Тетоважи на работно место

Член од
11 август 2008
Мислења
36
Поени од реакции
6
Не можев да најдам ништо на оваа тема, па да развијам дискусија. Како колегите на работа реагираат на некој што ставил тетоважа? Дали при вработување прават проблем за тетоважа? Има некој од вас искуство некое со тоа? Се разбира зборам за тетоважи кои не се гледаат во секојдневна работна облека.
 
H

HoT IcE

Гостин
Углавном прават проблем. Особено во државна администарација или работни места каде што треба да си личен и представителен. Имам пријател на кој му правеа проблем што има ракав и го одбија да работи во ВИП. Најубаво тетовирај се некаде кај што се лесно покрива. Приемр ја мојата ја имам на грб и е во согласност со кодексот, ама на раце, врат не ти е препорачливо зошто ќе прават проблем.
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Не можев да најдам ништо на оваа тема, па да развијам дискусија. Како колегите на работа реагираат на некој што ставил тетоважа? Дали при вработување прават проблем за тетоважа? Има некој од вас искуство некое со тоа? Се разбира зборам за тетоважи кои не се гледаат во секојдневна работна облека.
Тетоважи на прсти, дланка, рачен зглоб, подлактица, лакт и надлактица предна и задна област т.е. 1/4 од надлактицата, вратната регија, уши и окулу нив во државната администрација се строго забранети и секаде каде што постои кодекс на однесување и професионален изглед. Остатокот грб, кичмен столб, нозе, бут предна и задна област, подколеница и надколеница предна и задна област, стомак кај сакаш слободно.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.023
Поени од реакции
949
Ако сакаш да стоиш на врата во дискотека, немаш проблем!
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.504
Поени од реакции
33.662
Додека пред 10 години у странција ми предаваше момак со тетоважи и суканици и пирсови со поголемо знаење од цел персонал на факултетот ми моментално, лани тука една наша професорка не примаше на предавања девојки со пуштени коси (значи мора фатена со стегач!) и раменици што им се гледаат. Се плашев да не ги замава со љењирот. Очај. Секако дека нема да те примаат тетовиран, дрогирашу! Металец! Криминалец! Деликвенту! Само ако си бил балерина или спортист, уосталом не ни пробувај.

И на оние што ни е убаво во државата ни иде да бегаме. :pos:
 
H

HoT IcE

Гостин
Таков ни е менталитетот за жал, општо во нашава чудесна земја. Среќа ние помлади генерации пак сме малце отворени кон вакви работи, но сепак бројката е голема и од моја генерација која размислува така. Уште се сеќавам првпат кога се појавив дома тетовиран и коментаторт на мајка ми.."наркоман". А кога тоа ќе ти каже сопствена мајка што очекуваш од други, особено газди.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Тетовирани наркомани и пијаници не примаме :нинџ:
(Недовршените тетоважи од ЈНА не се важат).
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Зависи за каква работа станува збор. За државна админстрација немам никакво искуство, не знам како реагираат. На факултет една професорка ме има бутнато на испит ради тетоважата, една ме има избркано од испит затоа што косата ми била бушава (читај виткана)

Во приватните фирми, особено работа во канцеларија, у принцип прават проблем, ама за видливи тетоважи, така да, ако планираш да се тетовираш на грб, стомак, рамо, гради или нога реално не ни мораш да ја пријавиш пошто нема како да ја видат. Кај мене на работа, не ми направија проблем што имам две видливи тетоважи, али ми беше потенцирано дека мора да бидат покриени во секое време додека сум таму, дали со облека или стегачи - свеедно. А пази, работам во канцеларија каде нема прием на странки или клиенти, канцеларија од затворен тип каде единствени луѓе со кои се среќаваш во текот на работниот ден се колегите.

Тоа е, овде сеуште се врзуваат неубави етикети за секој со тетоважа или пирс. Никогаш не ми било јасно како тетоважата ќе влијае на мојот работен перформанс, или зошто некој би се вознемирил ако види тетоважа, а не, рецимо - зелена сенка за очи ушлапана преку веѓи, али така си е. Ќе се покриваме и криеме се до некое понормално време :X3:
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
А знае некој кај може да се најдат тие стегачи за покривање тетоважа?
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
Се разбира зборам за тетоважи кои не се гледаат во секојдневна работна облека.
Добро дали сум јас единствениот што го чита овој дел во воведниот пост? Сите објаснувате дека во јавна администрација и на повеќето места е забрането оти не делувало професионално незнам си што, и му советувате да се истетовира на место што нема да се гледа, а уствари самото прашање на членот е за тетоважи кои неможат да се забележат преку работната облека (значи на грб, над колкот, нешто у тој стил)... Неможете да ме убедите дека овакво нешто е проблем, од кај к.. некој работодавец воопшто ќе примети дека си тетовиран ако не се гледа преку облеката, и кај тоа дека нема да те прими оти пример имаш тетоважа на глуждот или позади на рамото што под сако никогаш нема да ти се види..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom