Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.384
- Поени од реакции
- 5.016
Како може напад на цивил во случајов со Дугина да е воено злосторство?
Воено злосторство се врши во војна. Преку прекршување на воените конвенции. Убиството на Дариа и на новинарот се класика терористчки чинови. Без разлика дали влијале врз политиката или не. Значи самиот чин, е тероризам.
Воено злосторство се врши во војна. Преку прекршување на воените конвенции. Убиството на Дариа и на новинарот се класика терористчки чинови. Без разлика дали влијале врз политиката или не. Значи самиот чин, е тероризам.
Наредно ќе пишеше дека е обично убиство така?
Ќе ве префрлам овде и ќе пробам да објаснам зошто не е тероризам.Убивање цивили не е тероризам?
Што не кажете, да се сменат дефинициите и меѓународните норми/легислативи.
Или тоа што убиле други цивили, наместо посакуваните цивили, тоа е „олеснителна“ околност?? Новинарите не се цивили, воени лица се?
Според твоево размислување сите против кои САД воделе/водат војни, прокси или директни.... Можат слободно да убиваат новинар од меиунстрим медиумите во САД? Да ги срамнат со земја медиумските објекти, како што тоа САД го направија со РТ на Србија/Југославија?
Не застана на секунд макар, да размислиш што пишуваш?
Мислам дека темава е одлична за тоа, почнувајќи од фактот што многу масакри во училишта беа постирани тука, што е сосем погрешно.
Најосновната дефиниција за тероризам се напади кои имаат политичка или идеолошка цел, меѓутоа има различни дефиниции кои горе долу се тука. Во некои држави различно се толкуваат различни напади, баш за остварување некоја политичка корист, но како и многу и тие немаат врска.
Главното и основното, политичка или идеолошка цел.
Во Америка (најчесто, не и ексклузивно), не така ретко се извршуваат убиства на цивили, каде во еден напад загинуваат 10, 20. 50 луѓе.
Тие напади не остваруваат никаква цел, ниту се од ничија корист. Зборуваме за мнозинството пукања, каде често кај извршителот главна цел е самоубиствто.
За време на бранот на напади во Европа од страна на симпатизери на ИД (ИСИС), тие напади кои беа извршувани доста слично како и нападите во училишта во САД, беа окарактеризирани како терористички.
И сосем оправдано, бидејќи позади нив стои идеологија, а имаа и соодветна цел, додуша далеку од реалноста, но според идеологијата.
Избор на оружје во двата случаи беа автоматски, полуавтоматски пушки, ладно оружје и поретко возила.
Изборот на оружје не го дефинира нападот.
Пример, користење бомба. Во случајот со убиството на тој русинот кој бил навивач на војната и на ќерка му на тој советникот, заборавив како се викаше. Тоа се класични атентати. Не остваруваат никаква политичка, ниту идеолошка цел. Тие се воени напори.
Израел во неколку наврати убиваше Ирански научници со користење експлозивни направи.
Мафијата во Италија во многу наврати убиваше противници со бомби.
Тие не се терористички напади.
Има многу примери, каде цивили биле намерно или ненамерно убивани во војна. Скоро ниту еден од тие напади не е терористички, бидејќи не е ни блиску до цел која би била остварена на тој начин.
Сите погоре набројани се различни и се
Масакри,
Атентати,
Воени злосторства,
Терористички напади.
Украина во оваа војна, а и Русија нема извршено ниту еден терористички напад. Останатите се скоро сигурно извршени од двете страни.
Се надевам дека е појасно.