Техника на фотографирање

Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Еве овде ќе ставам неколку примери и совети за некои техники на фотографирање.

-Фотографирање со долги експозиции



Во фотографската техника под „долга експозиција“ се подразбира секое време на изложување на филмот/сензорот на светлина за кој е потребно стабилизирање на фотоапаратот со статив или со поставање на стабилна подлога.
Такво на пример е снимањето во ноќни услови кога се добиваат впечатливи фотографии од автомобилски фарови, молњи или ѕвездени патеки. На неупатените ваквите фотографии можат да им изгледаат како резултат на некоја мистериозна и софистицирана фото – техника, вистината е сосема поинаква. Тајната е во снимањето со подолги експозиции од вообичаените, наместо стоти или илјадити делови од секундата се користат периоди од неколку секунди, до неколку часови. Ваквите снимања можат да се применат на ситуации кои на прв поглед не бараат таков пристап.
Оваа техника на снимање бара или мануелно подесување на експозицијата на фотоапаратот или фотоапарат чиј затворач овозможува експозиции подолги од неколку секунди. Поедноставните фотоапарати не можат да се користат за вакви снимања.
Современите СЛР фотоапарати, (без оглед на тоа дали се дигитални или на филм) имаат програмирано експозиции до 30 секунди, а подолгите периоди бараат работа со жичен окидач. Кај дигиталните фотоапарати при експозиции од неколку часови мора да се внимава на напојувањето за да не „пресуши“ камерата на сред работа.

-Портрет

Портретот во фотографијата е основен начин на претставување на луѓето. Тоа не е само едноставна слика на главата на соговорникот или објектот, туку слика на неговата личност.



За да биде комплетен пристапот во работата, портретот на еден научник треба да се разликува од оној на работник во фабрика. Некоја агресивна, динамична личност заслужува поинаков портрет од некој повлечен и тивок човек.
За да се долови личната приказна, фотографот може и да снима и спонтани и позирани фотографии.
Спонтаните фотографии кај кои фотографот е повлечен во втор план во однос на објектот, кога самата личност не е свесна дека е фотографирана, даваат искрени и веродостојни портрети, без потреба од дополнително опремување со реквизити, светла или поставање на објектот. Ваквото снимање бара познавање на субјектот, максимално искористување на светлото и трпение за да се дочека вистинскиот момент.
При снимањето на портрети, најнапред треба да го запознаеме субјектот на снимање, и да го релаксираме доволно за да добиеме верна фотографија.
Тоа најдобро се прави со разговор. Кај класичните интервјуа во нашите медиуми, тоа обично го прави новинарот, додека фоторепортерот „кружи” наоколу барајќи го вистинскиот агол или гест кој ќе го илустрира интервјуто. Главната цел е да со оствари контакт со очите, и сликата да се направи во моментот кога луѓето се отворени и го покажуваат она што се.
Најпознатиот светски портретист, Јусуф Карш, фотограф кој во својот живот ги фотографирал сите луѓе на планетава што значат нешто, (освен Мао Це Тунг) направил фотографии кои станале своевидни икони: Черчил, Хемингвеј, Кралицата Елизабета, Ајнштајн и др.
Секогаш, пред да пристапи кон снимање, најнапред се запознавал со субјектот, а дури потоа започнувал со фотографирање.
Работел стриктно со студиско светло, во услови кога ги контролирал сите елементи од снимањето на портретот, од светлото, преку позицијата на телото, па дури и изразот на лицето. Овој темелен начин на работа, можеби не се вклопува во фотоновинарството, но дал сосема нов пристап и поставил поинакви стандарди во портретната фотографија. На него му припаѓа и честа да ја има најтиражната фотографија на сите времиња: станува збор за портретот на кралицата Елизабета кој покрај класичните портрети дистрибуирани ширум Комонвелтот, бил печатен на британските фунти и на поштенските марки.
Светлото може да се употреби за да се раскаже приказната уште подобро, во случаи кога се работи против нас, времето, позадината, “стегната” личност. Одличното светло секогаш ќе ја извади фотографијата.


Затоа, фотографот мора пред се да го познава светлото, како природното, така и вештачкото. Кога може да се контролираат сите светлосни услови фотографот може да го кориси светлото за да го долови расположението на сцената, силното или драматично светло ќе го потенцираат карактерот на личноста; доколку се истакне некој детал може да се посочи моменталната окупација на субјектот, и тн.
Композицијата исто така може да го изрази карактерот на субјектот. На пример кога имаме фотографија на некоја личност која важи како стабилна во заедницата, може да се смести во центарот на кадарот за да се долови рамнотежата и да и се даде достоинство на сликата. Некој актер или режисер може да се смести на самата сцена и на тој начин да се потенцира неговата улога во заедницата.
Ефектот на финалната фотографија се менува во зависност од тоа дали фотографот ќе го исполни кадарот со лицето на соговорникот или пак ќе се оддалечи за фотографија на која е целата фигура.
“Блиските” кадри му даваат чувство на невообичаена интимност на читателот и соговорникот, додека за да се долови карактерот на соговорникот, понекогаш е потребно е да се види гестикулацијата и јазикот на телото. Во тие случаи поширокиот кадар може да открие повеќе отколку блискиот портрет.
Кај пошироките кадри голем дел од позадината влегува во сликата, така што и таа мора да биде внимателно избрана за да може да ја дополни приказната на соговорникот.
“Досега научив дека најважно нешто кое мора да се направи кога фотографирам некого во просторија или надвор, да не гледам во субјектот, туку во позадината” – Алфред Ајзенштад, “Лајф”
За да се доловат длабоките дилеми или расположение на соговорникот, неговите раце, позиција на телото или очите ќе дадат дополнителна информација.
Во снимањето на портрети, веднаш по добивањето на задачата потребно е да се створи представа, идеја за сликата која ќе се снима, за да имаме појдовна точка во решавањето на задачата.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Браво Фликсович:) ај сега едно од моите:wink:
Хоризонти а.к.а. Landscapes

Бидејќи крајно се затоплува во последниве денови мислам дека е најдобро време да се зачистат апаратите и да се излезе малце на воздух и да се фатат убавите страни на светов:)

Првиот пример е типична фотка што искрено не ми прави мерак

Еве зошто не ми прави мерак, како прво гледната точка е од висината на човекот кој што слика, но за да се направи поубава т.е. да се гледа поуметнички треба да се смени перспективата и компонирањето на сликата. Како најлесен начин е наведнувањето и фотографирање од некоја полу жабја перспектива, така ќе се добие посебно добар ефект

Фокусирање
За една ваква фотографија да испадне по впечатлива иако на неа има не толку голем колорит на бои најдобро е да се фокусираме на предните објекти ама исто така и да не ги заборавиме тие што се зад нив, ги има ама сепак не се во преден план. Тие што се први пробајте фокусот да е насочен кон нив. Тие другите само ќе ја направат сликата да изгледа како поголема


Пробивање
Тука исто така ќе се искористи онаа предходно кажана „жабја„ перспектива ама овој пат ќе ја искористиме и нашата подвижност па така ќе влеземе во внатрешноста на пример житото за да го фатиме под агол од 60-75 степени, тогаш ќе дојде житото го земам за пример во преден план а небото ќе биде лезетот на сликата. Уште да се погодат облаците ко што треба мх,мх,мх


Барање на Контраст
Дефинитивно за да имаме зачудувачка фотографија најважен е контрастот помеѓу објектите. Што појак контраст исполнет со сончева светлина и сенки од дрвата толку подобар ефект. Ефектот испаѓа како да се дрвата само силуети


Рамка
Ова е повеќе припремена локација за фотографирање, доколку во близината има објект или ете дрва искористете ги за да се добие онаа природна рамка т.е. импровизирате. Тоа најмногу се цени:wink:



 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Како да фотографирате молњи?


