Тестирање и тестови за детекција на коронавирусот (SARS-CoV-2)

Член од
7 септември 2016
Мислења
8.097
Поени од реакции
12.700
... коронавирусите (CoV) голема група на вируси кои предизвикуваат болести кои се манифестираат од обична настинка до потешки заболувања како што се MERS-CoV и SARS-Cov, актуелниот коронавирус е нов вид , кој претходно не бил идентификуван кај луѓето, постојат четири главни подгрупи на коронавируси од кои најчесто заболува човечката популација, но понекогаш, анималните коронавируси (присутни кај животните) можат да еволуираат и да се пренесат на луѓето, како што е и новиот Коронавирус 2019 (nCoV), најновите испитувања за промените кај заболените од COVID-19 реферираат за низа биохемиски отстапувања кои се докажуваат со лабораториски анализи, кај нас ги има :

ETELo9oXsAI6fsX.jpg COVID-19-slim.png

-молекуларните или ПЦР тестови откриваат активната инфекција (дијагностицира моментална инфекција со 2 специфични SARS-CoV-2 гени) со земање брис од двете ноздрви и грло при што потоа лабораториски се детектира специфичните секвенции од вирусниот генетски материјал, ако е присутен еден ген тестот е негативен, ако е присутен два гена тогаш тестот е позитивиен, но со овој тест не може да се утврди инфекцијата ако веќе е прележана,

20200626162103524.jpg ice_screenshot_20201124-193502.jpeg

-серолошки тестови ја детектираат антителата која е распространета низ целото тело со земање крвен примерок од вена доколку е присутна IgM антителата во поголема количина (позитивна), а антителата IgG не е присутна (негативна) велиме дека инфекцијата е во акутна фаза, први денови од појава на симптоми се создава секогаш ова антитела IgM, ако со испитувањето се присутни двете антители најчесто после недела од првите симптоми т.е. IgM и IgG веќе позитивно, велиме дека имунолошкиот систем веќе создаде одбранбена антитела и дека е при крај е борбата против вирусот, за да после 2,3 недели остане во крвта само антителата IgG позитивна, антителата IgM веќе ја нема (негативна) што укажува дека вирусот е уништен, а телото веќе има во својата крв антитела IgG која ќе препознае ако повторно биде нападнат од истиот вирус и веднаш ќе биде уништен,

rapid-antibody-test_17305d1874b_original-ratio.jpg QuickRefGuide_image_3.jpg

... комплет за брз тест COVID-19 IgG + IgM (колоидно злато) е квалитативна иммуноанализа базирана на мембрана за откривање на антитела COVID-19 во целосна крв, серум или плазма, што укажува на тоа дали пациентот бил изложен на новото заболување на коронавирусот САРС-КоВ-2, се мерат вредностите на антителата имуноглобулин М (IgM) и имуноглобулин Г (IgG).
...овој тест се состои од две тест линии, IgG линија и IgM линија, во IgG линијата, анти-хуманиот IgG е обложен во регионот на IgG тест линијата, за време на тестирањето, примерокот реагира со честички обложени со антиген COVID-19 во тест касетата, смесата потоа мигрира нагоре на мембраната хроматографски со капиларно дејство и реагира со антихуманиот IgG во тестот на линијата IgG, ако примерокот содржи IgG антитела на COVID-19, генерирани од страна на индивидуалните имунолошки одговор на САРС-CoV-2, обоената линија ќе се појави во тест регионот на IgG линијата.
... во линијата IgM, анти-хуманиот IgM е обложен во регионот на IgM тест линијата, за време на тестирањето, примерокот реагира со анти-хуман IgM. IgM антитела на COVID-19, доколку се присутни во примерокот поради имунолошкиот одговор на поединците на SARS-CoV-2, реагираат со антихуман IgM и COVID-19 обложени со антиген честички во тест касетата, и овој комплекс се заробени од антихуманиот IgM, формирајќи обоена линија во регионот на тест IgM линија, затоа, ако примерокот содржи IgG антитела на COVID-19, ќе се појави обоена линија во тестот на линијата IgG., ако примерокот содржи IgM антитела на COVID-19, ќе се појави обоена линија во регионот на тест IgM линија, ако примерокот не содржи антитела на COVID-19, нема да се појави обоена линија во ниту еден од регионите на тест линијата, што укажува на негативен резултат, за контрола, секогаш ќе се појави обоена линија во регионот на контролната линија, што укажува на тоа дека е додаден соодветен волумен на примерокот, резултатите од тестот треба да се прочитаат по 10 минути.

... комплет за брз молекуларен ПЦР тест се изработува за два часа, со највисока сензитивност, за брза детекција на специфичниот таргет-ген на коронавирусот без примена на специјален апарат,

Antigen.jpg COVID-19-Antigentest-neu-neu.jpg

... комплети за брзи антиген тестови кои бараат протеини на површината на вирусот и можат да дадат брзи резултати, обично за неколку минути.

st_20200918_autest18a_5970466.jpg

ова вака општо, сега малку да ја отвориме другата страна,

иноватор на тестирање со PCR (Polymerase Chain Reaction) тест - Kary B. Mullis уште во 1992 година укажал на својата нова технологија на ПЦР тестирање да одредени луѓе се заразени со ХИВ, а само кај некои од нив се појавиле симптомите на болеста- СИДА, со единствено прашање дали ХИВ вирусот доведува до болеста СИДА? неговата нова технологија на ПЦР тестирање во 1993 година му ја носи Нобеловата награда за термичко икличен метод кој се користи за да се направат до милијарди копии од специфичен примерок на ДНК, правејќи го доволно голем (еден вид зумирање) за да простудира, посебна примена
на ПЦР техника со широк спектар на апликации во биомедицински истражувања и криминалистичка форензика,

EcXTGDJXsAAI2aq.jpg d1c39ec846be5bb1b787aafef54a6397c09d8597ad48cea43a9f301aa3758b3f_1.jpg
... според Kary B. Mullis, PCR методот не може да биде главна алатка за „дијагностицирање на заразни болести“, ова е главната причина зошто не се согласувал со научниците кои стоеле зад хипотезата за ХИВвирус -СИДА, спротиставувајќи се на главната идеја дека „механизмите што предизвикуваат болести на ХИВ се мистериозни за да ги разберат, човечките суштества се полни со ретровирус, само што неодамна започнавме да ги бараме, но тие никогаш претходно не убиле никого и луѓето отсекогаш преживувале ретровируси “.

... за време на пандемија со коронавирус целото внимание е насочено кон заштитни мерки и протоколи, симптомите, лекувањето, а некако малку се коментира околу тестовите, што ме заинтигрира поради некои нелогички ситуации во резултатот, да во исто семејство едни членови се позитивни, а други се негативни со било кој разумен одговор не можам да објаснам!
... болничките тестирања се изработуваат во МАНУ, а другите приватни тестирања по приватни лаборатории што не би добила некој одговор на мое можеби за нив провокативно прашање околу тестовите, од каде потекнуваат, кога се произведени и дали воопшто истите се толку специфични или едноставно се засновани на неисправна „наука“ која ете цел свет ја применува при пандемија со коронавирусот,

... според Jason Hommel, истражувач и автор на многу важниот напис за тестирање на коронавирус под наслов... „Научниците велат дека комплетите за тестирање COVID19 не функционираат, се безвредни и даваат невозможни резултати“, PCR како метод примерок од наша клетка ја зголемува до најможна величина што може да се анализира, да во секоја ДНК се бара „вирусни секвенци“, т.е. делови од нечовечка ДНК кои одговараат на делови од познат вирусен геном, при што бара само делумни вирусни низи, не цели геноми, така што идентификување на еден патоген е невозможно дури иако се игнорират другите проблеми и самата идејата да овие комплети тестови можат да изолираат специфичен вирус како КОВИД-19 е глупост “...,

... и од тука мое размислување како може еден вирус кај некого да биде присутен без да предизвика болест КОВИД-19 со скоро никакви симптоми, а од друга страна самото негово присуство кај други за кратко време направи таков хаос во човечкиот организам, да пациентот за кратко време ја губи битката со болеста КОВИД19 со смртоносен исход, а тестот некогаш кај некого да биде неколку пати негативен, а пацинетот да ги има сите тешки симптоми на болеста КОВИД19?...канадските научници, биолози, Celia Farber и David Crowe, во својот труд „Инфективниот мит“ укажале дека ПЦР тестот не можел да биде бинарен, за инфективни болести не постои тестирање позитивен /негативен или ова е точка помеѓу позитивно и негативно, со тестот се напаѓа флуоресцентна молекула на РНК додека се создава, се осветлува со светлина на една бранова должина и се добива одговор т.е. друга светлина вратена назад во друга бранова должина, значи, ПЦР тестот ја мери количината на светлина што се враќа и тоа им е репер за тоа колку ДНК има ( при што во тестот „ RT-PCR“ има момент кога се претвора РНК во ДНК, при што PCR-тестот всушност не користи вирусна РНК, користи ДНК што е како комплементарна РНК, доста конфузно и збунувачки, дополнително се укажува дека треба да се има огромна количина на кој било организам за да се предизвика симптоми, ужасна алатка за клиничка медицина, да 30% од нашите заразени клетки се убиени пред да покажеме симптоми и додека да покажеме симптоми ... мртвите клетки веќе ги изгенерираат симптомите, со што ниедна здрава особа не треба да се тестира,

slide_3.jpg sept-1000-1368.png

... 2019-Novel Coronavirus (2019-nCoV) Панел за дијагностицирање во реално време RT-PCR само за итна употреба… „Позитивните резултати се индикативни за активна инфекција со 2019-nCoV, но не исклучуваат бактериска инфекција или ко-инфекција со други вируси, откриениот агенс можеби не е дефинитивна причина за болеста. ”„Негативните резултати не ја исклучуваат инфекцијата од 2019-nCoV“ и ако додадеме дека PCR тестот во основа користи примерок од нашите клетки и ја засилува секоја ДНК за да бара„ вирусни низи “, т.е. делови од нечовечка ДНК кои се чини дека одговараат на делови од познат вирусен геном, но бара само делумни вирусни секвенци, а не цели геноми, така што идентификување на еден патоген е невозможно дури и ако ги игнорирате другите проблеми?
- дали тоа значи тестови само за истражување, не за употреба во дијагностички процедури времето ќе покаже!
... на крај би постирала неколку слики (види споилер), а можете да ги најдете на Нет, секое коментирање би била шпекулација и можеби испревртување на вистината, но сепак има многу работи необјаснети со ова опака болест КОВИД19 и се уште присутна пандемија во цел свет, барем лично за мене неодговорено, многу мои „зашто“ ќе останат во блиска иднина да бидат одговорени - „затоа“!

- Кое вашето размислување околу тестирањето и тестовите?

тестот за КОВИД19 - 300215, само бројката куцнете ја на Гугл и’ ќе ви даде насока ако сте заинтересирни за повеќе информации!

П.С
се извинувам за долгиот пост, ама го ветив!
 
Последно уредено:

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
3.665
Поени од реакции
10.716
Кое вашето размислување околу тестирањето и тестовите?
50 на 50,другар фудбалер се враќа од Израел,каде што играа со репрезентација (младинци) му прават тест,искача позитивен,а он нема никакви симптоми.Праи дента уште два теста систина и филип втори,на кој е негативен
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
9.280
Поени од реакции
3.302
Kolku se strucni tie sto ti zemaat bris od nos I grlo za testot za korona I dali e pravilno zemen!?

Komsika moja otisla na testiranje a se vrati so uzasna glavobolka I Eve sega bese na ORL na kontrola.
Toj sto I zemal bris bil tolku grub, taka da stapceto skoro do mozok I go piknal, sinus I probil...zenava ke se onesvestela od bolka, neznam sto povreda I napravil...prokrvarela...potoa probal vo drugata nozdrva no tamu poradi devijacija na nosot ne uspeal.
Komsikava izleze negativna no Ima bolki vo glava, oko I uvo..pie nekoi lekovi I dale....
 
viber_image_2020-03-26_13-32-32.jpg

...заштитната опрема од скафандер, ракавици која секој ја носи само во очекуваната контаминирана просторија каде прима суспектни пациенти за тестирање кои се инфицирани и толку!...секое излегување од таа зона треба целосно да се дезинфицира и соблече облеката, а не да се шетаат низ болница, од клиника во клиника, тотално непознавање на смислата на заштита и контаминација со зони на стерилизација, ова му доаѓа како мода или важност, демек ете многу ангажиран!
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
12.201
Поени од реакции
13.938
Прегледај го приврзокот 276038

...заштитната опрема од скафандер, ракавици која секој ја носи само во очекуваната контаминирана просторија каде прима суспектни пациенти за тестирање кои се инфицирани и толку!...секое излегување од таа зона треба целосно да се дезинфицира и соблече облеката, а не да се шетаат низ болница, од клиника во клиника, тотално непознавање на смислата на заштита и контаминација со зони на стерилизација, ова му доаѓа како мода или важност, демек ете многу ангажиран!
што му е на типчево, се сликал у стилу чао журим, место да се стерилизира пред да излезе он со короната надвор искочил.
 
Член од
13 април 2019
Мислења
1.508
Поени од реакции
4.704
... според Jason Hommel, истражувач и автор на многу важниот напис за тестирање на коронавирус под наслов... „Научниците велат дека комплетите за тестирање COVID19 не функционираат, се безвредни и даваат невозможни резултати“, PCR како метод примерок од наша клетка ја зголемува до најможна величина што може да се анализира, да во секоја ДНК се бара „вирусни секвенци“, т.е. делови од нечовечка ДНК кои одговараат на делови од познат вирусен геном, при што бара само делумни вирусни низи, не цели геноми, така што идентификување на еден патоген е невозможно дури иако се игнорират другите проблеми и самата идејата да овие комплети тестови можат да изолираат специфичен вирус како КОВИД-19 е глупост “...,
Не би рекла дека e глупост идејата дека овие тестови можат да изолираат специфичен вирус, како sars-cov-2, а не Covid – 19 (тоа е болеста, а не вирусот).

PCR test – или тест на полимеразно верижна реакција, овозможува одредени вирусни гени во форма на ДНК молекула да се умножат дури и до милијарда пати. Благодарение на тоа, ако во примерокот се најде мала количина на вирусот, истиот е можно да се умножи и на тој начин да се детектираат гените кои се карактеристични за конкретниот вирус, а во случајот тоа е sars-cov-2.

Се зема брис од нос и грло, a потоа од самиот примерок, прво се изолира РНК, со оглед на тоа што sars-cov-2 е РНК вирус. За да ПЦР апаратот може да го регистрира присуството на вирусот, прво РНК треба да се преведе во ДНК (тоа се нарекува транскрипција). Тогаш, примерокот е спремен за ПЦР апаратот, каде со помош на прајмери се умножува сегментот од ДНК молекулот кој е специфичен за Sars-cov-2, при што се утврдува дали постои вирус или не. Занчи, вирусите, како и секој друг организам си имаат свој карактеристичен генетски код, кој во еден мал дел се разликува од генетскиот код на некој друг вирус. Поради тоа, оваа техника е најспецифична анализа за потврдување присуство на sars-cov-2. Веродостојноста на ПЦР техниката, е над 95%. Секако, постои простор и за лажно негативни (во случај на непаривлно земање на брис, најчесто), односно лажно позитивни резултати (многу поретко, ако евентуално дојде до контаминација на примерокот).

... и од тука мое размислување како може еден вирус кај некого да биде присутен без да предизвика болест КОВИД-19 со скоро никакви симптоми, а од друга страна самото негово присуство кај други за кратко време направи таков хаос во човечкиот организам, да пациентот за кратко време ја губи битката со болеста КОВИД19 со смртоносен исход, а тестот некогаш кај некого да биде неколку пати негативен, а пацинетот да ги има сите тешки симптоми на болеста КОВИД19?
Може, тоа е индивидуално и зависи од имунитетот на поединецот како и евентуални придружни болести, односно коморбидитети. Веќе неколку пати дискутирано. Зависи и од количината на вирусот во организмот на човекот, како и неговите особини. Вируленција – способноста на вирусот да предизвика болест. Друго, вирусите имаат способност да се размножуваат (веќе спомнав погоре), да мутираат (т.е да се менуваат), па дури и да бидат во во стадиум на латенција при што тогаш не предизвикуваат очигледни промени во клетката на домаќинот (типичен пример за тоа ти се и херпес вирусите).

Кое вашето размислување околу тестирањето и тестовите?
Мое размислување е дека веќе некако се изгуби поентата на тестирањето, освен што можеби единствената привилегија е да се изолираш. Велам се изгуби поентата, заради тоа што некако се е оставено на совеста на народот (со оглед на тоа што, одговорните за изолација не може да прeстигнат со работа).

Инаку, јас лично највеќе верувам во веродостојноста на PCR.

