Тетоважи

Член од
2 февруари 2018
Мислења
19
Поени од реакции
33
Како невалиден аргумент да е кога? ќе кажам дека сум тетовирала добра слика како љубител на тој животен стил мене лично допадливо. Се третирата како криминал. Морало да има дип шит значење. Може е приватно. Или нечија интелигенција налет неспособна да сфати, потсеќа на македонски автентичен рурално воспитан пештерски човек-читај шовинистш се смета компетентен да етикетира.

Контрадикторно, тетовирањето стана апсолутен трент кој го пропагира просечниот македонец како модерен западњак, badbass шо ?.!

Од жени постпартум тетоважи на новороденото, до оние кои тетовирале симболи чие значење не го разбираат во целост.

Популарната "бесконечност", бесоконечна е човековата глупавост.

Лично јас имам неколку. Добро сработени по моја оценка, долго и внимателно бираниб
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.733
Поени од реакции
24.373
Да се надоврзам на муабетов ^ со едно прашање, вистина белата боја на кожа стои само неколку недели највеќе месец ?
18ти јануари
Морам и тука, затоа што ми ја направија подобро отколку што очекував. :cuc:

Прегледај го приврзокот 184046
Сега
1518690990379.JPEG

Не знам дали е до мене, али јас бело само кај синџирчето гледам, на ѕвездите скоро и ја нема.
 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Колку ќе се познава ако една тетоважа е целата изработена со бела боја? Друго, дали во однос на другите бои побрзо ќе биде отстранета од страна на организмот и ако еден ден човек се реши да ја отстрани ласерски, како би личело тоа? И дали во иднина ако се повтори со црна боја, местото ќе биде баш црна боја или ќе се познава нешто сивкасто, т.е. дека порано имало друга тетоважа под новата?
 
Boogie

no pain no game
Член од
4 декември 2005
Мислења
985
Поени од реакции
544

Пред се би те прашал зошто толку голем спектар на интерес?
Кожата е многу специфичен субјект за кратка обработка од ваков вид на прашање. Кога ке си замислиш колкав терет и создаваш на кожата прво со ставање на боја под кожа па заздравување па раст и развој( стареење) на кожата, после посака горење на кожата со ласер барем 5 пати процес горење -заздравување па пак развој, раст и стареење на кожата за да на крај удриш црно само за да добиеш или не добиеш црна или сива боја, која е поентата за интересот?

Sent from my iPhone using Tapatalk Pro
 
Можеби би посакал тетоважа само од бела боја, па со текот на годините како таа ќе го губи својот првобитен изглед, би сакал да ја отстранам или покријам со друга тетоважа, како на пример?
 
Boogie

no pain no game
Член од
4 декември 2005
Мислења
985
Поени од реакции
544
Можеби би посакал тетоважа само од бела боја, па со текот на годините како таа ќе го губи својот првобитен изглед, би сакал да ја отстранам или пкријам со друга тетоважа?
Мој совет е да не тетовираш било што кое би размислувал да го извадиш. Медицината е многу напредната но сепак тетоважите се за цел живот, јас незнам артист кој би те истетовирал за да ја уништиш подоцна неговата работа, труд и уметничко дело.

Sent from my iPhone using Tapatalk Pro
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Јас обично избегнувам да пишувам за цени кога се прави муабет на форум или па по порака од проста причина што има премногу варијанти и услови една таква цена да се оформи. Бидејќи не си прв еве ќе објаснам неколку - прво сакам да сум фер спрема секој клиент, Несакам никој да лажам или да уценувам - јас работам на саатнина која е 80-100 евра во зависност од стилот. Ја сум мајстор за тетовирање, одамна не сум артист не затоа зошто не цртам туку бидејќи сите стилови на тетовирање ми се извежбани после повеќе од 25 год работен стаж - не е ова затоа зошто се фалам туку едноставно ова е факт кој тие што се нарекуваат артисти ќе го разберат кога ќе направат искуство во работа како моето.
Мајсторството го покажувам и со уникатните творби, не копирам туѓи тетоважи сите ама баш сите слики кои ги правам се нацртани од мене за моите клиенти - затоа и ми е потребен консултациски термин за разговор, за да дознам што тебе ти се врти во главата, дали има посебни причини што сакаш ваква тетоважа или можеби имаш причина да додадеш нешто плус па каде да се лоцира таквиот симбол или слика со значење. Јас тетовирањето го почитувам како најлично изразување на сатисфакција со потајно значење - тоа што јас како мајстор и ти како клиент ќе го знаеме за креирање на самата тетоважа нема никој друг да го знае толку детални бидејќи самата тетоважа преку овој муабет ќе е излиена од мене и тебе преку тој консултациски термин а и два три или повеќе ако има потреба. Сите мои клиенти ги охрабрувам однапред да испланираат како ќе се движи самото тетовирање од почеток до крај - бидејќи кај мене еден ракав на пр. може да се изработува една година или повеќе се со цел крајниот резултат да е перфекција - Јеби га перфекционист сум тоа е дел од мене ама ваљда затоа ме почитуваат моите муштерии и затоа повторно и повторно се враќаат по нови слики кај мене :)
Што се однесува до кожата мене ништо веќе не ми е чудно или тешко - работам од Америка преку Европа до Сингапур и Индонезија така да скоро 80% од типови на кожи ми се познати посебно кај нас бидејќи сум работел низ цела Македонија години и години, уште една причина зошто кажувам "мајстор"
И на крај цената на ракавот зависи од тебе не од мене, ако сакаш да биде сликата завршена за 6-7 саати ќе е поефтино а ако сакаш во сликата ти да вложиш пари а јас преку 25 саати работа тоа е многу голема разлика у цената-затоа повели у студио и ќе разговараме па ќе се договориме, никогаш не е морално јас да сум тој што те тетовира и а многу многу луѓе кои се нарекуваат артисти во Македонија :)

Поздрав се надевам го доби посакуваниот одговор

Sent from my iPhone using Tapatalk Pro
Поскап си бил од Емилија Пендева и Мициќ
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.090
Поени од реакции
15.952
Дали ова:

Би можело да се покрие со ова, или слично:

Значи новата да биде нетрадиционален стил, тематика правдата е слепа, така нешто.
Многу сакам да ја тргнам старата.
 
Boogie

no pain no game
Член од
4 декември 2005
Мислења
985
Поени од реакции
544
Поскап си бил од Емилија Пендева и Мициќ
Фала, за мене ова е комплимент. Обично никогаш не ме интересира цената на другите луѓе кои тетовираат, јас сакам луѓето да ја ценат мојата уметност поради она како јас уметнички се изразувам и нормално како професионално си ја изавршувам мојата работа. Тетоважа се прави еднаш и трае цел живот, ако ја разложиш цената која еднаш ја плаќаш за тетоважа која трае и трае на времето од целиот твој живот нема ни еден денар дневно да испадне - поефтино од тоа неможе според мене, затоа и си го ценам мојот труд толку колку што го ценам, несакам ни да спомнам за опремата која ја набавувам каква е, од каде е и колку чини самата. Кога ке ја погледнеш цената тогаш треба и да си помислиш на една многу јака споредба, фиќо и ферари :) и тие не се иста цена нели :)
Пак благодарам мене вакви комплименти ми годат затоа и работам толку време!

Sent from my iPhone using Tapatalk Pro
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863

Човече колку си напаст... Скоро сите на темава ти велат дека други артисти се подобри и поефтини од тебе, а ти користиш како аргумент како тоа ти си ја ценел твојата уметност. Ти можеш да си ја цениш колку сакаш работата, но сите тука ти даваат добронамерен совет дека во овој случај тоа е преценето.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom