Тестамент

Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Знам дека може во тој договор да се вметне дека ако не си задоволен од чувањето истиот да се раскине, интересна ствар за керките и синовите кои мислат дека после дговорот го имаат врапчето во рака.
Договорот за доживотна издршка е двостран договор, така да доколку давателот на доживотната издршка го исполнува во целост НЕ МОЖЕ примателот така лесно да го откаже![DOUBLEPOST=1393154838][/DOUBLEPOST]
Колку што разбрав од погоре кажаното,треба со синот да направам договор за доживотна издршка па тогаш се останува на него.
Не мора да значи дека ако синот склучи договор за доживотна издршка со таткото (примателот на издршката) истиот ќе треба да живее со него, се зависи од тоа како самите ќе се договорат, односно од нивните волји. Наместо да живеат заедно може да се договорат обврска на синот да му биде плаќање на одредена сума пари месечно, вршење односно воздржување од вршење на некои дејствија и сл.[DOUBLEPOST=1393155436][/DOUBLEPOST]
OK, aјде едно конкретно прашање.

Ситуацијата е родители со двајца потомци. Едниот потомок е преселен во сопствен стан, а другиот инвестира во доградба на семејната куќа но целиот имот сеуште правно и легално гласи на име на еден од родителите.

Кое е наједноставното (но и најмалку давачки) решение со кое би се регулирала ситуацијата во правец на остварување на сопственичка состојба на потомокот кој инвестира во доградба (само за доградениот дел од куќата)?
Дали во случајов тоа е договор за отстапување (распределба) на имот за време на живот? Отстапувач во овој случај би бил родителот, дали се плаќа данок во овој случај? Која е „најевтина„ варијанта за пренос на сопственоста?
Да напоменам дека нема никакви спорни моменти во ситуацијата, не се работи за спор меѓу потомците или некој друг.

Ако добро разбрав, ако не се преземе ништо, по смртта на родителите, имотот мора да се дели еднакво на половина меѓу двајцата потомци. Кои потоа меѓу себе би требало да ја регулираат состојбата со подарок и со тоа претпоставувам плаќање данок (отстапување може само на потомци но не и на сестра/брат?

Многу збунувачки. Би бил благодарен ако некој може ова да го објасни врз основа на регулативите за Наследно Право. :)
Имотот НЕ МОРА да се дели подеднакво по половина на двајцата. Токму затоа и постои тестаментот, за еден од наследниците да добие поголем дел од другиот, однсоно од другите. Инаку, не мора да чекате предметната недвижност која ја изградил едниот син да стане оставина, па да биде предмет на наследување. Би можеле со таткото (или оној на кој се води имотот) да склучите договор за подарок на тој имот уште веднаш, а во тој случај преносот на сопственоста е бесплатна (не се плаќа данок за поклон од татко на син, додека од брат на брат се плаќа). Според мене, тоа е наједноставен начин во вашиот случај за пренос на сопственоста.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Фала на објаснувањето @Sase_Ohrid
Значи опциите се:
- Договор за подарок веднаш
- Тестамент со конкретна поделба на имотот во кој доградениот дел оди кај едниот потомок.

Во случајот со подарокот, и веднаш менување на имотната состојба, практично (и правно) од едно домаќинство стануваат две? Со тоа и двојно плаќање на радио-дифузни такси, комунални такси, итн?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Имотот НЕ МОРА да се дели подеднакво по половина на двајцата. Токму затоа и постои тестаментот, за еден од наследниците да добие поголем дел од другиот, однсоно од другите. Инаку, не мора да чекате предметната недвижност која ја изградил едниот син да стане оставина, па да биде предмет на наследување. Би можеле со таткото (или оној на кој се води имотот) да склучите договор за подарок на тој имот уште веднаш, а во тој случај преносот на сопственоста е бесплатна (не се плаќа данок за поклон од татко на син, додека од брат на брат се плаќа). Според мене, тоа е наједноставен начин во вашиот случај за пренос на сопственоста.
А од татко на ќерка? Иста е ситуацијата?
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
А од татко на ќерка? Иста е ситуацијата?
да, исто е и од татко на ќерка не се плаќа[DOUBLEPOST=1393160489][/DOUBLEPOST]
Фала на објаснувањето @Sase_Ohrid
Значи опциите се:
- Договор за подарок веднаш
- Тестамент со конкретна поделба на имотот во кој доградениот дел оди кај едниот потомок.

Во случајот со подарокот, и веднаш менување на имотната состојба, практично (и правно) од едно домаќинство стануваат две? Со тоа и двојно плаќање на радио-дифузни такси, комунални такси, итн?
Радиодифузни такси ќе има две, за улично осветлување се плаќа според број на броила, вода според водомери и сл.
 
Последно уредено:

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Фала на објаснувањето @Sase_Ohrid
Значи опциите се:
- Договор за подарок веднаш
- Тестамент со конкретна поделба на имотот во кој доградениот дел оди кај едниот потомок.

Во случајот со подарокот, и веднаш менување на имотната состојба, практично (и правно) од едно домаќинство стануваат две? Со тоа и двојно плаќање на радио-дифузни такси, комунални такси, итн?
мислам дека ако би го навел тој дограден имот како место на живеење автоматски би добил две куќни места на иста адреса а со тоа и две сметки за исто на иста адреса односно улица Х број Х / 1 и 2. Не знам што би било ако може да се водиш дека живееш воистиот дел а само си сопственик на недвижинана во дел од имотот со што би си плаќал само порез на имот.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
со тестамент, што ќе се случи доколку некој наследник се откаже од нужниот дел ... кај кого оди тој дел?
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Според мене најдобро е да се направи договор за подарок со услов, кој што договор се реализира после смртта на дародавецот.

Друга работа ако оставителот, несака да ги остави на синовите или ќерките имотот ради разни причини може да ги прогласи за недостоинствени, само за ова незнам дали можеше со изјава преку нотар или имаше некоај друга процедура, искрено сум заборавил треба да се потсетам.
 
7 април 2012
Мислења
961
Поени од реакции
703

Само со тестамент може да ги лиши или исклучи од нужен дел, но мора да постојат причини предвидени со ЗН...
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
7.059
Поени од реакции
4.551
Во врска со ТЕСТАМЕНТ еден интересен спор од австриска судска пракса...

„Во законот пишува „своерачен потпис“, но не мора да го сфаќате толку буквално во посебни ситуации. Парализиран маж го потпишал тестаментот држејќи го пенкалото во уста. За тоа до судот се пожалила сестрата на починатиот, на која со документот и е одземено законското право на наследство. Меѓутоа, од гледна точка на регионалниот суд на Сент Полтен, тестаментот е полноважен. Врховниот суд сега ја потврди оваа одлука (OGH 21 март 2023 година, 2 Ob 35/23w).
Човекот чиј тестамент бил составен од нотар во 2019 година, сè уште бил при чиста свест во тоа време, но можел да одговара на прашања само со климање со главата или со контакт со очите. Нотарот затоа дошол во неговата болничка соба и му го прочитал нацртот на тестаментот. Мажот потоа направил писмен знак со устата, што го потврдиле и сведоци. Откако умрел, неговата сестра тврдела дека тестаментот е неважечки и побарала да биде поставена за наследник.“

ЛИНК
 
Kajgana Shop

На врв Bottom