15% од цела количина вода(но има огромен потенцијал)..инаку тешка вода се произведувала во Норск хидро во норвешка објект изграден 34-та....истиот беше уништен од сојузниците.

Инаку денес најголемиот погон за производство на тешка вода е во канада Онтарио ама имаат многу интересен метод.





За што се работи овде молекул на хидроген и сулфур под дејство на температура Т.Н ладна(околу 40 степени целзиусови деутериумот го напушта сулфурот и дефинитивно создава вода,потоа имаме втора фаза на малце потопла температура(120-130 целзиусови степени пак деутериумот повторно формира хидроген сулфид...но овојпат на некој начин збогатен,постапката се повторува постапката се повторува 3-4 пати и така од 0.015 имаме0.35 па10% и 30% при оваа концентација се оди на дестилација така да се добие ТВ со чистота од 99%(повеќе беше ама 99 и нешто+)

Патем производство на литар тешка вода бара 140000литри’нормална..

Само и би додал дека фузија е веќе успешно мнаправена во англија а сега се гради нов реактор во франција но овде конкретно се користат деутериумот и тритиумот односно станува збор за нуклеарна фузија но тоа не е темата налет:)
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
17.464
Поени од реакции
20.679
Епа вака.Прво.Било протребно да се доставе 5 тони тешка вода до реакторот во Германија за да се активира но бил доставен само пола милион поради саботажите во фабриката и бродовите за транспорт.Второ.Водата не била потребна за да експлодира или како да кажам незнам туку за да се активира реакторот за да се создаде физија за ураниумот да стане радиоактивен.Трето.Незнам дали деутериумот има експодирачко дејство но како што прочита тој се нарекува истота така и тежок водород односно тој е водород со 2 неутрони и е потежок.


Бродовите и бурињата со тешка вода сеуште се на дното од езерото..Гледав еден документарес за тоа и накрајот извадија едно буре и внатре целото беше полно со таква вода...
 
S

smart ass

Гостин
па и да ја земат... фузија тешко дека ќе направат...тоа бара кадар потоа кулер најчесто од литиум и олово па додатни кулери....+ додатни објекти некој кој би сакал да ја злоуппотреби нема шанси тешко мнооогу тешко и сложено

едно е да е термонуклеарна бомба подвода друго е тешка вода


и да деутериумот не е радиоактивен...ма изотоп на водород е де...
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
11.081
Поени од реакции
3.308
Кога ќе најдат начин за користење на фузијата на тешка вода за енергетски цели тогаш ќе нема проблеми со енергија за човештвото.
А ќе биди за брзо...
 
F

FilipMacedon

Гостин
По окупирањето на Норвешка фабриката почнала да го зголемува производството на тешка вода.Нацистите ја произведувале тешката вода за правење на нуклеарна бомба но никогаш не успеале.в

Грешка,читај

http://www.google.com/search?hl=mk&q=nazi+nuclear+test
.
Нацистите успеале во тоа,каде што потоа сета техника е преземена од Американците и испробана во Јапонија.
Творецот на прва тестирана нуклеарна бомба бил Вернер Хајсенберг,со уште неколку врвни научници.
http://www.google.com/search?hl=mk&q=Werner+Heisenberg
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
11.081
Поени од реакции
3.308
За нуклеарна бомба со фисија (Хирошима и Нагасаки) не е потребна тешка вода, туку само збогатен ураниум или плутониум, а за хидрогенска бомба е потребна тешка вода.
 
S

smart ass

Гостин
За нуклеарна бомба со фисија (Хирошима и Нагасаки) не е потребна тешка вода, туку само збогатен ураниум или плутониум, а за хидрогенска бомба е потребна тешка вода.
Да,но за да се активира нуклеарната фузијата... треба нуклеарна фисија,така да сепак активатор на хидрогенска бомба е мини нуклеарна бомба.

Бидејќи еве процесот на фузија е кај ѕвездите и имаме милиони степени температаура....а кај хидрогенските бомби таа температура доволна за да започне фузија,всушност се добива преку фисија...така да мини нуклеарна бомба ти доаѓа налик иницијална каписла.

Ова е се разбира за Воени цели,но за жал за енергетски цели фузијата е тешко да се постигне иако има неколку успешни експериментални реактори...но служат само како да кажам еднократна употреба.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
11.081
Поени од реакции
3.308
Европски тим од научници е многу блиску да конструира реактор на фузија за енергетски цели. За неколку години...
 
S

smart ass

Гостин
ајде бе...има еден успешен



а се спремаат и уште неколку..еве токамак на пример,ама проблемот е што температурата е премногувисока....некои 5 пати повеќе од сонцето збориме за милиони целзиусови степени.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
11.081
Поени од реакции
3.308
Успешен е заради тоа што можи да фузира два атоми на деутериум, а за да биди стварно успешен од него треба да се произведува електрична енергија што и му е крајната цел.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom