Техно или Шабанарија? Што е подобро за подигање на расположението?

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Пред некој ден во друштво отворивме една интересна тема за тоа кој вид на музика е подобар за подигање на расположението.
Многумина од нас плукаат по така наречената шабанска музика, ама затоа петок сабота со чашката до себе и рацете горе играат, пеат и се веселат на хитовите на Цеца, Сека, Аца Лукас итн.
Има па една група луѓе за која техно музиката е најдобра за подигање на расположението.
Како стојат работите кај вас?Техно, шабанарија или па можеби некој друг вид на музика е најдобар за подигање на расположението?
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.875
Шабанарија...зошто? Зошто излегува "внатрешниот сељак" од тебе :icon_lol: додека пак
Во техното дрога ставаат, тоа не е музика...сеуште.
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Какво техно бе, шабанарија закон, тоа ако не ме расположи, нема ништо.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.504
Поени од реакции
6.133
Немам ништо против шабанарија но на техното едноставноо одлепувам.Па ако се погоди и некоја песна и.... :)
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Ја сепак сум за транфче со гитарче, ако тоа не ме крене у ваздух.. однак тука е хардстајл/хардкор/габер.

Шабанарија не ме крева, многу сум дебел за неа.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Па зависи од расположението, ама повеќе ме дига шабанаријата. Фаќај чашката у рака и прави се камен шо има веза.
 

-Trance-HCI

Трансер до срж...
Член од
18 ноември 2007
Мислења
145
Поени од реакции
16
Како можи шабанарија да ве крева... ?:toe:... Едноставно ми смета шабанаријата, дури и ко ке сум пијан... само електроника (фул он, аплифтинг...)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Расположението ако сакам да си го подигнам, ќе си го подигнам сама. И најчесто не ми зависи расположението од музиката. Највеќе расположение ми дигаат рок песни ако веќе така одиме. Техно не можам да слушам долго време ми удира во глава и тапа ми станува. Турбофолк слушам во кафана, не дека ми дига расположение којзнае колку, но знаат така неколку песни да ме расположат. Едноставно техно ме замара после некое време, особено ако немаат песните текст. :toe:
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Шабанерија? Не. Фала.

Пред било каква журка со другари си пиеме раЧија и се гасиме со пифце, и тоа најчесто на ДнБ, некој опасен, опасен жустар darkcore :) или на Продиџи, или на Соулфај, нешо у стилот на Трајб или Бек ту да примитив!


Као може чоек да се расположи на нешо волку дифтарско? :)
Е може XD
 
C

cige

Гостин
техното уживам додека го слушам, и никогаш не би ме изморило како што кажаа некои форумџии над мене. а на шабанарија се расположувам, ако пијам, пијам додека има, до смрт:vozbud:
 
П

Паган-др

Гостин
Тоа повеќе е ако другите се расположени и ти ќе бидеш, ако другите ги расположува Цеца и Аца Лукас, сакал нејќел ти да седиш да ти играат на глава неможеш. И ти ќе станеш. Ја би да се изнаскокам на техно, ама шо да праам 90% од друштвото народњаци ми се.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.291
Поени од реакции
45.801
Овде да ми извините ама нема “или или’’ оти технотото и шабанеријата ја делат истата клиентела со години наназад.
Фазонот на 90% рејвери е “кафана па журче’’..... шприцер па табла, Јамаха па ласер :).
Во некое убаво време ќе одберев кафана, ама и тоа преку курот веќе : ).
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.675
Поени од реакции
4.789
Мразам Шабанарија ......................................................... боље death metal би слушал
 

Kajgana Shop

На врв Bottom