И имам една мала забелешка, т.е. не е забелешка во ред ти е напишано, само сакав да сумирам во неколку реченици за серолошките тестови (мислам дека ќе биде попрактично и поразбирливо за другите). Се зема примерок од крв и практично може да се сретнат следните неколку ситуации:

1. IgM позитивно, IgG негативно - тоа значи рана акутна инфекција (први денови од зараза со sars - cov - 2)
2. IgM позитивно, IgG позитивно - тоа значи доцна инфекција (организмот има создадено антитела и борбата со вирусот е при крај)
3. IgG позитивно, IgM негативно - нема акутна инфекција, организмот има создадено антитела и го има победено вирусот
4. IgG негативно, IgM негативно - (негативен тест) нема акутна инфекција, нема претходна инфекција - нема антитела
 
Член од
3 март 2020
Мислења
916
Поени од реакции
1.711
Според тоа што ве читам, излегува дека е најкорисно да се направи тој тест за IgG и IgM, па човек точно ќе знае во која фаза е?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
8.097
Поени од реакции
12.700
Не би рекла дека e глупост идејата дека овие тестови можат да изолираат специфичен вирус, како sars-cov-2, а не Covid – 19 (тоа е болеста, а не вирусот).
... комплет за брз тест COVID-19 IgG + IgM „Научниците велат дека комплетите за тестирање COVID19 не функционираат, се безвредни и даваат невозможни резултати“,
index.jpg covid-19-rapid-testing-kits-antigen-250x250.jpg reagents-covid19.png.1100x600_q85.png

... знаеме деке болеста се вика КОВИД19, мојот коментар ако убаво прочиташ се укажува на името на тестовите, на кутијата комплет тест пишува „КОВИД19“, а другиот дел е во наводници зошто цитирам :

ice_screenshot_20201125-170558.jpeg
И имам една мала забелешка, т.е. не е забелешка во ред ти е напишано, само сакав да сумирам во неколку реченици за серолошките тестови (мислам дека ќе биде попрактично и поразбирливо за другите). Се зема примерок од крв и практично може да се сретнат следните неколку ситуации:
1. IgM позитивно, IgG негативно - тоа значи рана акутна инфекција (први денови од зараза со sars - cov - 2)
2. IgM позитивно, IgG позитивно - тоа значи доцна инфекција (организмот има создадено антитела и борбата со вирусот е при крај)
3. IgG позитивно, IgM негативно - нема акутна инфекција, организмот има создадено антитела и го има победено вирусот
4. IgG негативно, IgM негативно - (негативен тест) нема акутна инфекција, нема претходна инфекција - нема антитела
ice_screenshot_20201124-193502.jpeg

:toe: ако ова не е разбирливо,
надградија подтемата со нешто друго ако имаш инфо, или допир со тестовите!
 
Член од
13 април 2019
Мислења
1.508
Поени од реакции
4.704
... знаеме деке болеста се вика КОВИД19, мојот коментар ако убаво прочиташ се укажува на името на тестовите, на кутијата комплет тест пишува „КОВИД19“, а другиот дел е во наводници зошто цитирам :
Па не, не те цитирав за тој дел што си ми го цитирала сега. Туку за:
... според Jason Hommel, истражувач и автор на многу важниот напис за тестирање на коронавирус под наслов... „Научниците велат дека комплетите за тестирање COVID19 не функционираат, се безвредни и даваат невозможни резултати“, PCR како метод примерок од наша клетка ја зголемува до најможна величина што може да се анализира, да во секоја ДНК се бара „вирусни секвенци“, т.е. делови од нечовечка ДНК кои одговараат на делови од познат вирусен геном, при што бара само делумни вирусни низи, не цели геноми, така што идентификување на еден патоген е невозможно дури иако се игнорират другите проблеми и самата идејата да овие комплети тестови можат да изолираат специфичен вирус како КОВИД-19 е глупост “...,
А што се однесува до сликата, искрено не ја видов, се концентрирав на тоа што си пишала (сакам кажам не знам речам). Така што, во оваа прилика ти се извинувам на малата забелешка која ја имав, со цел напишаното да биде почитко и разбирливо за широките маси.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
8.097
Поени од реакции
12.700
Според тоа што ве читам, излегува дека е најкорисно да се направи тој тест за IgG и IgM, па човек точно ќе знае во која фаза е?
... зарем не си направила некогаш во животот тестирање на антителата (IgG, IgA, IgM, IgE, IgD), за да утврдиш состојбата на некоја инфекција, алергија? антителата точно ќе те насочи во која состојба е организмот!

unnamed.png file.jpg
 
Член од
3 март 2020
Мислења
916
Поени од реакции
1.711
... зарем не си направила некогаш во животот тестирање на антителата (IgG, IgA, IgM, IgE, IgD), за да утврдиш состојбата на некоја инфекција, алергија? антителата точно ќе те насочи во која состојба е организмот!
Немам појма, може сум правела, може не. Еден период пред 15-20 години, матичната прво ме праќаше на брис да се утврди причнителот за да ми препише антибиотици, ама тоа одамна не се случува. Ако било тоа тестирање за антитела, не знам.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
8.097
Поени од реакции
12.700
Па не, не те цитирав за тој дел што си ми го цитирала сега. Туку за:
А што се однесува до сликата, искрено не ја видов, се концентрирав на тоа што си пишала (сакам кажам не знам речам). Така што, во оваа прилика ти се извинувам на малата забелешка која ја имав, со цел напишаното да биде почитко и разбирливо за широките маси.
ice_screenshot_20201125-170558.jpeg

... гледај го твоето болдирано и ова горново што всушност сум го цитирала последната реченица ( сето тоа е ставено под наводници, треба како во училиште да пишам „отворен цитат /затворен цитатат“, па се подразбира нели?), темата е во подфорум „Здравје“ и малку невкусно е од другата страна на мониторот кога се читаат твоите замерки,
... ти реков пиши нешто друго, збогати со некое твое искуство, не ме повторувај мене!

Немам појма, може сум правела, може не. Еден период пред 15-20 години, матичната прво ме праќаше на брис да се утврди причнителот за да ми препише антибиотици, ама тоа одамна не се случува. Ако било тоа тестирање за антитела, не знам.
ice_screenshot_20201125-182846.jpeg Пред+почнувањето+на+терапијата+треба+да+бидат+земени+предвид+следниве+правила .jpg

... антибиотик „напамет“ не се пие доколку не знаеме дали бактериската инфекција што ја предизвика некоја бактерија, истата е резистентна на антибиотикот или не (сензитивна),

AnnTropMedPublicHealth_2012_5_5_540_105159_t1.jpg Antibiogram-of-the-second-patient-Urine-culture.png
... има и индивидуална резистентност на некој антибиотик доколу во текот на животот истиот често сме го применувале, во првиот болнички пример кај најсоодветен антибиотик ќе го примениме антибиотикот ванкомицин (бактеријата е сензитивна на него) или вториот случај детектираниот ентерококус реагира на антибиотикот пеницилин (сензитив),
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
8.097
Поени од реакции
12.700
... велат дека биле и ќе бидат овие денови распределени брзи „антигенски“ тестови,

Antigen-1024x733.jpg

за антиген тест за тестирање треба примерок „брис од нос“,

... за антитела тестирање треба примерок „капка крв“ тоа е серолошки тест на антитела IgM/IgG, така да нема да шпекулирам да кажам какви се тестовите (се сомневам за погрешна интерпретација), кои министерство за здравство ги доби како донација од Обединети Арапски Емирати,
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
8.097
Поени од реакции
12.700
COVID-19-IgGIgM-Rapid-Test-for-antibodies-detection.jpg

...и да се надополнам на претходниот пост, дека дадените брзи тестови низ Македонија, НЕ СЕ антигенски тестови, туку серолошки (антитела IgM, IgG),
пласирана погрешна информација и грешка во познавање на врсти на тестови за испитување на коронавирус, по домино ефект сите портали со погрешна информација за какви брзи тестови се донирани,
...брза детекција на присутната антитела од серолошки примерок т.е. капка крв, додека антигенски тестови примерокот се зема од носот (назофарингеален брис) и овие тестови се дизајнирани да детектираат специфичен протеин во вирусот што предизвикува имунолошки одговор на организмот,

... позади сите тие портали и службена Нет страна на Влада од погрешно толкување на вид на тестови при детекција на коронавирус од толку советници, експери итн, итн, нема да коментирам!
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
9.280
Поени од реакции
3.302
Прегледај го приврзокот 276373

Џабе душо, сите брзи тестови ги испокрадоа, еден нема во болниците.
 
На врв Bottom