Значи како студент кој веќе има положено Наследно право ќе се обидам да ви објаснам за тестаменталното наследување во Македонија.
Значи тестаментот се почитува и се постапува согласно со законот, а законот го ограничува тестаторот во големината на имотот со која може да располага, односно да ја остави некому. Ако постојат нужни наследници од прв ред (потомци, брачен партнер или посвоеници) тогаш тие по смртта на завештателот добиваат половина од наследството (ако нема вакви наследници тогаш право на нужен дел имат тие од втор ред, а тоа се родителите на умрениот, но нивниот дел е една третина) Значи доколку имаш два сина и во тестаментот целото наследството го оставиш на некои трети лица..пријатели, швалерки итн. тогаш тие наследници се должни сразмерно да го исплатат нужниот дел на нужните наследници во овој случај двата сина. Ако вредноста е еден милион..треба сите сразмерно да исплатат вкупно 500000 на синовите...ако нема пак од прв ред наследници ниту нивни потомци..тогаш на родителите на умрениот или нивни потомци ќе треба да им исплатат 333 333 евра

..
Е сега прашуваш како да оставиш имот на некој кој не ти е нужен наследник...
Значи доколку оставиш во тестаментот некој предмет (легат) или пак именуваш наследник треба да знаеш дека ако имаш нужни насленици тој не може да го добие целиот имот туку пола или две третини зависно дали има живи наследници од прв или втор ред.
Ако сакаш пак да ги извисиш скроз нужните наследници може да склучиш договор за доживотна издршка и така може да ги оставиш голи на патот.
Е сега пријателе бидејќи те осеќам дека сакаш на швалерката се да оставеш
ја ти предлагам да идете до нотар и да напраете Договор за распределба на имот за време на живот и тоа е тоа
...кога ќе умреш се ќе биде на швалерката