Првата реакција на луѓето кои ќе видат фотографија од молњи без разлика дали е тоа во некој весник или во нечие портфолио, е прашањето: Како успеваат/успеа да чкрапнеш толку брзо?
Ова прашање е донекад логично, ако земеме предвид дека молњите траат само илјадити делови од секундата, нивното „фаќање“ претставува вистински предизвик.
Од друга страна пак, ретко која фотографија има толкав енергетски набој како фотографија на убава серија на молњи, а кој фотограф кој држи до себе не сака да стави успешна фотографија на молња во своето портфолио?
Снимањето на овој природен феномен не е толку комплицирано како што изгледа на прв поглед, но мора да се задоволат одредени услови за да се постигне резултатот.
Покрај неопходноста на некоја луња или бура, (ни треба материјал за снимање), да не заборавите на безбедноста. Не секогаш ќе се погоди да снимате молњи од топлината на домот или безбедноста на балконот или терасата. Затоа запомнете ги сите правила за заштита од удар на гром: доколку сте на отворено, носете обувки со гумени ѓонови, избегнувајте близина на осамени дрва, бандери или далноводи, згодните ридчиња се посебно привлечни за електрични празнења.
Доколку решите да работите со статив, не заборавајте дека оние металните се многу привлечни за громовите!
За успешно снимање на молњи, потребно ни е место кое дава широк поглед, колку поширок, толку подобро. Висока тераса или балкон, поглед над некое езеро (каков што е погледот од Плаошник кон Енѕерото), или убав и широк хоризонт кон некое море. Погледот низ фотоапаратот треба да вклучи и други елементи на сликата освен поглед кон небо, како на пример линија на планини, згради, или дрвја. Со ваквата „подлога“ му даваме визуелен контекст на ова пиротехничко шоу.
Наједноставно е снимањето на молњи ноќе или на многу слаба светлина. Од опрема е потребен фотоапарат со можност за продолжено окинување (Т) (оваа опција ја имаат постарите мануелни фотоапарати), или со бесконечна експозиција булб (Б), секој покултурен фотоапарат располага со оваа опција и некој филм со нормална брзина 100 или 200 ИСО, нема потреба од побрзи филмови. Сопствениците на дигитални апарати можат да ја изберат оваа опција од менито на фотоапаратот.
За филм од 100 ИСО е препорачливо да ја поставиме блендата на фотоапаратот на ф/8, така молњите ќе бидат доволно сјајни и ќе им се гледаат страничните капилари. Времето на експозиција зависи од тоа колку молњи ќе ни влезат во кадар, минимум една, а премногу можат да ја направат фотографијата конфузна.
Бидејќи молњите делуваат како еден вид блицеви, не е секогаш потребно користење на статив и жичен окидач, може добро да се снима со некоја едноставна потпора на апаратот или дури и од рака. Подолгата експозиција нема да влијае на квалитетот на снимката на самата молња, туку на тоа како ќе биде претставен амбиентот (пејзажот).
Доколку ги снимаме молњите дење, фотоапаратот мора да има можност за подесување на блендата, секако, дење мора да ја земете предвид дневната светлина за да може ефикасно да ја продолжите експозицијата без да ја преекспонирате сликата.
Ова значи дека мора да ја одредиме најдолгата можна експозиција во тие светлосни услови, така што е нормално да употребиме колку што е можно понеосетлив филм или сетинг на камерата (тоа подразбира 100 ИСО во секој случај). Користењето на сив филтер или поларизатор за дополнително продолжување на експозицијата е пожелно.
Снимањето на молњи е главно работа на случајност, затоа што никогаш не се знае кога и каде ќе се појави молњата. Затоа насочете го фотоапаратот кон местото каде што има најголема активност, фокусирајте на бесконечност, исклучете го автофокусот (за да не му текне на апаратот во одсуден момент да почне да го фокусира). Држете го копчето притиснато се додека во кадар не се појави една или повеќе молњи, а потоа снимајте нов кадар. Премногу молњи на едно место можат да ја расипат сликата и да ја направат конфузна и неразбирлива.
Сметајте се за среќни доколку направите барем една успешна фотографија на молња во некоја бура.
\


Забелешка:
Да не заборавите на безбедноста!
Молњата може да биде долга и до 50 километри а развива температура повисока од онаа на сончевата површина. Гром можеби не удира во коприви, ама што знае гром што е фотограф. А и опремата е скапа...:smir:

 
Член од
7 март 2007
Мислења
197
Поени од реакции
12
Темава е и тоа како потребна и ќе биде уште повеќе ако се се пишуваат повеќе постови со правила, техники, совети потребни за секој што сака да се бави со фотографијата воопшто, па поискусните фотографи или ентузијасти на форумов би било добро ако можат да напишат некои работи што треба да се знаат.

Јас ќе ве упатам кон еден мој омилен страшно добар фотограф каде пишува нешто околу композицијата, техниките на сликање, совети, принципи итн итн, и е доста добро опишано преку примери.
тука
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Зошто Црно-белa фотографија?

Зошто Црно-белa фотографија? Едно од најчестите прашања што ми ги поставуваат во врска со фотографијата се околу црно-белата фотографија, како дигитална така и онаа на филм. Иако постои една многу широко прифатена заблуда дека црно-белата фотографија е „поуметничка“ од онаа во боја, затоа што во почетоците на фотографијата црно-белата била основен вид на фотографија, а ако сакаме да бидеме искрени, првите колорни филмови во Македонија започнаа помасовно да се користат некаде во раните седумдесети години на минатиот век.( е тоа беше чудо). Сепак, црно-белата, или воопшто монохроматската фотографија има неколку очигледни предности над онаа во боја: 1. Многустраност, овој вид на фотографија може да се примени практично во секоја област на фотографијата: Портрет, пејсаж, урбан пејсаж, архитектура. Покрај тоа овој медиум се адаптира одлично на сите светлосни услови и ситуации. Фотографијата во боја, на пример функционира добро само во убави синчеви денови или убаво осветлени студија. Црно белата фотографија во услови на слаба светлина најубаво го доловува расположението на сцената. 2. Нема деконцентрација, боите со својот емотивен респонс што го предизвикуваат кај гледачот, кај некои фотографии можат да го одвлечат вниманието од објектот. Кај портретите на пример, недостатокот на боја прави субјектот да зборува сам за себе, искрено откривајќи ја вистинската личност. 3. Суптилноста на тонови што ја поседува црно-белата фотографија, знае да делува многу силно во нашиот свет навикнат на боја. Можеби „црно-бело“ звучи ограничено и досадно, но, доловувањето на илјадниците сиви тонови е вистински предизвик за секој фотограф. 4. Варијациите, во црно-белата фотографија, самиот процес на креирање и креативноста што ја нудат, некои фотографи ја споредуваат со обликување на глина. Црно-белите фотографии можат да бидат цврсти, контрастни и силни, или пак, меки, нежни и суптилни.



 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097



Барање на Контраст
Дефинитивно за да имаме зачудувачка фотографија најважен е контрастот помеѓу објектите. Што појак контраст исполнет со сончева светлина и сенки од дрвата толку подобар ефект. Ефектот испаѓа како да се дрвата само силуети

Една од најчестите грешки кои ги прават сите, демек "аха, ќе го пукнам контрастот на +2 и боите ќе ми вриштат, сликата ќе ми биде топ". И после имаш изгореници кои ни свети фотошоп не може да ги корегира, ти фалат детали...

Има (прилично бааѓи) ситуации кои бараат намалување на контрастот. Не е џабе ставена опцијата.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Мистик ќе си сликате у Raw формат па после у Bridge ќе ги преправате...
САмо 10 пати помалце слики што ќе направите тоа е друга работа :)
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Композицијата исто така може да го изрази карактерот на субјектот. На пример кога имаме фотографија на некоја личност која важи како стабилна во заедницата, може да се смести во центарот на кадарот за да се долови рамнотежата и да и се даде достоинство на сликата. Некој актер или режисер може да се смести на самата сцена и на тој начин да се потенцира неговата улога во заедницата.
Ефектот на финалната фотографија се менува во зависност од тоа дали фотографот ќе го исполни кадарот со лицето на соговорникот или пак ќе се оддалечи за фотографија на која е целата фигура.
“Блиските” кадри му даваат чувство на невообичаена интимност на читателот и соговорникот, додека за да се долови карактерот на соговорникот, понекогаш е потребно е да се види гестикулацијата и јазикот на телото. Во тие случаи поширокиот кадар може да открие повеќе отколку блискиот портрет.
Кај пошироките кадри голем дел од позадината влегува во сликата, така што и таа мора да биде внимателно избрана за да може да ја дополни приказната на соговорникот.
Требаше на почетокот од темава да се задржиме токму на овие два работи и да ги објасниме подобро, па потоа постепено да одиме понатаму, има време за експозиции и курчеви.

Отворив посебна тема за нив, бујрум тука.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Да само кога ја отворив темата мислев на нешто по специфично за различните техники, а супер што отвори тема за основите на фотографијата.
 
Член од
28 април 2008
Мислења
5
Поени од реакции
0
Kako do literatura

Sekoja cest za trudot sto go imate vlozeno vo objasnuvanje na osnovite vo fotografiranjeto. No, sepak kade bi mozel da najdam e-knigi od ovaa oblast bidejki otkrivanjeto na "topla voda" e tezok i dolgotraen proces.

Odnapred blagodaram !!!
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Sekoja cest za trudot sto go imate vlozeno vo objasnuvanje na osnovite vo fotografiranjeto. No, sepak kade bi mozel da najdam e-knigi od ovaa oblast bidejki otkrivanjeto na "topla voda" e tezok i dolgotraen proces.

Odnapred blagodaram !!!
Линкови тука на форумов нема да добиеш, евентуално преку приватни пораки. Иначе имаш стручна литература во скоро сите книжари
 

Martin_GSM

бившиот torrent
Член од
13 април 2006
Мислења
2.076
Поени од реакции
68
можи враќам тема од мртвите али со Bulb експозицијата добив интересен ефект а најинтересно е што воопшто го има на мојот апарат

minolta dimage f100
 
Член од
22 јули 2009
Мислења
107
Поени од реакции
32
Не е мртва тема брат, цела вечер ја поминав читајќи и собирајќи прибелешки...

Благодарност до админите, не е лошо да се собери целиов труд и да се стави во еден .pdf формат! :wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom