Тестирање врз животни

Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Неточна теорија. Ајде да ја земеме за пример физиономијата на човекот. Ќе ти споредам со животни.

-Човечка вилица

-Коњска вилица (и слична со другите тревопасни животни)

Лавовска вилица. (Слична со од другите месојади)

Човечки раце:

Раце на мачка:

Ова што сакам со сликиве да ти го докажам е дека физиономијата на човекот очигледно не е за да биди на врвот од синџирот на исхрана. Очигледно повеќе е правена “вегетаријанска“ верзија на човечкото тело. Поради одредени предели и сурови услови помасовно е внесено во исхраната месото,и тоа човекот е единствено “животно“ кое месото го јади З Г О Т В Е Н О а не може да го поднеси живо.Во превод,човекот не е на врвот на синџирот на исхрана.Она што го прави поуспешен од другите живи суштества е манипулирањето и собирањето огромни непотребни резерви (лакомост). Нема лав што убива во денот 10 антилопи од забава или “за зло време да се најди“. А човек би убил и цело стадо ако наиде.Чисто воден од желбата за повеќе.
Јаде ли човекот месо ? ЈАДЕ
Дали човекот од како постои јаде месо и во исхраната му е вклучено месото ? Фклчучено е.
И сега се јавува експерт/и како тебе да не убедуваат дека човекот не е месојад ?
Што не стаиш вилица од мечка,ете ти класика вилица на омнивор

И не знам како тоа велиш дека не сме на врвот на синџирот на исхраната интелегенцијата не става на врвот на синџирот месојадните животни по дифолт се далеку поинтелигентни од тревопасните,предаторот и ловецот не можат да опстанат ако се глупи како тревопасните. Предаторот мора да е интелигентен за да може да процени и одреди растојание брзина однапред да предвиди дадена ситуација и движење на ловеното животно. Мислиш дека лавот и гепардот кога би можеле да користат пушка лак и стрела или нож дека би трчале по газелите ?
Ова со забиве е најглупавиот аргумент што го бутаат вегетаријанците,во обид да побијат иљадници години еволуција и иљадници години начин на исхрана.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Неточна теорија. Ајде да ја земеме за пример физиономијата на човекот. Ќе ти споредам со животни.

-Човечка вилица

-Коњска вилица (и слична со другите тревопасни животни)

Лавовска вилица. (Слична со од другите месојади)

Човечки раце:

Раце на мачка:

Ова што сакам со сликиве да ти го докажам е дека физиономијата на човекот очигледно не е за да биди на врвот од синџирот на исхрана. Очигледно повеќе е правена “вегетаријанска“ верзија на човечкото тело. Поради одредени предели и сурови услови помасовно е внесено во исхраната месото,и тоа човекот е единствено “животно“ кое месото го јади З Г О Т В Е Н О а не може да го поднеси живо.Во превод,човекот не е на врвот на синџирот на исхрана.Она што го прави поуспешен од другите живи суштества е манипулирањето и собирањето огромни непотребни резерви (лакомост). Нема лав што убива во денот 10 антилопи од забава или “за зло време да се најди“. А човек би убил и цело стадо ако наиде.Чисто воден од желбата за повеќе.

Најди ми друго суштество на планетава што е способно да го направи ова.

Се додека не најдеш, човекот е на врвот на синџирот на исхрана.
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.501
Поени од реакции
33.643
Од такви луѓе кој што повредуваат невини животни ми се гади, да ми ги дадат мене во една соба јас да тестирам на нив да видат што е животно.
Неможам да ги разберам овие луѓе.
Да земеш невино животно да го малтретираш за да тестираш производи?
Незнам, ми иди све да убијам од вакви гадотии. Ми се накрева кога гледам вакви видеа.

п.с. тоа жестоката содржина, требаше да го ставиш во заграда во насловот или со најголеми црвени букви.
Кретени. Што не земат на нив да тестираат, туку ги мачат животинкине кои неможат да се одбранат од човековата злоба.

Тоа треба да ги земеш сите такви злобни луѓе и на нив да истестираш се...... од прашаци, до лекови, до се...
Се да им се врати на тие што тестираат врс животни,и мн полошо дај боже.
Имаат доволно педофили, сериски убијци и криминалци во затворите. Нека тестираат на нив.
Тоа е тоа што во неколку наврати и јас сум го потенцирала. Барем производите и лекарствата би биле поверодостојни за користење. Али, не, тоа се коси со човековите права:tapp:
Со почит кон моите колеги, ама катчето животни се третира крајно пристрастно и субјективно што е одбивно за некој со реален контра аргумент да коментира а целата дискусија да се задржи во рамка на интелектуално надмудрување. Крајно патетично, од тоа што читам, меѓу сите цитирани постови на садисти со неканализиран морал да биде опоменет/казнет единствениот член кој приступи со прашање „Што како алтернатива?“ и искрено единствениот кој уствари напиша нешто издржано а воедно да имаше и логика.
Нека ви биде ова вашиот клуб кај што ќе се собирате, ама опомени не се даваат за некој што не се согласува со вас или не се согласува со ваш/а пријател/ка. ;)

That being said, колку морално и свесно-разумно хендикепиран треба да бидеш (пред да те дијагностицираат) за да не ја гледаш контрадикторноста во нагонот за наштетување на човечко битие за израмнување сметки со повредените животинчиња. Најапсурден момент, онака ме обви некое чувство на суреализам кога ја прчитав ZeenaK9 како ја треска главата у ѕид за небитноста на човечките права, имено експериментирање врз затвореници, во лично нејзината тема за ПРАВА, пак, за животните. Аnd for better или бетер, тоа не беше врвот на тоа што членот/членката успеа да го искуца како најглупавото нешто што го искуцала во својот живот, пред ~40.000 регистрирани членови беше напишано дека Менгеле начините биле најефективни и треба да бидат и денес применувани.
...
...
За. Да. Не. Се. Тестирало. Врз. Животни.
Директно врз луѓе. А, ако ја имаат среќата да не бидат криминалци, да им се платило. Онака.
Оти нели, неелиминираниот ризик при платените тестирања не е некоја голема ствар.

Јас сум преголем љубител на животни (љубител да чувам мачка иако ултра алергичен на истите), дури пречувствителен aма ектремизмот во билокоја форма е секогаш, секогаш попунет со недоволно развиени мозоци од премногу јадење трева најверојатно, луѓе со пореметени приоритети и неспособни за свесно расудување и распознавање на реалноста и навистина препорачувам да се проверете, тестирате, дијагностицирате, лечете.

Поздрав.
 
Во глобала се согласуеме. :icon_lol:
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Ја пратам темата ама не сакав да се вклучам во неа бидејќи имаше баш некоја жестока дискусија.

Меѓутоа сметам дека сепак не е доловено главното. Факт е дека на животни се тестирало, се тестира и ќе се тестира дури и кога технологијата ќе биде на уште повисоко ниво. Едноставно како што се менува таа, се менува и секој организам(почнувам од тоа колку малку мутации имало некогаш, а колку имало сега). Неминовно е тестирањето на животни бидејќи животните имаат побрз циклус на размножување, побрзо можете да добиете ново животно отколку човечки тест субјект, па макар и да “чувате луѓе за тестирање„(колку ли само звучи чудно и глупо ). Во лабораториите најмногу се тестира на стаорци, се тестира и на останати животни. НО, прашањето кое можеби Zeena требаше да го постави е ШТО понатаму со животните кои повеќе нема да се користат во експериментални цели? За пример ќе ги земам кучињата кои се користат во Армијата, што со нив по завршувањето на нивниот воен рок.

Во Законот за Благосостојба за животните постои дел кој се однесува точно на таа категорија на животни-лабораториските животни. Не ги знам точките, меѓутоа од сигурни извори знам дека и кај се работи се повеќе на тој закон. На факултетот веќе се изучува предмет за тоа, а еве и во Словенија слушнав дека темата е мошне актуелна и дека во најскоро време истиот предмет ќе биде воведен како редовен.

Она што големите компании треба да го направат за тие животни е додека се вршат таквите тестирања, должни се да им обезбедат квалитетен живот, по завршувањето на тестирањето, доколку има последици, доколку и со тие последици животното може да води нормален живот, тој треба да биде обезбеден, колку што е можно. Доколку самото животно има последици кои не му овозможуваат да има нормален и квалитетен живот и покрај дополнителните лекувања да кажам, препорачливо е животното хумано да биде еутанизирано.

Она кон што треба да целиме ние како ветринари, љубителите на животни и организациите за заштита на животните е токму тоа- квалитетниот живот. Бидејќи колку и да не сака некој да признае, колку и јас да не сакам да се вршат тие тестирања врз животните, тие се неминовни. Осудите треба да одат кон оние што НЕ го овозможуваат таквиот живот на тоа животно. Обидите да се спречи тестирањето за животни, моментално е како рушење на ѕид со глава, од која само се добива главоболка и ништо друго.
 
Ч

Чај

Гостин
Јаде ли човекот месо ? ЈАДЕ
Дали човекот од како постои јаде месо и во исхраната му е вклучено месото ? Фклчучено е.Предаторот мора да е интелигентен за да може да процени и одреди растојание брзина однапред да предвиди дадена ситуација и движење на ловеното животно. Мислиш дека лавот и гепардот кога би можеле да користат пушка лак и стрела или нож дека би трчале по газелите ?
Ова со забиве е најглупавиот аргумент што го бутаат вегетаријанците,во обид да побијат иљадници години еволуција и иљадници години начин на исхрана.

Да,човекот јади месо ама само термички обработено.Во превод кажано не конзумира месо. Дали си видел човек кој се качува на дрво,лови една чавка,а потоа ја куби од пердувите и залак по залак ја јади? Тоа би било одлика на пример на мачка,оти е МЕСОЈАД. Мачките исто така не јадат растителна храна,немаат ензими кој ќе ја разложат во системор за варење.Ама сепак има храни за мачки кои содржат зеленчук - ТЕРМИЧКИ ОБРАБОТЕН.
Човекот почнал да јади месо само во посуровите предели или периоди од годината.Денес месото е преувеличено и човечката исхрана е базирана толку многу на месо,исто како онаа на месојадните животни. Примерот не го измислив јас,целата физичка структура на човекот е баш таа.Реално гледано рибата е единствено нешто што би го обработил човечкиот организам,нејзиното месо содржи голем процент на вода.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.158

Кој ти рече??
За да не ја тупиме многу човекот е сештојад, што значи можи и јади се, исто како и шимпанзото. Ако не си знаел и тоа е сештојад и воопшто нема да му се мисли да касни мевце онака термички необработено.
И да човекот е на врвот на синџирот на исхрана, не затоа што е јак туку затоа што е паметен. Знам дека тебе тоа нема да ти се допадни нити ти се верува( она дека е паметен) ама така е.
 
Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Многу го потите.Човекот има секачи и кучешки заби.Човекиот желудник може да се навикне да вари живо месо.Пред да се измисли оганот луѓето јаделе живо месо и не добивале тровање пошто шансите да се отруеш од свежо убиен плен се минимални.Има луѓе кои лачат специфични киселини у желудник и организмот ги тера да каснуваат живо месо од време на време.Човекот треба да јаде и месо и овошје,зеленчук за максимално да го користи потенцијалот на својот организам.На кој му се јаде само трева и соја нека јаде,негово право.Нека не ми се меша у мој избор.А тестирање на животни е неопходно за развој на медицината и науката.Така да не го тупете.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Ме интересира колку од тие што се ЗА тестирања врз животни, го погледнавте видеото. Ако не сте го погледнале, ондак понатамошната дебата е само залудна. Многу компании ја пренасочуваат својата работа, ја софистицираат својата технологија (користат клонирани органи и ткива) и со тоа најточно ги знаат реакциите на човечкот организам на одредени производи или лекови. Што значи дека, тестирањето врз животни веќе не е неопходно.
Одговор за SaltNPepa, што би се случило кога би се ослободиле животните од лабораторите-

Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.084
Ме интересира колку од тие што се ЗА тестирања врз животни, го погледнавте видеото. Ако не сте го погледнале, ондак понатамошната дебата е само залудна. Многу компании ја пренасочуваат својата работа, ја софистицираат својата технологија (користат клонирани органи и ткива) и со тоа најточно ги знаат реакциите на човечкот организам на одредени производи или лекови. Што значи дека, тестирањето врз животни веќе не е неопходно.
Одговор за SaltNPepa, што би се случило кога би се ослободиле животните од лабораторите-
Клонирани органи и ткива мислиш на т.н. органи на чип (или плуќа на чип), на слој клетки?
http://news.harvard.edu/gazette/story/2010/06/living-breathing-human-lung-on-a-chip/
Тоа се само обиди кои засега не можат да го заменат тестирањето и ефектите на одредени процеси врз цел организам.
Не само засега, мислам дека и во блиска иднина, освен ако не се искористи клонирање на цел организам (човек или животно) или да кажеме organism-on-a-chip, што пак ќе не доведе во дилема заради која е отворена темава.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom