Терористички напади во светот

Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Во последно време доста членови изјавија незадоволство поради непостоење на засебни теми за терористичките напади (Или пак воопшто не биле спомнати) кои се случуваа пропратно на овие кои кренаа најмногу прашина, па бидејќи сепак е форум и таквиот потег би создал голем хаос и би го затрупал подфорумот со многу теми од кои најверојатно повеќето ќе имаат не повеќе од 5-6 мислења до неколку страни.

Темава ја отворам во вид на каталог на податоци и се надевам дека единствено ќе бидат споделувани валидни известувања за терористички напади во светот.

Доколку настанот разврзе дискусија подолга од неколку мислења дури тогаш модераторот би ја префрлил во нова, соодветна, засебна тема.

Во кратки црти, ова би му дошло како пандан на темата "Верски вести" во религија каде и така во поголемиот дел од времето се споделуваат вести исклучиво поврзани со терористички напади врз цивилно население па темава може да дојде и како растеретување на таа во Религија.

Нека во темава не се споделуваат единствено линкови туку цели статии кои ќе содржат линкови до извори на вестите и статиите нека бидат исклучиво на македонски јазик, пишувани на кирилица.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.969
може Алахови Робови?

(така самите се нарекуваат)
Може. Битно не се терористи. Кога во 2001-ва кај нас истите ги викаа борци за човекови права. Нивен речник е (западњачки).
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.087
Поени од реакции
15.935
Околу 180 терористи чекаат да нападнат цели во Европа

Во Белгија завршила антитерористичката акција започната вчера, изјавил утринава белгискиот министер за надворешни работи Дидие Рејндерс.

„Операцијата на теренот е завршена. Сега ги обработуваме податоците и ќе разгледаме дали полицијата и обвинителството треба да преземат дополнитени чекори“, кажал Рејндерс.

Белгиската полиција убила дваца мажи кои пукале во полицајци во рамки на една од десетте акции спроведени вчера против терористичката група која, според државните обвинители, подготвувала „терористички напади од големи размери“.

Терористичката закана доаѓа од 20-тина терористички ќелии во кои има околу 180 луѓе и тие се спремни да напаѓаат во Франција, Германија, Белгија и Холандија во кој било момент, кажал разузнавачки извор за Си-ен-ен.

Планирале киднапирање и убиство на полицаец

Белгиските власти соопштиле дека терористите подготвувале напади слични на оние што ги изведоа џихадистите минатата недела во Париз, но дека белгиската група не била директно поврзана со француската.

„Истрагата почна неколку недели пред нападите во Париз“, истакнал заменикот на сојузниот државен обвинител Ерик Ван Дер Сијпт. „Сите осомничени имаат белгиско државјанство. Се надеваме дека спречивме втор потенцијален Париз“.

Доцна синоќа белгиските медиуми објавиле дека напаѓачите наводно планирале да киднапираат и да му ја отсечат главата на истакнат белгиски полициски функционер, а видео-снимката да ја објават на Интернет.

Осомничените се вратиле во Белгија од Сирија минатиот месец. Белгиската тајна служба сметала дека за синоќа бил планиран терористички напад врз полициса станица па затоа ја почнале акцијата.

http://daily.mk/svet/okolu-180-teroristi-chekaat-napadnat-celi-evropa
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.298
Поени од реакции
4.680
Може. Битно не се терористи. Кога во 2001-ва кај нас истите ги викаа борци за човекови права. Нивен речник е (западњачки).
Па беа терористи, така почнаа, без меѓународна подршка сакаа да ослободуваат територии. Може да се најдат интервјуа каде главни челници на ОВК беа против прелевање на војната кон Македонија.
Кому му беше во корист за да се прелева војната кон Македонија без подршка и без цел не знам, ама сигурно не беше во корист на албанците, како што денеска Исис не работи во корист на муслиманите.
Дури после кога на чело на ОНА западот го постави Али Ахмети, се смени реториката, повеќе од западњаците не се спомна зборот терористи, но и од ОНА никогаш не се спомнуваше отцепување, или ослободување од како што викаа славомакедонците.
Така да, според мене бунтот во Македонија почна за да не успее.
Српските тајни служби
 

Stojna7

професорка пред хотел
Член од
2 декември 2013
Мислења
69
Поени од реакции
89
Темава ја отворам во вид на каталог на податоци и се надевам дека единствено ќе бидат споделувани валидни известувања за терористички напади во светот.
Додади терористички напади во светот "и на домашна територија". не смееме да ги потцениме резидентните торбеши, и тој балијата.

исто, во духот на македонското мултикултурно оштество, треба да се дозволат сите јазици на кои зборувааат повеќе од 20% од населението.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Страшно! До каде стигна светов. Политичките цели да се повреднувани од човековиот живот. Жално е тоа до каде стигна светов.

Но единствена добра работа во сето ова е тоа што сепак Европа е спремна да се бори против источниот штетник.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Како ќе пропаѓа економијата европска така ќе се зголемува борбата против тероризмот.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.563
Поени од реакции
26.078
Белгија распоредува војници за зачувување на безбедноста

Властите во Белгија распоредуваат војници низ земјата за да ја одржат безбедноста, ден по акцијата врз исламистичка келија во кој загинаа двајца осомничени. Канцеларијата на премиерот Шарл Мишел денеска соопшти дека повеќе од 300 војници се распоредени во главниот град Брисел и во северниот град Анверс во кој живеат најмногу Евреи. Војници исто така е можно да бидат пратени и во Вервие каде што полицијата доцна во четвртокот ги уби двајцата осомничени терористи. Еден маж беше приведен во акцијата, но негираше вмешаност во каква било терористичка активност. По инцидентот белгиските безбедносни служби уапсија 13 луѓе во немирите низ земјата и подигнаа обвиненија против пет од нив за вкчученост во терористичка група. Полицијата соопшти дека неколку од притворените биле на боиштата во Сирија.[DOUBLEPOST=1421495381][/DOUBLEPOST]Истовремено локалците и соседите на убиените терористи во Вервие:
http://lokalno.mk/na-golemo-se-apsi-vo-evropa-pod-drvo-kamen-se-baraat-hibernirani-teroristichki-kjelii/

Жители на белгискиот град Вервие ги разбија вратите на зградата каде што во петокот полицијата ликвидира двајца осомничени при антитерористичката операција. Нивни соседи сакаа да се уверат со свои очи дека до нив живееле терористи.Овие момци беа многу европеизирани, изгледаа нормално, многу мили, воспитани и симпатични. Беа пријатели со сите нас “, објасни сосед.
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.966
Искрено ме заболе за тие западњаци више , може малце да престанете читате нивни вести поради тоа што очигледно ви го перат јако мозокот.
Зошто не отвори тема за 12те цивили во Украина кои што завчера беа свирепо стрелани (од страна на про-фашистичката војска на Украина) додека се возеа во автобус? Или тоа го нема на BBC , daily news,guardian и останати либерални , ''демократски'' весници и портали? До кога бе , до кога? Со инка човек да ви сипува памет џабе е.
Беа стрелани ама со ракети од страна на бутновниците.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.563
Поени од реакции
26.078
„ЗАМРЗНАТИТЕ“ ЌЕЛИИ ОПАСНИ И ЗА МАКЕДОНИЈА

Заканата пред се' доаѓа од „замрзнатите“ ќелии, за кои никој не може да каже дали ги има или ги нема, тие не се воена структура, имаат вообичаени вработувања и се насекаде околу нас.

„Зборуваме за ’тројки‘, ’петки‘ и ’седмици‘, затоа што групите функционираат по толку луѓе. Тие се обучени, подготвени да се активираат кога најмалку се очекува. Според начинот на работа, најпрво го снимаат теренот, ги набљудуваат лицата, градат логистичка поддршка и штом завршат со сите подготовки - го извршуваат нападот. Се формираат во помал број за да можат да бидат пофлексибилни, подинамични, многу лесно комуницираат меѓу себе. Организирани се беспрекорно, контактираат само со еден од повискоите кругови, кој, пак, не ги знае тие што се над него. Комуникацијата им се одвива во шифри, користат псевдоними или прекари, како и ‘шатровачки‘ говор, па дури и ако се следени од службите, тешко можат да бидат препознаени“, објаснува Димовски.



Една од овие ќелии несомнено беа и егзекуторите од Смилковското езеро.
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
Беа стрелани ама со ракети од страна на бутновниците.
Се фативте за сламка , беа убиени со тоа што беа поставени мини на самите дрви кои што се на неколку метра од автопатот тие мини беа активирани од фашистите баш кога поминувал автобусот , не е битно како се убиени битно се убиени и тоа треба да се осуди најостро , ОК?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.603
Поени од реакции
38.763
Беа стрелани ама со ракети од страна на бутновниците.
ти беше таму и ги виде лично кој стрелал? или само контра да идеш, ти кажаа погоре дека се убиени од поставени мини, а и во темата за кризата во украина. И зошто побогу бунтовниците би целеле према цивили? Кажи ми што добиле они со тоа?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.966
Се фативте за сламка , беа убиени со тоа што беа поставени мини на самите дрви кои што се на неколку метра од автопатот тие мини беа активирани од фашистите баш кога поминувал автобусот , не е битно како се убиени битно се убиени и тоа треба да се осуди најостро , ОК?
Еве го постот
http://forum.kajgana.com/threads/Пресвртница-за-Украина.71107/page-431#post-7066208

Види го видеото, па кажи дали десетина експлозии во простор од 100 метри се мини.

Треба да се осуди и треба да се посочи виновникот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom